Камиони

Поставување на стандардите за оперативност и мониторинг во реално време

| 7 минути за читање | 7 минути за читање
Повеќе од 600.000 камиони на Volvo сега се поврзани, а таа бројка се зголемува со секој нареден ден. Мониторингот во реално време стана реалност, а чекор по чекор Volvo Trucks драматично ја подобрува оперативноста на камионите преку поефикасно насочување на сервисните напори, помагајќи им на транспортните бизниси да го одржат ветувањето за навремена испорака, секој пат.
Во моментов Volvo Trucks применува нови методи за следење и анализирање на податоците од илјадници камиони во реално време.

До 2025 година, сакаме да ги десеткуваме непланираните застои на камионите“, вели Маркус Ефраимсон, потпретседател за оперативност на Volvo Trucks. Тоа е амбициозна цел, но таа станува се повеќе остварлива благодарение на најновите технолошки достигнувања.

Денес, секој камион Volvo е опремен со еден од најнапредните телематски и дијагностички системи во индустријата. Ова - заедно со најновата технологија за поврзување - му овозможува на Volvo Trucks во реално време од далечина да ги следи и анализира клучните податоци за компонентите и да предвиди кога ќе се појави дефект. 

Податоците, кои доаѓаат од системите за пост-третман, за моторот и за управувањето со електричната енергија, како и неколкуте други клучни индикатори за здравјето на возилото, се пренесуваат до Меѓународниот центар за време во возна состојба на Volvo Trucks во Гент, Белгија. Тука, тие се обработени и анализирани. Ако се подигне предупредување, тогаш се доставува до домашниот дилер или до националниот центар за време во возна состојба, за да можат да се преземат превентивни активности пред да дојде до дефект. Во моментов, следењето во реално време е достапно како опција на Volvo Gold Contract на повеќето европски пазари.

Маркус Ефраимсон, потпретседател за услуги за оперативност
Шана Шилворт, специјалист за развој на услуги

Шана Шилворт, која работи како специјалист за развој на услуги заедно со над 500 други луѓе како технички персонал и научници за податоци во Центарот за следење камиони во Меѓународниот центар за време во возна состојба, објаснува:  

„Не само што собираме и обработуваме обемни податоци за камионите во реално време, ние исто така користиме и напредни техники во машинското учење за да ги анализираме и предвидуваме дефектите. Ние не сме само набљудувачи на отчукувањата на срцето на камионот, туку нашата техничка експертиза и знаења од индустријата исто така можат да ни помогнат да развиваме алгоритми кои даваат прецизни предвидувања за состојбата на камионот“.

Дел од работата на Шана е исто така да обезбеди двонасочен проток на информации помеѓу техничкиот тим на центарот и Volvo Trucks. Ова е така направено за да можат согледувањата и повратните информации да се земат предвид за да се подобри услугата што ја обезбедува Меѓународниот центар за време во возна состојба. 

Меѓународниот центар за време во возна состојба на Volvo Trucks во Гент, Белгија, нуди 24-часовна техничка поддршка на 16 јазици.

„Важно е да се запамети дека има човечко присуство зад сè што правиме овде. Постојано работиме да го направиме целиот процес што е можно понепречен“, вели таа. 

Еден пример за тоа како еволуирал Меѓународниот центар за време во возна состојба е неговата работа врз елиминирањето на јазичните бариери. Без разлика дали се работи за предвидливи предупредувања, дефект или техничка поддршка, целта е да се комуницира на мајчин јазик на клиентот или на дилерот. Во моментот, центарот ги нуди своите услуги на 16 различни јазици. 

Со анализа на податоците во реално време, постојат процеси што ни овозможуваат да дејствуваме пред нешто да се случи.

Во почетокот, Центарот за следење камиони во рамките на Меѓународниот центар за време во возна состојба работеше со пет европски пазари, но сега работи на 24. Поддршката што ја дава, во комбинација со можноста за следење на камионите во реално време, веќе бележи придобивки од предвидливото одржување за илјадниците клиенти на Volvo Trucks. Во иднина, целта е драстично да се зголеми бројот на камиони што се следат во реално време во текот на следните години. Volvo Trucks исто така постепено го проширува бројот на компоненти што ги следи и од кои собира податоци.

Шана вели дека го следела развојното патување на Volvo Trucks. „Кога започнав пред 10 години, реагирав на дефектите и тоа главно беше реактивно. Потоа работев во поврзаните услуги, што го овозможува тоа што го правиме денес. Сега, сè се движи од реактивно кон проактивно. Со анализа на податоците во реално време, постојат процеси што ни овозможуваат да дејствуваме пред нешто да се случи. Тоа е транзиција со бесконечни можности за транспортната индустрија“, вели таа.

Денес, секој камион Volvo е целосно поврзан и потенцијално може да испорача податоци за перформансите во реално време.

Целата оваа работа е дел од тековната стратегија на Volvo Trucks да ги задржи камионите на клиентите на патот. Друга иницијатива за поддршка на овој план е дополнително да се скратат времето на услугата и да се направат попогодни за транспортните операции. Следењето во реално време значи дека непланираните запирања можат да се предвидат и да се претворат во планирани, па дури и да се комбинираат со постојните посети на сервисот кои веќе се на распоредот за одржување на камионот. Целиот процес е поефикасен и може дури и да биде поредок доколку податоците на камионот веќе се анализирани и веќе се воспоставени потребните техничари и делови. 

Токму затоа, паралелно со претставувањето на својот нов, целосно поврзан опсег на камиони, Volvo Trucks го воведува Договорот за грижа за време на активност на Volvo кој ги користи придобивките од превентивното одржување. Овој нов договор нуди постојано ажурирани распореди за одржување, засновани на вистинската употреба и состојбата на камионот, претходно планираните посети на работилницата и автоматските известувања на инструмент-таблата на камионот кога доаѓа време за сервисирање.

„Она што е најинтересно е дека со употреба на машинското учење, можеме да ги идентификуваме скриените шаблони и поточно да ги предвидиме дефектите.

Подобрата поврзаност им овозможува на податоците да се движат и кон камионот, со што се овозможува далечинско ажурирање на софтверот и параметрите. Преземањето на далечинскиот софтвер дури може да се изврши и за време на паузата за ручек и веќе го намалува бројот на посети на камиони на работилницата. Заштедата на време е значителна, а тоа е уште една технолошка иновација која му помага на Volvo Trucks да постави нов стандард за времето во возна состојба на камионот.

На крај, но не и помалку важно, новите методи во машинското учење отвораат можности за подобрување на точноста на предвидување и спречување на непланираните запирања. Volvo Trucks почна да дознава повеќе за тоа како неговите камиони работат во реални ситуации со цел да го предвиди дефектот на компонентите уште порано - во некои случаи и до 100 дена порано. Постои и голем потенцијал да се искористат овие информации за да се развиваат подобри, подинамични производи во иднина.

„Она што е најинтересно е дека со употреба на машинското учење, можеме да ги идентификуваме скриените шаблони и поточно да ги предвидиме дефектите. Тоа значи дека не само што можеме да ја отстраниме потребата од дополнителните посети на работилниците - туку можеме да видиме што точно го предизвикува дефектот кај компонентите. А тоа е возбудлива можност за одржување на камионите на нашите клиенти на патот“, вели Маркус Ефраимсон. 

Мониторинг во реално време

Во моментов Volvo Trucks применува нови методи за следење и анализирање на податоците од илјадници камиони во реално време. Кога ќе се забележи непосреден дефект, се алармира Меѓународниот центар за оперативност за да може да се преземат превентивни активности. Мониторингот во реално време на критичните компоненти денес е достапен како опција преку договорот Volvo Gold Contract на повеќето европски пазари. Постепено ќе биде пуштено на нови пазари и ќе стане достапно како опција и за нашите други договори за услуги на Volvo во блиска иднина.

ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДАЛЕЧИНСКИ СОФТВЕР
Подобрената поврзаност го олеснува преземањето на далечински софтвер, со што се намалува потребата камионите да ја посетуваат работилницата. Новиот софтвер се презема и чува во камионот сè додека возачот не најде соодветно време за инсталација. Софтверските додатоци на Volvo исто така можат да се преземат од далечина за лесни и практични надградби.

ДОГОВОР ЗА ГРИЖА ЗА ВРЕМЕ НА АКТИВНОСТ НА VOLVO
Volvo Trucks воведува нов договор за услуги, наречен Договор за грижа за време на активност на Volvo, специјално дизајниран за подобрување на оперативноста на камионите. Тој вклучува планирање на поврзани услуги што му овозможува на Volvo Trucks, благодарение на подобрата поврзаност, постојано да го ажурираат и оптимизираат распоредот за одржување следејќи ја вистинската употреба и состојбата на камионот. Uptime Care исто така го минимизира ризикот од неочекувани дефекти преку далечинско следење на избраните компоненти. Со сите овие информации, посетата на работилницата може да се испланира однапред, а деловите да се нарачаат однапред доколку е потребно. Оваа услуга е исто така вклучена во другите сервисни договори на Volvo со поврзување. 

Поврзани вести