Камиони

Господар на шумата

Тој беше второпласиран на годинашното светско финале на Предизвикот на возачите на Volvo (Volvo Driver Challenge World Final) и е вистински мајстор на возење со ефикасно искористување на горивото. Возачот и сопственик на камиони за трупци Берт „Нат“ Јохансон знае како да го извлече максимумот од секоја капка – и од неговите камиони Volvo.
Транспорт на трупци во Шведска.
30 години возење 64-тонски композиции низ кривулести шумски патишта, го направија Берт „Нат“ Јохансон многу вешт во прецизното возење.

Прекрасен есенски ден длабоко во шумите на централна Шведска. Берт Јохансон, познат како „Нат“, прекар што го има од детството, седи во кабината на неговиот кран. Тој е зафатен со товарање 60 тони трупци, а 8-метарскиот кран се движи брзо и прецизно. Шепата на кранот, која вешто ги фаќа и крева трупците од купот на земјата во приколката на камионот се движи како продолжение на раката на Нат.

Мораме постојано да внимаваме на ефикасното искористување на горивото и да ја оптимизираме потрошувачката бидејќи секогаш возиме со полн товар.

После 30 години како возач на трупци, Нат точно знае како треба да се поставуваат трупците на приколката и како најдобро може да се движи по кривулестите шумски патишта за да ги собере товарите. Секојдневното маневрирање на тесни простори го направи вешт во прецизното возење и во текот на годините тој победи на бројни натпревари на годишниот автомобилски саем Елмиа во Шведска. Во 2009 година, тој победи и на натпреварот на Volvo „Супер еко возач“, натпревар врз основа на кој е моделиран сегашниот „Предизвик за возачи“, а оваа година тој пристигна втор на глобалното финале во конкуренција на 32 натпреварувачи од други земји. Голем број од другите натпреварувачи кои се бореа за врвните места на шведското финале се исто така возачи на трупци, а Нат има своја теорија за тоа, зошто тој и колегите од неговата бранша се толку добри.
 

„Како возач на трупци мора точно да знаеш каде се краевите на камионот и каде е приколката, инаку можеш лесно да заглавиш и да останеш сам во шумата. И мораме постојано да внимаваме на ефикасното искористување на горивото и да ја оптимизираме потрошувачката бидејќи секогаш возиме со полн товар“, објасни тој.

Од неговата 19. година кога почна да работи за Sommens Transport, која тогаш беше транспортна компанија на неговиот татко, Нат внимателно го следеше развојот на камионите и приколките. Во тоа време немаше кабини за кранови, така што тој и неговите колеги требаше да седат надвор под стреа за време на товарањето и истоварувањето во текот на целата година. А, исто така, поради послабите мотори во тоа време често се случуваше камионите да заглават. Пред воведувањето на Dynafleet и пред услугата за позиционирање да овозможи следење на секој камион од далеку, возачите на трупци кои ќе заглавеја беа целосно препуштени сами на себе во шумата само со уредите што ги имаа. Нат си спомна на неколку наврати кога мораше да оди и да ги бара колегите кои не беа вратени по завршувањето на нивната смена.

„Неизвесноста беше најлоша. Денес можам во секое време да следам каде се моите камиони и да видам дали се движат или мируваат. Тоа дава вистински спокој, за мене и моите вработени“, рече тој.

Денешните камиони на Нат, Volvo FH16, се опремени со мотори со 750 КС за да можат полесно да задвижат возна композиција тешка 64 тони на тешки терени. Исто така, тој има I-Shift од првото воведување на тој менувач и верува дека тој, заедно со Volvo динамичкото управување, придонесе за покомфорно и поспокојно возачко искуство.

„Денес сум многу поодморен после работната смена за разлика од времето кога почнав како возач“, рече тој излегувајќи од кабината на кранот.

Ова е втора тура на Нат денес. Бидејќи започна со работа во четири часот наутро, тој ја искористи паузата да разгледа наоколу во шумата. Иако е само 30 километри од канцеларијата на компанијата во Транас, тој никогаш порано не бил тука. Голем број сопственици на земјиште сечат дрвја на одредено место само еднаш во животот, така што местата за товарање трупци се менуваат од ден на ден. Нат чувствува голема одговорност кон неговите клиенти за кои ја превезува нивната егзистенција и верува дека извршува клучна функција во синџирот на снабдување.

„Секогаш сум бил заинтересиран за шумата бидејќи таа е толку важна за Шведска. Сите сакаат градежен материјал за нивните куќи и хартија за нивните тоалети. Исто така, уживам во спокојот и слободата на шумата – тоа е многу важно за мене“, рече тој, искачувајќи се назад во кабината на камионот за да продолжи со возењето.
 

Неговата дестинација е пиланата Bergs Timber во Морлунда, околу 150 километри од местото каде се наоѓа. Штом ги напушти најтешките шумски патишта и излезе на асфалтиран регионален пат, Нат го вклучи темпоматот I-Cruise. Исто така, ја активираше и програмата за штедење гориво I-See која го скенира патот пред него и го планира возењето за има колку што е можно поефикасно искористувањето на горивото.

„На асфалтираните регионални патишта и автопатите ги користам овие програми 99 проценти од времето. Ако имате темпомат, I-See работи совршено бидејќи системот размислува за вас. Ако се обидам рачно да возам со иста ефикасност во искористувањето на горивото како системот, ќе ми треба целосна концентрација во текот на целиот ден. Едноставно не можам да го одржувам тоа ниво на внимание толку долго време“, рече тој.

За да станете навистина вешт во возење со ефикасно искористување на горивото, Нат вели дека треба колку што е можно повеќе да го избегнувате педалот за гас и дека може да се вози во лер многу повеќе од тоа што луѓето очекуваат. Исто така, тој се обидува да научи како функционира технологијата во камионот и потоа тестира различни системи за да ги добие најдобрите резултати.

Нат покажа кон екранот и објасни како I-See прави разлика: „Сега долго време го оставам камионот во лер, инаку никогаш не би го тргнал стапалото од педалот за гас толку рано. Volvo навистина успеа да развие паметен систем“, рече тој.
 

После околу два часа возење, Нат сврте во пиланата и ги истовари трупците. Воздухот беше полн со струготини, а џиновската пилана мирисаше на свежо дрво. Насекаде имаше големи купишта трупци – на краевите означени со печати и ознаки на приврзоци за назначување на бројот на нарачката, снабдувачот и сопственикот на земјиштето. Нат го обележа својот товар пред да го започне патувањето назад.

Денес тој возеше назад без товар – нешто што би сакал да го избегне. До пред неколку години имаше пилана близу до Транас, но откога е затворена Нат мораше да најде нови клиенти за обезбеди домашни товари. На пример, тој презема некои товари за Eksjöhus, производител на монтажни куќи, кој има своја пилана 50 километри од Транас.

Во случаите кога мора да вози без товар тој секогаш ја користи одликата за кревање на тандем-оската за да ја намали потрошувачката на гориво. На долги релации тоа има влијание бидејќи неговите седум камиони возат напред и назад во смени 24 часа.

Ако имате темпомат, I-See работи совршено бидејќи системот размислува за вас.

Нат признава дека не е секогаш можно да се живее онака како научил и дека тој и неговите вработени понекогаш треба да прават компромис во врска со ефикасното искористување на горивото, особено во стресните денови со многу работа.

„Тогаш е важно да го надоместиме загубеното со зголемена продуктивност. Тоа е клучниот баланс кој секогаш се обидувам да им го пренесам на моите возачи“, рече тој.

Кога треба да научи како да ги максимизира резултатите од технологијата на Volvo Trucks, за Нат е важен неговиот локален дилер, Јохан Ејдехаг од Рејмес. Таткото на Јохан 24 години му продаваше камиони на таткото на Нат, Бертил, а кога двајцата ги презедоа од татковците нивните бизниси тие продолжија работат заедно повеќе од две децении. Јохан обично го придружува Нат кога се натпреварува на натпреварите на Volvo и двајцата заедно дискутираат како треба да се вози за да се добијат најдобри резултати.

„За време на светското финале во „Предизвикот на возачите“, забележав дека многумина од натпреварувачите избираат рачно да ги менуваат степените на пренос, но јас не го правам тоа. Јас само еднаш рачно сменив степен на пренос за време на возење на една нагорнина! Тоа навистина докажува дека технологијата во камионите Volvo добро работи“, рече Нат. 

I-See – Заштедува до 5 проценти гориво


1. Се залетува
I-See знае кога претстои рид, така што камионот се забрзува и подолго останува во поголем степен на пренос.

2. Избегнува префрлање во помал степен на пренос
Со спречување на непотребното менување на степенот на пренос, I-See го прави качувањето по нагорнини понепречено и со поефикасно искористување на горивото.

3. Ја контролира брзината на гребенот
Кога се наближува на надолнина, I-See го спречува камионот непотребно да забрзува.

4. Се движи во лер пред надолнините
За да заштеди енергија и да го минимизира сопирањето, I-See привремено ја исклучува погонската група непосредно пред надолнина.

5. Го контролира сопирањето на надолнина
I-See знае кога завршува една падина и започнува следната. По потреба ги активира помошните сопирачки за максимална ефикасност.