Најбрзиот пат до продуктивност? Забавете.
Ви го претставуваме
I-Shift со
степени на пренос за бавно движење.
Нашиот најпаметен менувач, кога и да било
I-SHIFT
Без оглед каква работа треба да изврши вашиот Volvo FM, со нашиот револуционерен систем на трансмисија I-Shift, ќе ја изврши подобро. I-Shift ги максимизира перформансите на возилото. Ја зголемува ефикасноста на искористување на горивото. И ја зголемува продуктивноста на возачот. Исто така, тој е брз, непречен, тивок и задоволство е да се вози.

Само возете
I-Shift го прави возењето полесно, побезбедно и многу покомфорно. Нема тешка спојка и нема менувач со кој ќе се борите. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано. Едноставноста на системот го намалува заморот на возачот, при што ви помага да се фокусирате на патот и на сообраќајот околу вас. А, ако сакате рачно да го менувате степенот на пренос, копчето на рачката на менувачот ви дава директна контрола врз менувачот.

Движете се бавно, возете штедливо
Дали I-Shift со степените на пренос за бавно движење навистина може да помогнат да се подобри економијата на горивото? Секако. Бидејќи претходно вие често бевте подготвени да ја жртвувате економијата на горивото за способност за стартување. Но, благодарение на степените за пренос за бавно движење, сега можеме да ви специфицираме камион со побрз преносен однос на задна оска што ви овозможува да ја одржувате патната брзина при многу помал број на вртежи кога возите на добри патишта. Тоа ја намалува потрошувачката на гориво за неколку проценти.

Совршена контрола во секоја насока
Маневрирањето при мала брзина е еден од најпредизвикувачките аспекти во работата. Благодарение на преносниот однос до 32:1 (и до 37:1 за назад), I-Shift со степените на пренос за бавно движење ви овозможува да возите со мали брзини дури и од 0,5 до 2 km/h. Секогаш имате целосна контрола, олеснувајќи го прецизното паркирање кога треба да го товарате и истоварате товарот и да избегнете незгоди што можат да ви го уништат денот и продуктивноста.

Кажете да за повеќе работа.
I-Shift со степени за пренос за бавно движење ја дополнува разновидноста на камионот, овозможувајќи ви да го користите истиот камион за мноштво различни услови на возење и задачи. Возите на патот и надвор од патот? Треба да превезувате екстремни товари? Работите на големи надморски височини? Специјални примени со мала брзина? Нема проблем.
Модулот со степени на пренос за бавно движење додава само 120 mm на должината и 48 kg на тежината на I-Shift.