Камиони

Безбедноста како заштедувач на трошоци

Volvo FH, еден од најбезбедните камиони во светот, е иновативен лидер во безбедносни функции со висок квалитет. Заедно со свесниот начин на размислување за безбедноста на возачот, инвестирањето во безбедносните функции може да придонесе кон заштеда на трошоците за транспортните компании. Разговаравме со Карл Јохан Алмквист, Директор за безбедност во сообраќајот и производите во Volvo Trucks, за да ни објасни како.
Карл Јохан Алмквист и Volvo FH
Карл Јохан Алмквист, Директор за безбедност во сообраќајот и производите во Volvo Trucks.

Безбедноста е она по што Volvo Trucks се препознатливи во секое време. Почнувајќи од сигурносниот појас до напредната безбедносна технологија, како што е Volvo динамичко управување, безбедноста отсекогаш била една од клучните вредности за компанијата. Друг голем придонесувач за безбедноста е системот за сопирање, со сопирачки со дискови што значително го намалуваат растојанието за сопирање. Покрај тоа, тука е и електронската контрола на стабилноста којашто го намалува ризикот од лизгање и превртување во остри кривини на патот. Преку строги тестови и постојан развој, камионите Volvo останаа едни од најбезбедните камиони во светот. Volvo FH не е исклучок.

„Безбедносните функции што ги нудиме играат многу важна улога во обезбедувањето подобри и побезбедни операции за клиентите и возачите. Но, треба да се запомни дека совршеното совпаѓање се постигнува при комбинација на најновите безбедносни иновации со безбедно однесување на возачот.“ - вели Карл Јохан Алмквист.

Според Извештајот за безбедноста на Volvo Trucks од 2017 година, има само еден прифатлив број несреќи во сообраќајот. Нула. Намалувањето на ризикот од несреќи поврзани со сообраќајот значи да се стави безбедноста во преден план при секојдневните превозни операции и да се разберат врските со луѓето кои се вклучени, како и со транспортните компании и општеството. Безбедноста на камионот и на возачот се најважните елементи за понатамошното намалување на бројот на несреќите и самите по себе претставуваат поттик за инвестирање во Volvo FH, камион којшто претставува олицетворение на безбедноста и помага да се спасат животи. Но, има уште во врска со тоа. Дури и малите несреќи имаат последици – пред сѐ врз луѓето кои се вклучени, но и врз превозните компании и општеството.

„Реалноста е дека инвестициите во безбедноста може да ги намалат трошоците и времето на застој. Сликата подолу* ни покажува како директните трошоци, како што се оздравувањето на возачот, трошоците за поправка на возилото и застојот на возилото при поправката на камионот се лесни за мерење. Сепак, тие претставуваат само мал дел од вкупните трошоци поврзани со несреќата. Индиректните трошоци често се значително повисоки. На пример, оштетената стока, обновата/уништувањето на возилото и закрепнувањето/смртноста кај возачите, како и нарушувањето на секојдневната деловна рутина доведуваат до доцнење во испораките и овие работи се скриени трошоци што би можеле да се избегнат доколку не се случуваат несреќи. Едноставно кажано, инвестирањето во безбедноста значи зголемена продуктивност и време во возна состојба.“ - објаснува Карл Јохан Алмквист.


Во бизнисот како компанија за превоз, застојот е од клучно значење. Според Карл Јохан Алмквист, ризикот од губење пари може да претставува поттик, исто како и секој друг, за да се стави безбедноста во прв план.

„Во суштина, ставањето приоритет врз безбедноста е ситуација во која сите добиваат. Ако имате малку или немате несреќи, имате повеќе време на пат и, грубо кажано, ги намалувате трошоците. Освен тоа, ќе ја зачувате безбедноста на вашиот возач, како и на другите возачи, велосипедисти и пешаци. Последно, но не и најмалку важно, ќе ги избегнувате меките трошоци, односно оштетувањето на вашата репутација или имиџ.“

Но, како што споменавме порано, безбедносните функции нема сами да ја завршат работата. Карл Јохан Алмквист истакнува дека тоа секогаш ќе биде интеракција помеѓу системите и, најважното средство, возачот.

„Безбедносните функции на Volvo Trucks не се систем за удобност. Тие претставуваат систем за поддршка на возачот. Најважно за сите што работат на безбедноста на патиштата е да се обучат и да се фокусираат врз безбедноста на возачот. Сѐ се сведува на возачот и клучната улога што ја имаат возачите кога станува збор за безбедноста, ефикасноста на горивото и продуктивноста. Всушност, за да се постигне целокупен деловен успех, возачот е оној кој ја прави целата разлика.“

Но, за да се сфати дека возачот е на прво место, понекогаш е потребно време, а понекогаш е потребна и несреќа. Карл Јохан Алмквист објаснува понатаму:

„Знаеме дека е полесно да се инвестира во безбеден камион по несреќа, откако компанијата доживеала жртви. Ова покажува дека безбедноста на многу начини е поврзана со емоционалните вредности. Би сакале да видиме повеќе компании како размислуваат однапред и инвестираат во безбедноста пред да се случи нешто.“

Volvo Trucks работи на тоа да ја подигне ваквата свест, со кампањи како „Застани, погледни, мавтај“ и „Види и биди виден“ каде што целта е да им се помогне на децата да разберат како да комуницираат со возачот на камионот за да бидат побезбедни во сообраќајот.

„Тие навистина прават разлика во начинот на размислување на луѓето. Сите ние треба да комуницираме, а со поддршка од висококвалитетните безбедносни функции во нашите камиони, ние сме на добар пат кон нашата визија за нула несреќи, а истовремено заштедуваме на трошоците. Повторно, ситуација во која сите добиваат.“ - заклучува Карл Јохан Алмквист.

Четири револуционерни безбедносни функции на Volvo Trucks


Поврзана безбедност
Со Поврзана безбедност, возилата на Volvo може меѓусебно да си разменуваат информации. Тоа е важен клуч за подобрена безбедност на патот. Тие можат да разменуваат информации за состојбата во сообраќајот, што ќе ја намали опасноста од сообраќајни незгоди. Со „Поврзана безбедност“, Volvo ги отвора вратите во иднината. Поврзаната безбедност моментално е достапна во Шведска и Норвешка.


Volvo динамичко управување
Откога револуционерниот систем Volvo динамичко управување (VDS) беше лансиран во 2013 година, тој фундаментално го промени однесувањето на многу луѓе при возењето. Совршена стабилност при големи брзини, целосна контрола при мали брзини и значително помало напрегање на мускулите и зглобовите. Со помошта за останување во лента, системот се вклучува и му помага на возачот да го насочи камионот во лентата ако камионот ненамерно се приближи до ознаките на лентата. Заедно со помошта за стабилност помага да се минимизира ризикот од лизгање. Ова значи подобрена безбедност и намален ризик од професионални повреди.


Предупредување за можна незгода со Emergency Brake
Во 2012 година Volvo Trucks го претстави Предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake. Тоа е активна безбедносна функција којашто комбинира рада р и камера за да идентификува возила пред камионот. Ако камионот премногу се доближи до возилото пред него, предупредувањето за судир со алармна сопирачка стапува на сцена и го предупредува возачот. Ако е потребно, системот ги активира сопирачките за да се избегне судир.


Сигурносен појас
Користењето сигурносен појас е лесен начин да останете безбедни во случај на несреќа. Сигурносниот појас беше воведен во возилата на Volvo Trucks во 1979 година.