Камиони

25 херои на Volvo FH

Volvo FH е камионот на возачите. Но, пред да стигне до возачот, тој минува низ умовите и рацете на огромен број страсни вработени. Еве 25 од хероите кои напорно работат за да може секој Volvo FH да придонесе за вашиот успешен бизнис.
Човек стои пред Volvo FH

25: Стиг Фолк. Гетеборг, Шведска
Индустриски дизајнер (1993)

– Јас бев индустриски дизајнер во 1993 година кога беше лансиран Volvo FH. Она на што најмногу се гордеам е фактот дека започнавме многу рано со конструкцијата, а веќе знаевме што сакаме да направиме. Кога го гледам Volvo FH денес, се чувствувам задоволен.

24: Вајненд ван ден Бринк. Бисд, Холандија
Менаџер за специјални производи и иновации
  

– Сè уште мислам дека воведувањето на Volvo FH во 1993 година беше извонредно. Тоа беше вистинска револуција во поглед на кабината и технологијата на моторот. Ентузијазмот на дилерите и клиентите ги надмина сите очекувања, што јасно се гледаше според бројот на нарачките. За мене лично, фантастично е да играте активна улога во пренесувањето на знаењата од холандскиот пазар во седиштето на Volvo и обратно, како и во приспособувањето на камионите кон конкретните барања на холандскиот пазар.

23: Стафан Роџедал. Гетеборг, Шведска
Постар менаџер на производи, Volvo FH

– Volvo FH е развиен за да ги привлече најдобрите возачи и истовремено да му обезбеди највисока можна продуктивност на сопственикот. 

22: Рајли Рилберг. Естонија, Талин
Менаџер за продажба и маркетинг на Volvo Trucks

– Бев дел од тимот за лансирање на Volvo FH4 во Гетеборг во 2012 година и ми беше задоволство да гледам како камионите се испорачуваат на нашите клиенти во Естонија. Мојата работа е да се уверам дека нашите клиенти се вклучени во заедницата на Volvo и можат да уживаат во нивното патување со камионите. Со мал и одличен тим за продажба, ги испорачуваме камионите Volvo FH до нашите клиенти на најдобар можен начин.

21: Томас Туресон. Лундби – Гетеборг, Шведска
Менаџер на сегмент – Превоз на долги релации

– Volvo FH поставува нови стандарди во камионската индустрија од 1993 година. Мојата глобална одговорност е да се погрижам ова да продолжи, да продолжиме да возиме кон напредокот, а Volvo FH секогаш да биде прв природен избор на купувачите.

20: Матс Карлсон Линк. Гетеборг, Шведска
Директор за планирање производи

– 35 години од мојот живот бев дел од развојот и еволуцијата на Volvo Trucks. Бев дел од сите поголеми преобразби во текот на тие години. Претставуваше задоволство да се види и да се слушне оцената на купувачите за новостите што ги претставувавме. Тоа ни дава многу енергија за да се обидеме во иднина повторно да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти.

19: Соња Родригез. Куритиба, Бразил
Координатор на производната линија F

– Мојот удел во правењето на Volvo FH да биде одличен камион се состои во водење на ангажираните луѓе кои произведуваат возило со високи перформанси, коешто импресионира и буди восхит кај сите на патиштата.

18: Ескил Стуресон. Гетеборг, Шведска
Главен инженер

– Како Главен менаџер на проектот за Volvo FH лансиран во 2002 година, ми беше чест да работам со фантастичен тим што го разви успешниот Volvo FH!

17: Симона Ханун. Туве – Гетеборг, Шведска
Составувач

– Давам сѐ од себе при извршувањето на моите задачи на шасијата на основниот модул за да испорачам беспрекорен камион со висок квалитет до нашите клиенти.

16: Роман Тросин. Талин, Естонија
Територијален менаџер, VFS Естонија

– Обезбедувам флексибилни и мудри финансиски решенија за купувачите кои сакаат да купат Volvo FH. Блиску соработувам со продажната група на Volvo Group за да се уверам дека нашите клиенти ќе добијат соодветни услуги за поддршка за нивните камиони FH.

15: Ида Лејтнер. Туве – Гетеборг, Шведска
Составувач

– Мојот дел од работата е да обезбедам квалитетно товарење во контејнерот за некој задоволен клиент.

14: Мартин Томлинсон. Ворвик, Велика Британија
Раководител на Демонстрација на производи, Велика Британија и Ирска

– Јас им го демонстрирам Volvo FH, најдобриот камион на пазарот, на нашите клиенти и на новинарите.

13: Диого Дијаз дос Сантос. Куритиба, Бразил
Производство GTO E&BM

– Секојдневно работиме интензивно и ангажирано, секогаш фокусирани на успехот на клиентот. Голем број возила поминуваат низ нашиот тим, а ние секогаш се трудиме да имаме безбедна и здрава средина бидејќи тоа ни овозможува да обезбедиме одличен квалитет.

12: Глен Јохансон. Гетеборг, Шведска
Менаџер за безбедност на производи

– Работев како водач на проектот за воздушно перниче кога Volvo Trucks, како прв производител на тешки камиони, го воведе воздушното перниче за возачот во 1995 година. Покрај сите предизвици, како што беше развојот на самиот систем за воздушни перничиња, најдобриот доказ за целосната отпорност на FH го добив во 1997 година кога еден германски весник објави на насловната страница: „Му благодарам на Бога и на Volvo што го преживеав судирот.“ Тоа беше изјава од возачот на Volvo FH опремен со воздушно перниче којшто со голема брзина се удрил во задниот дел на паркиран камион на автопатот. Возачот излегол од кабината по несреќата без повреди и се вратил на работа неколку дена подоцна. 

11: Сандер Кујвусте. Тарту, Естонија
Администратор за продажба

– Работам како администратор на продажба и сум амбасадор на Volvo кој се грижи за тоа Volvo FH да му биде предаден на клиентот со неопходната обука со цел камионот да се користи на најдобриот можен начин. При работата секогаш водам сметка за интересот на клиентот.

10: Шилпа Виџајакумар. Бангалор, Индија
Помошник механички инженер, сопирачки и гуми

– Работам со сопирачките и нивните CAD-модули, вклучувајќи ја и нивната евиденција; на овој начин се уверувам дека секој камион ги добива вистинските делови. 

9: Бјорн Андерсон. Гетеборг, Шведска
Постар главен инженер

– Работата со креативна и иновативна технологија веќе 44 години, како што е првото воздушно перниче за тешките камиони и развојот на столбот на управувачот за Volvo FH, којшто сѐ уште е светска класа, беше и е многу возбудлива.

8: Џон Комер. Ворвик, Велика Британија
Раководител на Управување со производи

– Ми претставува голема чест и задоволство да работам со Volvo FH и да гледам како обезбедува напредок во текот на изминативе 25 години и повеќе и уште поважно, како им обезбедува успех на клиентите. Го возев првиот камион на теренското тестирање од Гетеборг до Локерби во Велика Британија во декември 1992 година. Возејќи по М6, мислев дека ќе предизвикам голема несреќа возејќи кон југ бидејќи сите возачи на камиони разговараа на своите радија и ги вртеа главите за да добијат подобар поглед врз прекрасниот аеродинамичен профил. Го одземаше здивот во 1993 година и сѐ уште е неверојатен денес – среќен 25-ти роденден на Volvo FH.

7: Клаудио Галерани. Болтиер – Зингонија, Италија
Комерцијален директор

– Целиот мој работен век и кариерата во Volvo се силно поврзани со Volvo FH, почнувајќи од неговото прво лансирање во 1993 година. Оттогаш го следам растот на овој прекрасен камион во сите негови развојни фази во текот на сите овие години: секогаш иновативен, секогаш еден чекор напред во споредба со сите други конкуренти. Секој ден, неговата продажба ми претставува ново задоволство и мотивација за во иднина.

6: Анџак ЈВК. Бангалор, Индија
Постар инженер – Специјална поддршка за приспособување на возилата и клиентите

– Работам со технички решенија и поддршка при конверзии на возилата за да ги задоволам уникатните барања на купувачите. 

5: Ракел Амадори. Куритиба, Бразил.
Купувач за проекти во Volvo Group во Јужна Америја

– Јас сум купувач за проекти во Volvo Group. Одговорен сум за развој на нови делови за камиони и за следење на изведбата на синџирот на снабдување. Дел од мојата работа е да преговарам за најдобрите услови за снабдување на линијата на Volvo. Работам во внатрешноста на кабината и развивам ново седиште, кревет, внатрешни декорации, завеси за камионот Volvo FH.

4: Хосе Мигел Албергкиља. Мадрид, Шпанија
Менаџер за комерцијална понуда на пазарот за услуги

– Лансирањето на FH беше мојот прв голем настан во Volvo. Би сакал да ви ги претставам сите луѓе од постпродажбата кои во текот на овие 25 години, денес и утре, работеа со цел да го одржат високиот квалитет на FH на патиштата.

3: Мариус Бенулис. Вилнус, Литванија
Водач на комерцијален тим на пазарот за услуги

– Заедно со моите колеги, одговорен сум за успешната работа на одделот за Пазарот за услуги. Работиме со продажба на услуги и производи, анализираме групи на производи и сегменти на купувачи, создаваме разновидни промоции на услуги и специјални понуди. Доаѓам на работа секој ден и знам дека успехот на една компанија започнува со она што можам лично јас да го направам за да го подобрам квалитетот. Дури и најмалото подобрување прави голема разлика на крајот.

2: Катарина Нотемир. Гетеборг, Шведска
Водач на тим

– Се вработив во работилница за модели на Volvo Trucks во 1989 година како столар за модели и од првиот ден работам на креирањето модели за кабината на Volvo FH. Оттогаш, имам работено како водач на тим во работилницата за модели/прототипови и на развојот на кабината преку континуирано подобрување и квалитет.

1: Агиналдо Оливеира. Куритиба, Бразил
Производство GTO E&BM

– Јас сум водач на тим и работам на финалното издавање на камионите FH. Ние ги извршуваме функционалните тестирања на возилата и го потврдуваме целиот процес на склопување за да дозволиме испорака на камионот до нашите клиенти. Volvo FH е безбедно возило, исклучително издржливо, многу удобно и најважно: склопено имајќи го предвид успехот на клиентот.