Камиони

Зошто бројот на станици за полнење LNG расте толку брзо

| 4 минути | 4 минути
Преку различни инвестиции и владини стимулации, инфраструктурата за LNG брзо се шири. Како што се зголемува и производството на био-LNG, течниот гас брзо се покажува како остварлива алтернатива на дизелот за транспорт на стоки на долги релации.
Бензинска пумпа
Од 2018 година, бројот на станици за LNG во Европа се зголеми за четири пати. Со сегашната стапка, до 2025 година ќе има 750 станици.

Како гориво, LNG нуди многу предности, вклучувајќи ги истите перформанси како дизелот, но со значително намалени емисии на CO2 и трошоци. Полнењето гориво е исто толку брзо како дизелот и просечниот опсег на камион со LNG е добар, што го прави течниот гас остварливо алтернативно гориво за транспорт на долги релации. До неодамна, главната бариера беше недостатокот на инфраструктура за LNG, но тоа брзо се менува.
 

Зголемување на бројот на станици за полнење LNG 

Од 2018 година, бројот на станици за LNG во Европа е четирипати зголемен и сега надминува 400, вклучувајќи ги и планираните станици. Со сегашното темпо, до 2025 година ќе има 750 станици, а до 2030 година се проценува дека ќе има над 2000 станици. Овој раст е резултат на поддршката од ЕУ и различните национални влади, кои ги гледаат LNG и био-LNG како ефективно средство за намалување на емисиите на CO2 во секторите за логистика и транспорт.
 

Најсилен раст е забележан во Германија, каде што владата воведе различни стимулации од 2019 година, како исклучување од плаќање патарина за камиони со погон на LNG. Денес, во Германија има 70 станици за LNG, во споредба со само три во 2018 година.
 

„Она што се случува во Германија навистина ја промени ситуацијата“, вели Хенрик Персон, деловен менаџер за возење на долги растојанија, Volvo Trucks. „Поради големината на пазарот за камиони и географската локација поради што земјата е транзитна точка од исток и запад, ова влијае на бројот на камиони со LNG на европските патишта.“
 

Растот не е ниту ограничен на Европа, бидејќи Кина,во последниве години, забележува значителна промена од камиони на дизел кон камиони на LNG во последниве години, а во Индија владата најави дека планира да отвори 1000 станици за LNG низ целата земја во следните три години.
 

Достигнување на целосен еколошки потенцијал преку био-LNG

Иако возило на Volvo Trucks со погон на LNG обично испушта до 20 проценти помалку емисии од стандардниот европски еквивалент, како дизелот (од резервоар до тркало), намалувањето може да стигне до 100 проценти (од резервоар до тркало) ако се користи био-LNG со HVO (хидрогенизирано/хидротретирано растително масло). Тоа е затоа што био-LNG се произведува од сировини, како отпадот од домаќинствата, земјоделскиот отпад и канализацијата. Инаку, био-LNG не се разликува од обичниот LNG кога се работи за перформанси. Може да се користи истата инфраструктура за складирање на гас, транспорт и полнење гориво, а камион со LNG може беспрекорно да точи од двете горива. Всушност, некои гасни компании мешаат биогас со LNG, што е добар прв чекор кон проширување на придобивките од биогасот на сите корисници на LNG.

Главната пречка за користење на био-LNG е недостатокот на големо производство. „Во моментов достапноста е ретка во ЕУ, со исклучок на нордискиот регион“, вели Хенрик Персон. „Во Норвешка сите станици за LNG користат 100 проценти биогас. Во Шведска се користи околу 75 проценти биогас и наскоро ќе биде 100 проценти, а на истиот пат е и Финска. Како што се пуштаат повеќе камиони со LNG на пазарот, многу од поголемите компании за гас почнуваат да инвестираат во био-LNG и во остатокот од Европа“.

Во декември 2021 година, 28 европски компании и организации ја претставија „Декларацијата за биометан“ пред Европската комисија, ветувајќи дека така ќе се придонесе за зголемување на производството на биогас на најмалку 350 TWh до 2030 година. Намерата е да ѝ се помогне на ЕУ да ја исполни својата цел „Fit For 55“ за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 проценти до 2030 година.

И други компании преземаат свои иницијативи. На пример, Shell неодамна објави дека нејзината рафинерија во Веселинг, Германија, ќе се префрли од сирова нафта кон обновливи горива, вклучително и био-LNG. Shell исто така воспостави соработка со новоизградената фабрика за био-LNG на Nordsol во Амстердам, со што Shell ќе дистрибуира Био-LNG преку своите станици за LNG. Во меѓувреме, фабриката за производство на био-LNG на Biokraft AS во Скогн, Норвешка, најголемата од ваков вид во светот, ќе го удвои производството на 50 тони дневно во 2022 година. А водечкиот нордиски производител Gasum сега има 17 постројки за биогас во Шведска и Норвешка.

Како што се отвораат сè повеќе станици, LNG ќе стане остварлива алтернатива за голем број на транспортни оператори. Ова ќе им овозможи да направат брзо намалување на емисиите на CO2 во краток рок, а растот на био-LNG треба ќе им овозможи да постигнат нула емисии на CO2 на долг рок. 

Поврзани написи