Камиони

Тоа е Volvo и да врне, и да вее

Шведската семејна фирма Санфридсонс вози камиони Volvo уште откако компанијата започна со работа во 1961 година. Пред дваесет и пет години, стана една од првите компании за превоз во светот која купила Volvo FH.
Во текот на годините, Санфридсонс порасна од мала рурална транспортна компанија во модерна услужна компанија со национален опсег.

Сега е 5:45 наутро, а Горан Санфридсон веќе работи. Иако е генерален извршен директор за работењето на семејната компанија, тој сака да биде вклучен во практичната работа и не се двоуми кога треба да помогне при товарање, растоварање камиони и физичка работа.

„Со браќата пораснавме во рурална област опкружени со камиони и возачи. Уште како мал сонував да возам камион и му додевав на татко ми да ме земе со него кога доставуваше млеко во селото. Уште тогаш станував рано наутро“, се сеќава Горан со насмевка.

Таткото на браќата, Алф Санфридсон беше фармерско дете кое бараше начин да заработи кога брат му ја презеде семејната фарма. Во тој период, компанија наречена Gäsene Dairy отвори нова линија за дистрибуција и ѝ беше потребен некој кој може да ги вози нивните утрински испораки млеко. Алф реши да стане млекар и го купи неговиот прв камион Volvo. Наскоро, тој имаше задачи и да превезува чакал попладне, а бројот на клиенти се зголемуваше со текот на времето. Алф, кој беше задоволен од неговиот камион Volvo, можеше да нарачува повеќе возила и да вработува повеќе возачи. Со текот на годините, неговиот бизнис порасна и имаше големи клиенти како Herrljunga Cider, добро познат Шведски бренд за сајдер и прерасна од мала рурална транспортна компанија во модерна компанија за услуги со национален опсег.

Тројцата синови на Алф рано беа воведени во бизнисот и се подразбираше дека еден ден ќе ја преземат компанијата по татко им. Кога тој се пензионира во 2006 година, тие веќе работеа за компанијата неколку години и го поделија бизнисот меѓу себе за да не си пречат. Најстариот син, Горан, е генерален извршен директор, Матс ја води компанијата за храна за стока и живина, Ljungs Foder, а најмладиот син, Торбјорн, е менаџер за транспорт. Таткото Алф е среќно пензиониран, но сè уште стои на располагање за добар совет.

„Татко ни одлично ја развиваше компанијата заедно со неговите клиенти и се грижеше за односите со нив. Истото се однесува за односите со нашите вработени и со Volvo Trucks. Тато секогаш велеше дека, ако се грижат за тебе, самиот ќе избереш да останеш. Тоа е една од најважните лекции која со браќата ја научивме од него“, вели Горан.

Привлекување и задржување талентирани вработени беше една од најважните работи за успехот на Санфридсонс. Сигурни возила и големо внимавање на безбедноста во сообраќајот беа важни делови од сложувалката на задржување и на вработените и на клиентите.

„Има такви кои мислат дека нашето семејство е вистински „верник на Volvo“, но за нас се работи за камиони кои работат без непотребни поправки. Тие се нашите алатки и со текот на годините извозевме многу километри во нашите камиони Volvo – плус, нашите возачи беа многу задоволни. Затоа, никогаш сме немале причина да го промениме снабдувачот“, објаснува Горан.

Земањето предвид на потребите на вработените значеше дека неколку вработени останаа со компанијата голем дел од нивните професионални животи. Возачот кој е таму најдолго време – 34 години – е Сванте Александерсон. Тој е исто така возачот кој го возеше првиот Volvo FH на компанијата, кога овој модел беше пуштен во 1993 година и сè уште се сеќава што тој и другите мислеа за камионот тогаш.

Уште како мал сонував да возам камион и му додевав на татко ми да ме зема со него.

„Алф Санфридсон ми кажа дека ќе добијам нов камион. Кога го донесоа Volvo FH, беше нешто сосема ново и, бидејќи бевме речиси единствените кои имаа таков камион на почетокот, привлекувавме многу внимание, сите се вртеа по нас кога го возевме! Го имав тој камион дванаесет години пред да добие втор живот на друго место“, рече тој.

 

Оттогаш, Сванте има возено две други генерации Volvo FH и имаше можност одблизу да следи како се движи развојот на овој камион. Тој верува дека воздушното потпирање и воведувањето I-Shift му го зачуваа телото од оштетување, додека електронското управување беше од голема помош при превезување приколки, како и при движењето наназад и истоварањето при испораки. Тој е особено задоволен со неговиот најнов Volvo FH16 550.

„Развојот на Volvo FH е фантастичен. Управувачот на неговиот најнов камион има целосно нова можност за нагодување, исто како и седиштата. Системот за греење работи без мака, отворот на покривот овозможува добро осветлување, а зголеменото растојание од ветробранот овозможува повеќе воздух во кабината, па се чувствувам подобро кога возам. А кога се работи за креветот, тој е најдобриот од кабините на Volvo FH“, рече тој, додавајќи:

„Во Санфридсонс, се грижат за своите вработени. Никогаш немало сомнеж дека ние, возачите, треба да ја имаме најдобрата опрема, како разумни пакети за комфор за кабината. Тоа е нешто што го цените како вработен.“

И Сванте и Горан исто така се задоволни од моторите на Volvo. Тие сега возат со синтетички дизел, HVO, веќе две и пол години. Со помошта на ова обновливо гориво, Санфридсонс можеа да го намалат нивното влијание врз климата, а Горан одблизу го следи развојот на нови, одржливи погонски групи за идниот транспорт. Проблемите со животната средина секогаш биле чувствителна тема за семејството Санфридсон, чии членови пораснале во рурална средина, меѓу шуми и полиња. Нормално и очигледно е дека ќе ги искористат можностите, ќе ги одржуваат ресурсите и ќе ги обучат возачите за ефикасно искористување на горивото.

Компанијата исто така добро се грижи за камионите и често ги вози до 1,2 милиони километри пред да ги продаде. Некои од камионите имаат патувано дури до Африка. Пред неколку години, Алф случајно наиде на еден од неговите стари камиони Volvo FH додека беше во Замбија. Камионот извозел вкупно 3,4 милиони километри и возачот од Африка и неговите двајца помошници за товарење беа многу горди на нивниот камион, на кој сè уште стоело логото на Herrljunga Cider.

Развојот на Volvo FH е фантастичен.

„Ми кажаа дека камионот работел совршено и дека не му било потребно ништо повеќе од вообичаеното сервисирање уште откако пристигнал. Мислиме дека е неверојатно што нашите стари камиони Volvo FH имаат толку долг живот во друг дел на светот“, вели Горан Санфридсон.

Санфридсонс

Основана во: 1961 година
Сопственици: Горан, Матс и Торбјорн Санфридсон.
Број на камиони: 37, од кои 32 се Volvo.
Персонал: 58 лица, од кои 50 се возачи.
Главни товари: Пијалоци, пластични цевки, бетон, дрво, камен, зачини.
Време на задржување (камиони): 8-10 години.
Големи клиенти: Herrljunga Cider, Pipelife, Kryddhuset и други.
Првиот Volvo FH: Купен во 1993 година. Продаден во 2006 година.
Сертификат за безбедност на патот: Од 2015 година.