Канцеларијата на Volvo FM

Влезете во вашата канцеларија

Тивко, професионално и одлично опремено – тоа е работно место во кое ќе сакате да го минувате времето. Боите и материјалите се педантно избрани. Контролниот пулт елегантно кружи околу просторот. А екстра-големиот ветробран ви дава команден преглед на патот.

Новиот контролен пулт на Volvo FM

Сè на дофат

Без наведнување. Без истегнување. Без тргање на погледот од патот. Во Volvo FM, сите инструменти се точно таму каде ви требаат. Клучната информација ја добивате со само еден брз поглед. А приспособливите копчиња овозможуваат да ви бидат при рака функциите што најмногу ги користите. 

Голем број места за складирање во новиот Volvo FM

Многу простор за вашите работи

Од пенкала и нотеси до вашиот телефон и омилената шолја – многу често малите работи ви помагаат да ја завршите работата. Затоа направивме многу корисни места за складирање. Пространиот простор за складирање напред, под креветот, назад и надвор може да биде приспособен точно за вашите потреби. А големиот број прегради овозможуваат работите, како на пример документацијата, да бидат организирани. Има дури и држач за персонален компјутер, корпа за хартија и држач на извлекување за дволитарско шише.

Новото удобно седиште на возачот на Volvo FM

Дали седите удобно?

Седиштето на возачот нуди извонредна потпора, опфат и место за нозете. Тоа може да се нагодува 20 cm напред-назад и 10 cm вертикално. Ќе седите поудобно од кога и да е.

Управувачот на Volvo FM кој може да се нагодува и да се навалува

Вашата совршена позиција за возење

Управувачот може да се нагодува 90 mm вертикално и да се навалува 28 степени. Пригодно се контролира со ножен педал и може да се тргне настрана кога влегувате или излегувате од кабината. Ергономскиот дизајн нуди разни опции за ракофатот – затоа тој е удобен целиот ден. А ја имате и опцијата со кожа за малку екстра луксуз.

Систем за услуги на Volvo FM

Систем за услуги и Infotainment

Навигација што е лесна за користење, Dynafleet, подобрена комуникација и квалитетна аудио забава. Интегрираниот систем за услуги и infotainment на Volvo Trucks ги соединува овие услуги во еден интерфејс – седуминчен екран на допир. Работете со него рачно, преку говорни команди и копчињата на управувачот.

Размислете за вашето искуство во кабината.

Лесно користење на Volvo FM

Лесно за користење

Поедноставете ја контролата на вашите услуги и infotainment. И почувствувајте ги придобивките: подобро и побезбедно доживување на возењето, полесна навигација и поефикасно управување со возниот парк.

Овој систем ги комбинира единицата за аудио и забава со функциите на Dynafleet и навигацијата.

Интеграцијата на услугите и infotainment значи дека лесно ќе се ракува со нив. Допрете го екранот, притискајте ги копчињата на управувачот или користете го гласот. Она што најмногу ви одговара.

Најдете го вашиот локален дилер

Раскомотете се

Поставете ја вашата позиција за возење. Испробајте го креветот. Восхитете се од погледот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе ви ги претстави сите одлики на кабината на Volvo FM.

Најдете го вашиот локален дилер