Боја на Volvo FMX

Не е црн. Туку raven.

Ја дизајниравме софистицираната црно-кафеава боја специјално за внатрешноста на Volvo FMX. И ја крстивме Raven. Таа е помалку осетлива на дамки, со што е совршена за на градилиште.

Информативна група на Volvo FMX

Информација од прв поглед

Инструмент-групата ги става виталните информации напред и во центар, а помалку користените команди подалеку. Флексибилните прекинувачи ви дозволуваат да ги одберете функциите што сакате да бидат најблиску до управувачот.

Функции на Volvo FMX

Функции на дофат на вашите прсти

Неколку функции се поместени од рачките во командите вградени во управувачот. Тие се логично групирани според функцијата и лесно се наоѓаат со прстите.

Многу простор за складирање

Многу простор за вашите работи

Пространиот простор за складирање напред, под креветот, назад и надвор може да биде приспособен точно за вашите потреби. Електричното ормарче за сушење се става на горниот кревет или на ѕидот на кабината и е брз начин да ги исушите вашата облека, крпи и чевли.

Исто така, има голем број прегради околу вас за работи како на пример документација. Вградената вдлабната полица на врвот на контролниот пулт е совршено место за чување дребулии. Има место за вашите пенкала, за телефон и USB приклучок. Има дури и држач за шише кој може да се склопи.

Управувач на Volvo FMX

Одличен управувач

Управувачот лесно се приспособува и ви нуди изобилство на простор за колената. Ергономскиот дизајн на управувачот нуди разни опции за ракофатот – затоа тој е удобен целиот ден. А ја имате и опцијата со кожа за малку екстра луксуз.

Новото седиште на возачот

Истакнато седиште

Возачкото седиште нуди извонредна поддршка, опсег и место за нозете и може да се нагодува 20 сантиметри напред-назад и 10 сантиметри вертикално. Добивате избор од четири различни тапацири и ќе седите поудобно од кога и да е.

Простран долен кревет

Паметен начин на спиење

Не го расипувајте квалитетот на спиењето само затоа што ја минувате ноќта во кабината. Долниот кревет е широк 70 сантиметри, има џебни пружини од 16 сантиметри и избор од три различни нивоа на цврстина. И можете да ги контролирате внатрешните светла, будилникот, грејачот за паркинг, аудио системот, прозорците и бравите без да станувате од креветот.

Системи за услуги на Volvo FMX

Систем за услуги и Infotainment

Навигација што е лесна за користење, Dynafleet, подобрена комуникација и квалитетна аудио забава. Интегрираниот систем за услуги и infotainment на Volvo Trucks ги соединува овие услуги во еден интерфејс – седуминчен екран на допир. Работете со него рачно, преку говорни команди и копчињата на управувачот.

Размислете за вашето искуство во кабината.

Лесни за користење системи на Volvo FMX

Лесно за користење

Поедноставете ја контролата на вашите услуги и infotainment. И почувствувајте ги придобивките: подобро и побезбедно доживување на возењето, полесна навигација и поефикасно управување со возниот парк.

Овој систем ги комбинира единицата за аудио и забава со функциите на Dynafleet и навигацијата.

Интеграцијата на услугите и infotainment значи дека лесно ќе се ракува со нив. Допрете го екранот, притискајте ги копчињата на управувачот или користете го гласот. Она што најмногу ви одговара.

VT

Качете се, вљубете се

За тура во кабината на Volvo FMX, контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks. Тие со задоволство ќе ве прошетаат наоколу.

Најдете го вашиот локален дилер