Приватност

Volvo Group сериозно ја сфаќа приватноста. Ја вреднуваме довербата која ни ја давате обезбедувајќи ги вашите лични информации. Секогаш ќе ги користиме вашите лични информации на начин кој е фер и достоен на довербата.

 Секогаш ќе бидеме транспарентни со вас во врска со тоа кои информации ги собираме, што правиме со нив, со кого ги споделуваме и со кого треба да контактирате доколку имате какви било грижи.

Доколку сакате да дознаете повеќе за видот на информации кои ги собираме за вас, посетете го веб-сајтот на Volvo Group

Приватност на генералниот веб-сајт

Можете да го користите универзумот на веб-сајтот на Volvo Group без да го откриете вашиот идентитет. Детали за информациите кои стандардно ги собираме кога пристапувате на веб-сајтовите се опишани подолу. Доколку се регистрирате за која било од нашите услуги или контактирате со нас преку обрасци, ќе добиете детални информации за тоа како вашите податоци се обработуваат во врска со вашата регистрација.

Детали за идентитетот и контактот на контролорот и претставникот за заштита на податоци

AB Volvo („VOLVO“), како контролор на личните податоци, е одговорен за обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас под применливите закони и регулативи за заштита на податоците.

Доколку имате прашања во врска со обработката на вашите лични податоци, контактирајте го претставникот за заштита на податоците на VOLVO на DPO_Office@volvo.com или преку пошта или телефон на:

AB Volvo, Att: Data Protection Office, Dept AA14100, VLH, SE-405 08 Göteborg, Sweden 

+46 (0)31 66 00 00 

Кои категории на лични податоци ќе ги обработува VOLVO, за која намена и базирано на кои законски основи?

Кога пристапувате до веб-сајтот на VOLVO, вашиот веб-прегледувач технички е конфигуриран автоматски да ги пренесе следните податоци („податоци за евиденција“) до нашиот веб-сервер, кои ние потоа ги зачувуваме во датотеки за евиденција:

  • Датум на пристап
  • Време на пристап
  • URL на веб-сајтот со врска
  • Преземена датотека
  • Количество на пренесени податоци
  • Тип и верзија на веб-прегледувач
  • Оперативен систем
  • ИП-адреса
  • Име на домен на вашиот давател на интернет-пристап

Ова се исклучиво информации кои не дозволуваат да бидете идентификувани. Овие информации се потребни за технички намени за да може правилно да се испорача бараната содржина и нивното собирање е неизбежен аспект на користењето на веб-сајтовите. Податоците за евиденција се анализираат единствено за статистички намени со цел подобрување на нашиот веб-сајт и функционалноста под него. Volvo ќе ги обработува вашите лични податоци базирано на легитимниот интерес на законските основи. Легитимниот интерес на VOLVO го вклучува интересот за управување со веб-сајтовите во согласност со фер деловните практики и за одржување на достапност и функционалност на веб-сајтовите. 

Веб-колачиња
Користиме веб-колачиња и пиксели за следење за да собираме податоци во врска со вашето користење на веб-сајтот за да го прилагодиме веб-сајтот на потребите на корисниците. Собирањето на овие податоци за користење и создавањето на профил на користење се изведува на анонимни основи со користење на ИД на веб-колаче. Ги создаваме и складираме овие профили на користење само во анонимна форма и не ги комбинираме со вашето име или со која било друга информација, како вашата адреса на е-пошта, што може да го открие вашиот идентитет.

Веб-колачињата не може да се користат за изведување на програми или испорака на вируси на вашиот компјутер. Со информациите од веб-колачињата, може да ја поедноставиме навигацијата и да го олесниме правилниот приказ на нашите веб-сајтови.

Секој веб-сајт си има своја изјава за веб-колачиња каде вие како корисник може да ја видите точната употреба на веб-колачињата за тој определен сајт. 

Проследување на податоци до трети страни

VOLVO може, доколку е потребно за да ја исполни целта за обработка на личните податоци или доколку се бара со закон или регулатива, да ги сподели вашите лични податоци со друга компанија на Volvo Group, вклучувајќи и компанија вон од Европската унија или Европската економска област (ЕУ/ЕЕО). VOLVO исто така може, доколку е потребно за да ја исполни целта за обработка на личните податоци, да ги сподели вашите лични податоци со компании или снабдувачи на трети стани надвор од ЕУ/ЕЕО.

Работиме со повеќе различни даватели на услуги за да го испорачаме универзумот на веб-сајтовите на Volvo Group. VOLVO ќе обезбеди да биде поставена соодветна заштита која обезбедува соодветни нивоа на заштита на вашите лични податоци како што бараат применливите закони за заштита на податоците. .

Врски до други веб-сајтови

Нашите веб-сајтови може да содржат врски до други веб-сајтови. Немаме никакво влијание врз сообразноста или несообразноста на операторите на овие сајтови со одредбите за заштита на податоците.

Колку долго VOLVO ќе ги чува вашите лични податоци? 

VOLVO ќе ги чува вашите лични податоци онолку долго колку што е потребно да се исполнат целите поради кои се собираат личните податоци. 

Вашите права за заштита на податоците

Имате право да барате од VOLVO информации за личните податоци обработени за VOLVO и пристап до тие лични податоци. Исто така имате право да барате исправка на вашите лични податоци доколку се неточни и да барате бришење на вашите лични податоци. Понатаму, имате право да барате ограничување на обработката на вашите лични податоци, што значи дека барате VOLVO да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под определени околности. Исто така имате право на приговор на обработката базирана на легитимен интерес или обработката за директен маркетинг. Исто така имате право на преносливост на податоците (пренос на вашите лични податоци на друг контролор) доколку обработката на вашите лични податоци од страна на VOLVO се базира на согласност или договорна обврска и е автоматска. 

Исто така имате право до надзорен орган да поднесете какви било поплаки кои може да ги имате во врска со обработката на вашите лични податоци од страна на VOLVO.