Volvo FH16 со засилен браник
Тешки, долги релации? Комплицирани, градежни локации? Застрашувачки камиони за превоз на трупци? Засилениот браник е дизајниран за најтешките терени на светот. Со него Volvo FH16 е еден од најдобрите повеќенаменски камиони на патот.

Робустен дизајн
Слично на браникот на Volvo FMX, засилениот браник е направен од висококвалитетен челик со дебелина од 3 мм. Исто така, делумно е прекриен со дебел слој од полипропилен што го прави помалку подложен на гребнатини. Суперсилен и со робустен дизајн, тој ќе го заштитува вашиот камион од гребнатини, вдлабнатини и скршени фарови на секој терен.

Зголемете го времето во возна состојба
Браникот е издржлив. Но, ако го удрите толку силно што ќе треба да се сервисира, тоа ќе да биде лесна работа. Направен од три дела, со лесно достапни шрафови, самите може да го замените секој оштетен дел – заштедувајќи посета на сервисната работилница и зголемувајќи го времето во возна состојба.

Засилено скалило за влегување
Комбинирајте го засилениот браник со засилено скалило за влегување. Благодарејќи на неговиот флексибилен дизајн, скалилото на склопување може да издржи мали удари во сите насоки без да се скрши. Засиленото скалило за влегување е достапно за шасијата X-High.