Има голем број на активности во фабриката за бетон во Слинд во близина на Шелефте, на северо-источниот брег на Шведска. Три камиони од возниот парк на EG Eriksson се на терен за да товарат бетон за денешните испораки. Со нивните сини кабини, ретро-брендирањето и црвените мешалки за бетон - камионите на превозникот лесно се забележуваат.
Но, една од кабините се издвојува. Наместо карактеристичната сина боја со сиви букви, кабината е прекриена со црно-бела лента. Под неа се наоѓа камион за тестирање на теренот - сосема нов Volvo FMX.
„Новиот Volvo FMX е навистина долгоочекуваниот модел што ќе направи голема промена, и тоа не само во работното опкружување на возачите.
„Кога не прашаа дали сакаме да станеме клиент за тестирање на терен, беше природно да кажеме „да“. Ние сакаме нова технологија и обично сме првите што ги купуваме новите модели на камиони овде во Шелефтео. Volvo FMX е всушност камионот којшто најдобро одговара на видот задачи што ги добиваме, но бидејќи е достапен само стариот модел, ние наместо тоа избравме да го купиме Volvo FH“, вели Јоаким Ериксон, еден од двајцата сопственици на EG Eriksson.
Превозникот е специјализиран за транспорт на бетон, а работи и за градежништвото и за рударството. Како клиент за тестирање на терен, сега му беше дадена важна улога во тестирањето и развојот на новите производи и услуги на Volvo Trucks. Специјалната опрема ги запишува сите податоци од камионот, а на секои два месеца се спроведува визуелна инспекција во сервисната работилница. Возачот има чест дијалог со инженерот за тестирање на терен, за да даде повратни информации за производот и да добива информации за новите функции. Сето ова е направено за да му се даде на тимот за развој на производите на Volvo Trucks шанса да ги пронајде и што побрзо да ги реши сите можни грешки.
За EG Eriksson, новиот Volvo FMX е добредојден додаток на возниот парк. Во неговиот роден град Шелефтео - во тек е најголемиот индустриски проект во Шведска - изградбата на фабриката за батерии на Northvolt. На подрачје кое е големо колку 100 фудбалски игралишта, скоро 3.000 луѓе наскоро ќе произведуваат литиум-јонски батерии за индустријата за електрични автомобили.
За заедницата, новата фабрика не само што значи нови можности за работа, туку и побарувачка за многу нови станови, училишта и инфраструктура: „Овде, во моментов навистина многу се гради и ние го забележуваме тоа. Во зима обично имаме помалку испораки, но оваа година не изгледа така“, вели Јоаким Ериксон.
Додека испораките на градилиштата можат да се менуваат од ден на ден, задачите во рудниците се попредвидливи. Два од камионите за транспорт возат во смени - седум дена во неделата, преку целата година - до рудникот на Ренстром, околу 40 км северо-источно од Шелефтео. „Почнавме да транспортираме бетон до рудникот во 2008 година. Овие испораки се важни затоа што тие обезбедуваат континуирана работа за нас. Во рудникот, секогаш треба бетон без оглед на временските услови. Тоа не е случај со другите операции. Ако почне да истура дожд, постои ризик дека нема да има испораки на градилиштата тој ден“, вели Јоаким Ериксон.
Јоаким Ериксон е трета генерација на неговото семејство што работи во компанијата што ја основал неговиот дедо во 1953 година. На почетокот, со само со еден вработен, превезувале чакал и дрва, а подоцна, компанијата полека го проширила својот бизнис. Денес има околу 20 вработени и 12 камиони, како и неколку камиони за други задачи. За Јоаким Ериксон, одлуката да се приклучи на семејниот бизнис секогаш била природна.
„Почнав да возам камион утредента штом завршив училиште. Како што компанијата растеше, обавував и многу други задачи. Така што, сега превезувам добра само кога некој е болен или кога навистина има многу работа. Но, сè уште мислам дека возењето камион е една од најзабавните работи“, вели тој.
Во текот на повеќе од 65 години од кога постои EG Eriksson, тој има само камиони на Volvo во својот возен парк. Застапништвото на Volvo е оддалечено на само неколку стотици метри, а вратите на неговата сервисна работилница се скоро секогаш отворени. За некој што испорачува бетон, временските рокови се куси, па доколку има некаков проблем, важно е камионот брзо да се врати на патот. „Добро соработуваме со сервисната работилницата и секогаш добиваме помош кога ни е потребна. Тие знаат дека понекогаш навистина ни се брза“, вели Јоаким Ериксон.
Денес возниот парк се состои од два Volvo FMX и десет Volvo FH камиони. „Новиот Volvo FMX е навистина долгоочекуваниот модел што ќе направи голема промена, и тоа не само во работното опкружување на возачите. Кога транспортирате бетон - влегувате и излегувате од камионот 50 до 70 пати за време на една смена. FMX има понизок влез, па тој дополнителен чекор што не мора секогаш да го правите значи многу помалку напор за телото“, вели Јоаким Ериксон.
Најмногу се вози во градски сообраќај, каде добрата видливост е одлучувачки фактор. Во новиот FMX, прозорците се поголеми, а страничните ретровизори се на нова позиција. „Видливоста во новиот камион е фантастична. Имате добра видливост и однапред и од страна и нема ретровизори што ви го попречуваат погледот“, вели Јоаким Ериксон.
Торбјорн Форсман е возачот кој поминал најмногу време зад воланот на новиот FMX. Секоја недела тој разговара со одделот за тестирање на терен во Volvo Trucks, за тоа како работи камионот и за многуте нови функции. Тој смета дека станува збор за голема надградба на камионот што тој обично го вози.
„Освен подобрата прегледност, новата кабина е многу попространа – има повеќе простор и над и околу возачот. Исто така е важно дека работата не е премногу тешка за телото, навистина ми се допаѓа мојата работа и сакам да продолжам да возам колку што е можно подолго. Фактот дека кабината на Volvo FMX има низок влез, прави голема разлика. Исто како и фактот дека е опремен со Volvo Динамичко управување (VDS), што го олеснува управувањето на камионот, особено во тесни простори“, вели тој.
Торбјорн Форсман е релативно нов вработен во EG Eriksson, но работел во различни улоги со семејството уште од раните 80-ти години. А и возел камион за бетон исто толку време. Како возач, Торбјорн Форсман го поминува поголемиот дел од смената во камионот. „Кабината станува како колега. Затоа е важно сè да работи како што треба, да има многу простор, доволно простор за складирање и ажурирани функции што ја олеснуваат работата. Новиот FMX го има сето тоа“, вели тој.
Градежниот бум во Шелефтео ќе продолжи и во наредните неколку години. Но, што ќе се случи потоа никој не знае. За Јоаким Ериксон, голем предизвик е да се обиде да остане еден чекор напред, како на краток така и на долг рок. „Во моментов, толку сме зафатени со планирање на денешните испораки, што тешко се наоѓа време за размислување за иднината, вклучително и за тоа колку камиони и колку персонал ќе ни треба. Бетонската индустрија е прилично непредвидлива, па оттаму, можеби би било добро да се прошири бизнисот. Се надевам дека компанијата ќе продолжи да расте и дека, еден ден, моите деца ќе сакаат да ја преземат“, вели тој.
Градежниот бум во Шелефтео ќе продолжи и во наредните неколку години. Но, што ќе се случи потоа никој не знае. За Јоаким Ериксон, голем предизвик е да се обиде да остане еден чекор напред, како на краток така и на долг рок. „Во моментов, толку сме зафатени со планирање на денешните испораки, што тешко се наоѓа време за размислување за иднината, вклучително и за тоа колку камиони и колку персонал ќе ни треба. Бетонската индустрија е прилично непредвидлива, па оттаму, можеби би било добро да се прошири бизнисот. Се надевам дека компанијата ќе продолжи да расте и дека, еден ден, моите деца ќе сакаат да ја преземат“, вели тој.
ПРЕВОЗНИКОТ EG ERIKSSON
Историја: Семејниот бизнис е основан во 1953 година од страна на Ерик Густав Ериксон во Клутмарк, близу Шелефте, во северо-источна Шведска. Во почетокот, компанијата имала само еден камион и превезувала чакал и дрва.
Операции: Компанијата е специјализирана за транспорт на бетон, главно за градежништвото и рударската индустрија, но пренесува и чакал до фабриките за бетон. Исто така, има неколку товарачи за други задачи.
Основана: 1953 година.
Сопственици: Јоаким Ериксон и Урбан Ериксон.
Број на вработени: 20.
Број на камиони: 10 Volvo FH и 2 Volvo FMX. Од март 2019 година, исто така, тестира нов Volvo FMX.
Задачи за транспорт: Превоз на бетон и чакал.
Најголем клиент: Byggbetong John Dahlgren.