Добре дојдовте во вашата нова кабина.

Добре дојдовте во вашата нова кабина.

Со апликацијата My Truck, добивате далечински пристап до вашиот камион Volvo. Со ова можете да го проверувате контролниот пулт, да ја поставувате посакуваната клика во кабината, да проверувате дали вратите се заклучени и да реагирате околу алармите – без разлика каде сте. Апликацијата е достапна за камионите Volvo FH, Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX. Доколку нас не прашате, не постои полесен начин за подобрување на вашите дневни операции.

За да ја активирате My Truck побарајте го вашиот дилер.

Три причини зошто My Truck е добредојдена

Полесно планирање

Можете да ги проверите нивоата на гориво, масло, средството за ладење и течностите, како и акумулаторот и светлата. Ова ја подобрува подготвеноста на вашиот камион пред патувањето и го прави полесно планирањето на вашите дневни операции.

Подобар комфор

Можете да ги поставите и да поставите распоред на греалката на кабината за паркинг и ладителот. Со други зборови, секогаш ќе ја имате потребната клима за удобно и комфорно патување.

Подобрена безбедност

Можете да проверите дали вратите се заклучани и да добиете известување доколку се исклучи алармот. Ова ја подобрува безбедноста на камионот и веднаш ви кажува доколку нешто не е во ред.

My Truck
My Truck

Погледнете ја и потоа преземете ја My Truck