Volvo динамичкото управување е дизајнирано да даде совршена прецизност и да го отстрани напрегањето при управувањето. Единицата Volvo динамичко управување го комбинира конвенционалното хидраулично серво-управување со електронски регулиран електричен мотор поставен на управувачкиот запченик.
Камера
Камерата ги следи ознаките на лентата на патот на околу 5 до 50 метри пред возилото. Кога системот за помош за држење на лентата е вклучен и камионот премногу се приближи до ознаките на лентата, камионот се насочува назад во лентата.
Контролна единица
Информациите за движењето на камионот, како што се неговата брзина и положбата на ознаките на лентата, се обработуваат за да се испрати барање до Volvo динамичкото управување.
Команди за лични поставки
Преку командите на управувачот и на системот за infotainment, возачот може да ги нагоди претпочитаните вредности за управување на возилото.
ESC и сензор за стапка на скршнување
Сензорот за стапка на скршнување ја мери стапката на ротација на камионот и регистрира ако започне да пролизгува. Volvo динамичко управување ги собира овие информации со цел да изврши насочување во спротивна насока. Се активира електронската контрола на стабилноста на возилото (ESC) и го забавува возилото.
Надворешни сензори
Volvo динамичко управување дејствува според информациите што се добиени од разни сензори што се распоредени низ камионот.
ПОМОШ ЗА ОСТАНУВАЊЕ ВО ЛЕНТАТА
Volvo динамичкото управување со помошта за останување во лентата е дизајнирано да го спречи скршнувањето на камионите надвор од нивната лента. Тоа благо интервенира во насочувањето или дава импулс преку управувачот за да го предупреди возачот кога камионот ќе скршне преку ознаките на лентата.
Заморот и невниманието може да предизвикаат возилата да скршнат во погрешната лента, што може да резултира со превртување или сериозен судир возило-со-возило.
Сега, новото Volvo динамичко управување со помошта за останување во лентата вклучува насочување за корекција. Ако камионот тргне да скршнува од неговата лента, системот дава поддршка на возачот со краткотрајна мерка за корекција на насоката за да го одведе возилото повторно во лентата. Интервенцијата е блага, овозможувајќи му на возачот лесно да ја надмине кога брзо скршнува за да избегне некој предмет или кога прави некој друг маневар. Кога интервенцијата е во тек, во групата инструменти се појавува икона.
Кога камионот ќе достигне брзина од 55 km/h и системот за помош за останување во лентата може да ја следи неговата положба на патот, системот се активира и во групата инструменти се појавува бела икона.
Ако потоа камионот почне да скршнува од неговата лента, системот му дава поддршка на возачот со краткотрајна мерка за корекција на насоката за да го одведе возилото повторно во лентата. Зелената икона во групата инструменти покажува дека е во тек интервенција.
„Мислиме дека овој систем може да спаси животи. Напуштањето на лентата може да се случи за момент.“
Карл Јохан Алмквист, директор за безбедност во сообраќајот и производите во Volvo Trucks, смета дека оваа технологија е пробив.
„Мислиме дека овој систем може да спаси животи. Напуштањето на лентата може да се случи за момент. Една секунда невнимание и камионот може да скршне во друга лента или во сообраќајот од спротивна насока. Помошта за останување во лентата е дизајнирана да биде интуитивна и ненаметлива, но во исто време да биде апсолутно одлучна.“
Од 2007 година, Volvo Trucks ја нуди поддршката за останување на лентата, која ја следи положбата на камионот на патот и испраќа предупредување кога камионот премногу ќе се доближи до работ на неговата лента. Со системот за помош за останување во лентата, звучното предупредување за напуштање на лентата беше заменето со ненаметливо вибрирање на управувачот и визуелна икона во групата инструменти за предупредување на возачите кога ќе се доближат до работ на нивната лента.
ПОМОШ ЗА СТАБИЛНОСТ
Volvo динамичкото управување со помошта за стабилност ја минимизира опасноста од пролизгување на лизгави патишта и може да помогне во спречувањето на незгоди опасни по живот.
Губењето контрола над возилото на лизгави патишта е нешто што секој возач сака да го избегне. Кога некој камион ќе почне да пролизгува, важно е брзо и без нагло движење да се насочи возилото спротивно во вистинската насока за да се задржи контролата. Но, дури и најдобрите возачи можат да бидат изненадени од тешките услови на патот. Патот може да биде со мраз, покриен со вода, влажни лисја или песок или може да нема добра фрикција од други причини.
Volvo динамичко управување со помош за стабилност му помага на возачот да ја задржи контролата над возилото со насочување на вртежниот момент за насочување кога камионот почнува да пролизгува. Исто така, тоа помага на системот за електронска контрола на стабилноста побргу да дејствува.
Штом системот открие дека камионот почнува да пролизгува, функцијата за помош за стабилност веднаш реагира и почнува го насочува камионот во спротивна насока на ист начин на кој би реагирал професионален возач на пролизгување. Системот е особено корисен кога се вози на пат со мала фрикција на нагорнина или во свијоци.
„Пролизгувањето е нешто што не сакате никогаш да го доживеете на патот како возач на камион. Овој систем реагира со светлосна брзина за да го насочи камионот на другата страна.“
Густав Неандер, менаџер на проект Volvo динамичко управување во Volvo Trucks, смета дека помошта за стабилност прави голема разлика кога се вози во лизгави услови.
„Пролизгувањето е нешто што не сакате никогаш да го доживеете на патот како возач на камион. Неодамна, возев камион назад од северниот дел на Шведска во седиштето на Volvo Trucks во Гетеборг преку снег, мраз и дожд. Видовме неколку камиони долж патот што се излизгаа надвор од патот. Овој систем реагира со светлосна брзина за да го насочи камионот на другата страна и да спречи ваков вид на незгоди со пролизгување. Тој многу го олеснува возењето по снег или чакал или на влажни површини“, рече Густав Неандер.
ЛИЧНИ ПОСТАВКИ
Преку новата функција за лични поставки, возачите можат целосно да го приспособат управувањето на камион Volvo опремен со Volvo динамичко управување. Системот им овозможува на возачите избор меѓу претходно програмирани поставки или да ги приспособат според нивното претпочитано управување, користејќи четири различни променливи (Straight, Cornering, Damping и Return) за да добијат совршено нагодена реакција на управувањето.
Default
Дава чувство на рамнотежа. Стандардното поставување на Volvo Trucks се базира на претпочитаните поставки на возачите на камиони кои користат Volvo динамичко управување на терен.
Light
Дава лесно управување со брза реакција.
Responsive
Дава покруто управување со спортско чувство.
Stable
Дава цврсто управување со добра реакција.
Custom
Менито CUSTOM на Volvo динамичкото управување им овозможува на возачите совршено да го нагодат управувањето. Нагодувањето на поставката STRAIGHT им дава на возачите полесно или поцврсто управување. Нагодувањето на променливата CORNERING може да го направи полесно или потврдо управувањето во аглите и свиоците. Одликата DAMPING контролира колку флуидно се чувствува управувањето. Одликата RETURN ја контролира брзината на враќањето на управувачот при маневрирање со мала брзина.
Едно дополнително поставување го олеснува возењето на камионот право, со калибрирање на аголот право напред. Тоа е корисно при возење на долги делници со силни ветрови или на навалени патишта.