Камиони

Појасна прегледност

Урбаните области може да бидат предизвик за возачите на камиони. Затоа ново надградената кабина со низок влез на Volvo FE е дизајнирана да ја подобри видливоста, безбедноста, ергономијата и продуктивноста.
Volvo FE LEC на градските улици
Со спуштање на положбата за возење, Volvo FE LEC го приближува возачот до другите корисници на патот и значително ја подобрува прегледноста на сите страни.

Густ сообраќај, пешаци, велосипедисти, тесни улици и збиени места – ова се само некои од пречките со кои мораат да се борат возачите на камиони кои работат во урбани области. Меѓутоа, со спуштање на кабината, Volvo FE со кабина со низок влез (LEC) нуди подобрена видливост, ергономија и комфор за возачот.

„На градските улици, возачот мора постојано да го следи опкружувањето на камионот и да има визуелен контакт со ранливите корисници на патот, како што се пешаците и велосипедистите“, вели Андерс Еденхолм, менаџер на сегментот дистрибуција, Volvo Trucks. „Со спуштање на положбата за возење и намалување на скриените агли, ние значително ја подобруваме прегледноста на сите страни и го приближуваме возачот до другите корисници на патот.

Кабината со низок влез исто така овозможува и низок праг, така што возачите брзо и лесно влегуваат и излегуваат од кабината. Надградениот Volvo FE LEC вклучува и функција на потклекнување која го спушта прагот девет сантиметри пониско, овозможувајќи им на возачите да влегуваат во кабината многу слично како во автобус.

„Некои возачи, како оние од дистрибуцијата во урбани средини, се качуваат и симнуваат од кабината до 50 пати во денот, што многу ги напрега нивните колена, глуждови и грбови“, објаснува Јохан Јарленгрип, специјалист за одлики за опкружувањето на возачот. „Понискиот праг не само што го намалува ова напрегање, туку и помага во привлекувањето и задржувањето добри возачи, бидејќи тоа е вообичаената причина за напуштањето на оваа професија.“

Првиот Volvo FE LEC беше пуштен во 2009 година како приспособување за камионите за собирање смет во Лондон. Меѓутоа, тој стана толку популарен, што брзо стана стандардна понуда. Новата надградена верзија вклучува дополнителни одлики што уште повеќе ги подобруваат придобивките.

Тие вклучуваат дополнителен прозорец на страната на совозачот и врати што се отвораат 90 степени. Тој го задржа дизајнот со централен контролен пулт што ја подобрува ергономијата на возачот со поставување на често користените команди лесно на дофат. Исто така, тој е достапен со опсег на разни опции и приспособувања за дополнително подобрување на безбедноста, оперативноста, продуктивноста и влијанието врз животната средина.

Опкружување на возачот
Внатрешноста на кабината е ергономски дизајнирана со сите често користени команди поставени лесни за дофат. Нискиот праг, отворањето на вратата од 90 степени и функцијата за потклекнување, во голема мера ќе го намалат напорот на колената, грбот и рацете на возачот, бидејќи тоа му овозможува едноставно влегување или излегување од кабината наместо искачување. 

Продуктивност
Volvo FE LEC може да прими до четири лица, а нискиот праг го штеди времето на возачот. Со мотор од 350 КС, Volvo FE LEC може да понуди флексибилност, агилност и куси циклуси на забрзување. Тој е достапен и со I-Shift, специјално приспособен за дистрибуција и градежништво.

Прегледност
Пониската положба на возење ги приближува возачите до нивното непосредно опкружување, овозможувајќи подобра прегледност на сите страни и на непосредната близина. Дополнителните прозорци на вратата на совозачот и зад Б-столбот, исто така ја подобруваат директната видливост на аглите што инаку се скриени.

Одржливост
Volvo FE LEC CNG е со погон на компримиран природен гас и може да ги намали емисиите на јаглерод до 70 проценти ако се користи биогас. Исто така, Volvo нуди алтернативна погонска група за возење во области каде има ограничување на користењето возила со погон на дизел.

Безбедност
Освен подобрената прегледност, Volvo FE LEC е опремен и со одлики за активна безбедност како предупредување за судир со сопирачка за итни случаи. Тоа може дополнително да ја намали опасноста од незгоди со ранливите корисници на патот или други возила. Исто така, кабината вклучува и дополнително зајакнување за да се зголеми заштитата на возачот и е стандардно опремена со FUP (предна заштита од навлегување под камион).

Оперативност
Volvo FE LEC е достапен со опсег на телематика и поврзани услуги кои можат да помогнат во надзорот, следењето, превентивното одржување и сервисирањето на камионот. Подобрената видливост исто така ја намалува веројатноста за судир на тесни места.

Volvo FE – Одлики на кабина со низок влез

  • Понизок, поширок праг.
  • Пониска положба на возачот.
  • Дополнителни прозорци за подобрена прегледност.
  • Опција за кабина со рамен под во која можат да седат до четири лица која овозможува минување низ неа или стандардна кабина оптимизирана за возач и еден патник.
  • Оптимизиран I-Shift и софтвер.
  • Достапен и со алтернативни погонски групи.

Совети за спецификација

  • Мотор со 350 КС за подобрена способност за маневрирање.
  • I-Shift оптимизиран за урбана дистрибуција или градежништво.
  • До три дополнителни места за патници.
  • Дополнителни прозорци зад Б-столбот и на вратата на совозачот.
  • Спојлер на покривот што може да се нагодува за минимален отпор на воздухот и подобрена потрошувачка на горивото.