Камиони

Volvo FE CNG. 

Моќен и продуктивен со пониски емисии. Volvo FE CNG со погон на гас е совршен за собирање и испорака на отпад и други задачи каде што послабиот шум и намалените еколошки влијанија се конкурентни карактеристики.

Лесно за ракување

Изгледа како обичен Volvo FE, но Volvo FE CNG доаѓа со мотор кој се напојува исклучиво од компримиран природен гас или компримиран биогас. Користи технологија на свеќичка и има 320 кс и 1356 Nm вртежен момент. Камионот е опремен со автоматска трансмисија. Така може да ги очекувате истите продуктивност и карактеристики на лесно возење какви што ги има Volvo FE на дизел.

Пониско ниво на емисии

Согорувањето на природен гас или биогас е целосно без мирис. Плус, испушта многу мали нивоа на штетни честички. Работата на биогас значи 100 % намалување на емисиите на CO2 од резервоарот до тркалата. Издувните гасови имаат толку ниско ниво на честички што не е потребен никаков друг последователен третман на издувните гасови освен тринасочен катализатор.

Сигурно решение

Моторот ја употребува технологијата на палење со свеќичка и има потреба од тринасочен катализатор за контрола на емисиите. Без SCR, EGR или AdBlue. Изберете помеѓу 2×4 или 2×3 резервоари за гас монтирани на двете страни на шасијата. Опсегот на работа е до 400 km за лесен транспорт и до 250 km при собирање отпад.

Многу градови ширум светот бараат алтернативи за камионите погонувани со дизел. Обновливите горива се честопати услов за добивање договори – особено кога се работи за управувањето со отпад. Со Volvo FE CNG, на компаниите кои работат во урбана средина можеме да им понудиме камион со значително помало влијание врз животната средина.

Комбинација со кабина со низок влез

Комбинирајте го погонот со ниски емисии со кабина со низок влез којашто е лесна за влегување, којашто придонесува кон градската безбедност и ја олеснува работата за вашите возачи.

Имате прашање?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го има одговорот. Наминете, јавете се или побарајте да ве посетат.