Камиони

Моторот D12 – радикална промена

Кога моторот D12 беше лансиран во 1993 година, тоа навистина беше револуција. Некои велат дека Volvo беше десет години пред времето. Жоран Нихолм, сега пензиониран инженер на Volvo, ни ја раскажува приказната од самиот почеток.
Жоран Нихолм пред моторот D12
Жоран Нихолм учествуваше во развојот на моторот D12.

Јасно се сеќава на објавата во печатот по повод лансирањето на камионот FH. Беше септември 1993 година, а новинари за мотори од целиот свет се собраа за да бидат дел од свеченото откривање на следната генерација камиони. „За новинарите, нешто се истакнуваше повеќе од сѐ останато.“ - вели Жоран Нихолм, кој играше голема улога во развојот на моторот, заедно со одделот за истражување и развој во Гетеборг и производната локација во Шевде.

„Новинарите беа изненадени од моторот D12. Некои од нив ми рекоа дека сме десет години пред сите во Европа. За почеток, успеавме да ги предвидиме стандардите за емисии што во тоа време не беа ниту измислени, а во голема мера го подобривме и квалитетот на главата на цилиндарот и додадовме електронско управување и моторна сопирачка на Volvo, што ги развивме ние.“ - вели тој.

Овие придобивки не беа претходно забележани во Европа, но САД имаа одредено искуство. „На почетокот на проектот за D12, при планирањето на новите функции во доцните 80-ти години, недостатокот на европско искуство создаде некои предизвици.“ - открива Жоран Нихолм.

„Особено главата на цилиндарот, којашто сега требаше да биде подолга, беше многу тешко точно да се обликува. Пробајте да си замислите, аглите и местата во цилиндарот беа тесни. Се обидувавме и се обидувавме, но не успеавме да го погодиме.“

Но, откажувањето не беше опција. Наместо тоа, членовите на тимот си ги спакуваа куферите и отпатуваа до локацијата во Каминс во САД, партнер на Volvo. Тука се произведуваа електронскиот управувач и новиот вид глава на цилиндарот.

„Се покажа дека е можно, а соработката со Американците во Каминс беше клучна за овој процес.“ - вели Жоран.

Новата, подолга глава на цилиндарот даде повисок квалитет во вид на оптимални промени на горивото и согорувањето. Заедно со електричниот управувач, функциите придонесоа за брзиот успех на камионот FH.

„Вработивме многу нови луѓе на локацијата, а бидејќи имавме нови, посложени функции, ангажиравме повеќе лица со информатичко знаење.“ 

Тоа беше моја и наша творба. Многу сум задоволен што камионот и моторот постигнаа голем успех. Тоа беше радикална промена во моторната индустрија.

Од самиот почеток, D12 беше развиен конкретно за камионите FH. Во доцните 90-ти години,
моторот беше воведен во други производни области во рамките на Volvo, како што е Volvo Penta. Моторот D12 се менуваше и со текот на декадите, честопати со излегувањето на новите правила за емисии. 

„Да, моторот сега има толку многу функции за да ги исполни стандардите. Исто така, треба да се има предвид дека постојат различни стандарди во различни земји. Значи тоа треба да го приспособите соодветно.“

Жоран Нихолм се пензионира од работното место како инженер на Volvo пред девет години. Средбата со него и разговорот за годините кога започнал целиот проект FH е како откривање богатство на информации. 

„Тоа беше моја и наша творба. Многу сум задоволен што камионот и моторот постигнаа голем успех. Тоа беше радикална промена во моторната индустрија.“ - заклучува тој. 

Сега, патувањето продолжува, без Жоран. Денес, на локацијата во Шевде се произведуваат 100.000 мотори секоја година, од кои околу 90 % се мотори D13. Она што започна во раните 90-ти ќе трае со децении.