„Навистина сме горди на оваа голема инвестиција за иднината“, вели Роџер Алм, претседателот на Volvo Trucks.
Четирите камиони за тешка индустрија: Volvo FH, FH16, FM и FMX, претставуваат околу две третини од испораките на Volvo Trucks.
Новите Volvo FM и Volvo FMX имаат целосно нови кабини, како и многу од истите функции за приказ на инструментите како и нивните поголеми верзии. Нивниот ентериер е зголемен за еден кубен метар, овозможувајќи подобра удобност и поголем работен простор.
Во Volvo FH и Volvo FH16 безбедноста е дополнително подобрена со функции како што се адаптивните долги светла. Системот ја подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, автоматски оневозможувајќи избрани сегменти на LED долгите светла кога камионот се разминува или се приближува до друго возило одзади.
Делот за возачот сега има комплетно нов интерфејс за информации и комуникација, чија цел е да се олесни прегледот и управувањето со различните функции, создавајќи помалку стрес и деконцентрација. Дисплејот за инструменти е целосно дигитален, со 12-инчен екран којшто на возачот му го олеснува изборот на потребните информации во секое време. Дополнителниот 9-инчен страничен дисплеј е тука за Infotainment, помош за навигација, информации за транспорт и мониторинг со камера.
„Нашите нови камиони ќе им помогнат на возачите да работат уште побезбедно и попродуктивно, а на нашите клиенти ќе им дадат посилни аргументи кога се натпреваруваат да ги привлечат најдобрите возачи“, додава Роџер Алм.
Комбинирање на удобноста со моќноста
Новата генерација на Volvo FH16 успешно ги комбинира новите безбедносни карактеристики, фокусираноста кон работната средина на возачот и најновите технологии. Зголемениот капацитет за товарање на предната оска и tag и pusher-оските со подобри агли на управување, ги подобруваат маневрирањето и продуктивноста. Надградениот контролен пулт вклучува практичен нов простор за складирање и целосно дигитален 12-инчен дисплеј за инструменти со висока резолуција. За најсложените операции исто така е достапна и нова 38-тонска приколка.
ИСТАКНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Адаптивни долги светла за подобра безбедност на сите учесници во сообраќајот.
- Зголемен капацитет за товарање на предната оска, третата оска и туркачките оски со подобри агли на управување.
- Нова 38-тонска приколка достапна за најсложените операции.
- Опционален 9-инчен страничен дисплеј.
Најдоброто доживување за живот со возење на долги релации
Новиот Volvo FH има кабина којашто е повторно осмислена од нула, иновативни безбедносни карактеристики и работно опкружување насочено кон возачот. Надградениот внатрешен работен простор е фокусиран околу модернизираниот контролен пулт, кој се одликува со целосно дигитален 12-инчен дисплеј за инструменти со висока резолуција. Однадвор, адаптивните долги светла ја подобруваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Користејќи различни конфигурации на погонски групи и шасии, Volvo FH може да се прилагоди на широк спектар примени и да овозможи значителна заштеда на гориво и намалување на емисиите на CO2.
ИСТАКНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Адаптивни долги светла за подобра безбедност на сите учесници во сообраќајот.
- Мотор на гасен погон LNG кој е во согласност со Euro 6, понуден на многу европски пазари.
- Опционален 9-инчен страничен дисплеј.
- Нов систем на двоен акумулатор кој гарантира дека ќе има резервна енергија потребна за да се стартува моторот.
Удобна работна средина
Новиот Volvo FM камион за тешка индустрија е дизајниран да биде најдоброто работно место на тркала во сите аспекти. Целосно новата кабина има аеродинамичен облик и исправени А-столбови што ѝ нудат дополнителен кубен метар простор и повеќе светлина. Новиот волан со опција за навалување му нуди на возачот поергономска позиција на возење. Внатрешноста е нагласена со новиот контролен пулт кој вклучува 12-инчен дисплеј за инструменти со висока резолуција со интерфејс лесен за користење. Како дополнување на подобрената видливост за возачите, другите безбедносни достигнувања на новиот Volvo FM вклучуваат и Адаптивна контрола на возењето (ACC) која сега работи при сите брзини, се до нула км/ч.
ИСТАКНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Нова кабина со повеќе простор и аеродинамичен облик.
- Подобра прегледност со спуштена линија на вратата, нови ретровизори и аголна камера кај сопатникот.
- 12-инчен дигитален дисплеј со четири различни прегледи на екранот.
- Опционален 9-инчен страничен дисплеј.
Никогаш не ве остава на цедило - на и вон патот
Новиот Volvo FMX има целосно нова кабина, зголемени оптоварувања и иновативни безбедносни карактеристики. Тој е достапен со најтешката шасија на Volvo - опционалната 38-тонска повеќеосна група која овозможува бруто маса на комбинација (GCW) и до 150 тони. За особено тешки примени, како во рударството, се нуди опционален челичен отвор на покривот со рачка за излегување во итни случаи. Во внатрешноста, пространиот ентериер се карактеризира со модерен динамичен кластер кој има 12-инчен дисплеј за инструменти со висока резолуција и нов волан со опција за навалување, кој му нуди на возачот поергономска позиција на возење.
ИСТАКНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Целосно нова кабина со цврст ентериер.
- Опционална 38-тонска повеќеосна група што дозволува GCW и до 150 тони.
- Нов контролен панел за влеча што му помага на возачот да се справи со потенцијално опасните ситуации.
- Опционален 9-инчен страничен дисплеј.