Спецификации на кабината за Volvo FH
- Димензии на кабината
- Висина на кабината од подлогата
- Одлики на кабината
Димензии на кабината
Кабина Sleeper
Кабина за спиење (CAB-SLP) со простор за комфорно ноќевање за до две лица. Внатрешната височина е 171 сантиметри, 162 сантиметри кај капакот на делот за моторот.
Кабина Globetrotter: двајца се друштво
Кабината Globetrotter (CAB-HSLP) служи и како простор за комфорно ноќевање на две лица. Плус, нејзината вертикална конструкција ве остава со многу дополнителен простор за складирање. Внатрешната височина е 205 сантиметри (196 сантиметри кај капакот на делот за моторот).
Globetrotter XL: направен за складирање
Globetrotter XL (CAB-XHSL) исто така обезбедува безбедно и комфорно сместување за две лица, но со уште повеќе простор за складирање, благодарение на нејзината дополнителна височина. Внатрешната височина на кабината е 220 сантиметри (211 сантиметри кај капакот на делот за моторот).
Висина на кабината од подлогата*
Висина A (mm) | Висина, B (mm) | Висина, C (mm) | Висина, D (mm) | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Влечно возило | Погон | Висина на шасијата | Потпирање | Пневматици | CAB-SLP | CAB-HSLP | CAB-XHSL | CAB-LSLP |
4×2 | High | Листесто/воздушно | 315/80-R22.5 | 3430 | 3800 | 3950 | 3225 | |
4×2 | High | Листесто/воздушно | 315/80-R22.5 | 3440 | 3810 | 3960 | 3235 | |
4×2 | Med | Листесто/воздушно | 315/70-R22.5 | 3350 | 3720 | 3870 | 3145 | |
4×2 | Low | Воздушно/воздушно | 315/60-R22.5 | 3230 | 3600 | 3750 | 3025 | |
4×2 | Low | Воздушно/воздушно | 315/60-R22.5 | 3250 | 3620 | 3770 | 3045 | |
4×2 | X-low | Воздушно/воздушно | 295/60-R22.5 | 3210 | 3580 | 3730 | 3005 | |
6×2 | Med | Листесто/воздушно | 315/70-R22.5 | 3350 | 3720 | 3870 | 3145 | |
Соло-камион | Погон | Висина на шасијата | Потпирање | Пневматици | CAB-SLP | CAB-HSLP | CAB-XHSL | CAB-LSLP |
6×2 | High | Воздушно/воздушно | 315/80-R22.5 | 3410 | 3780 | 3930 | 3205 | |
6×2 | Med | Воздушно/воздушно | 315/70-R22.5 | 3330 | 3700 | 3850 | 3125 | |
6×2 | Low | Воздушно/воздушно | 315/60-R22.5 | 3230 | 3600 | 3750 | 3025 | |
6×2 | High | Листесто/листесто | 315/80-R22.5 | 3460 | 3830 | 3980 | 3255 | |
6×4 | High | Листесто/листесто | 315/80-R22.5 | 3450 | 3820 | 3970 | 3245 | |
8×4 | High | Листесто/листесто | 315/80-R22.5 | 3480 | 3850 | 4000 | 3275 | |
10×4 | High | Листесто/листесто | 315/80-R22.5 | 3480 | 3850 | 4000 | 3275 |
*Приближни висини
Одлики на кабината - каде што лежи вистинската флексибилност.
Потпирање на кабината во четири точки
Изберете помеѓу конвенционални пружини со придушувачи, конвенционални пружини напред и воздушно потпирање назад или целосно воздушно потпирање.
Внесување воздух
Поставено на левата страна во горна или долна позиција, во зависност од задачата. Достапно е исто така и предно внесување воздух.
Бои
Изберете и погледнете го делот. Достапно во околу 650 варијанти на боја.
Тапацир
Достапни се неколку стилови. Винил, текстил, меко платно и кожа. Некои декорации на седиштата (исклучувајќи ги винилот и платното) може да се нарачаат да вклучуваат функција за вентилација.
Седиште за возачот
Изберете меѓу Standard, Comfort или Deluxe. Секоја од спецификациите може да се нарача со дополнителен тапацир. Дополнителната слобода доаѓа преку флексибилноста - максималното приспособување на седиштето напред-назад е 240 милиметри, а вертикалното 100 милиметри. Стандардно, седиштето на возачот е опремено со потпирач за главата, приспособлив потпирач за грбот кој може да се преклопи надолу, со вертикално и напред-назад приспособување, со приспособливо потпирање на слабините и со приспособлив агол на седиштето.
Седиште за совозачот
Достапни се две различни нивоа: Standard и Comfort. Двете може да се нарачаат со дополнителен тапацир. Седиштата на совозачот стандардно се опремени со потпирач за главата. Исто така, достапно е и подвижно седиште за совозачот.
Кревети
Направени да обезбедат комфорно ноќно спиење. Големини на кревети: 74×200 сантиметри, со среден дел широк 81,5 сантиметри или 74×200 сантиметри, што се развлекува до 88×200 сантиметри со среден дел широк 95,5 сантиметри.
Опремете ја кабината со душек од 16 сантиметри, со пружини во џебови и одличен комфор. Достапни се три опции на цврстина: Мек, полутврд, тврд.
Исто така, обезбедуваме две опции на заштитна преслека на душеците: го подобруваат комфорот и овозможуваат побрзо уредување на нештата.
Исто така, достапно: кревет за одмор со приспособлив потпирач и горен комфорен кревет (димензии 60×190 сантиметри или 70×190 сантиметри).
Внатрешен простор за складирање
Кабината содржи предна полица со четири прегради со отвори по DIN-стандард и два големи оддели за складирање со ролетни-врати на страната на возачот и на совозачот.
Под креветот може да најдете две фиоки со вкупна зафатнина од 130 литри. Дополнително, има два помали оддели за складирање, под душекот кај нозете (10 литри) и кај главата (15 литри) на креветот и оддел за складирање на креветот кај нозете за шише од PET.
Надворешен простор за складирање
На двете страни на кабината ќе најдете големи прегради за складирање што може да се отворат однадвор или однатре. На двете страни под кабината има на располагање дополнителен незагреан простор за складирање од 30 литри.
Сончев покрив/отвор на покривот
Секоја кабина е опремена со фиксен сончев покрив или како опција отвор на покривот што може да се отвора 50 милиметри. Ова се користи и како излез во случај на потреба. Приспособувањето на отворот на покривот може да се направи рачно или електрично.
Управувач
Се испорачува во две различни големини – со дијаметар од 450 милиметри или 500 милиметри, во зависност од спецификациите на камионот. Висината на управувачот може да се приспособува за 90 милиметри, а аголот за 28 степени. Со навалувањето на столбот (опција) управувачот може вертикално да се нагодува меѓу -5° и +15° - со што се зголемува комфорот на возачот.
Систем за климатизација
Три алтернативни системи за климатизација ви овозможуваат да ја контролирате температурата.
• Вентилација со вентилатор со конвенционален грејач на средството за ладење.
• Клима-уред со рачна контрола (MCC).
• Клима-уред со автоматска контрола на температурата (ECC/ECC2). Исто така, достапни со сензори за упаѓање на сонцето, услови на магла и квалитет на воздухот.
Дополнете го системот со грејач на кабината и на моторот на паркинг како и со нашиот ладилник на кабината на паркинг I-ParkCool.
I-ParkCool
Моторот не мора да работи за да уживате во климатизирана кабина. I-ParkCool создава контролирана температура во кабината во стационарно возило. Тој дејствува заедно со греалката на кабината за паркинг за да произведе удобна клима во кабината: корисно, на пример за време на ноќите кога температурите паѓаат нагло и одеднаш.
Системот ја проверува состојбата на акумулаторот за да не ја загрози способноста за стартување. И пресметува колкава моќност е потребна за да се грее или лади кабината. Ако акумулаторите не се целосно наполнети, системот пресметува колку може безбедно да се користи.
Освен тоа, тој е тивок. Системот произведува околу 20 dB помалку бучава од конкурентните системи на пазарот, намалувајќи ја бучавата и помагајќи му на одморањето.
Системот е целосно интегриран во нормалниот систем за вентилација на возилото*, а топлиот и ладниот воздух се дистрибуираат преку обичните отвори како што е потребно, рамномерно распоредени. Тој не влијае на аеродинамиката на кабината и на висината за стоење во неа.
* Со исклучок на греалката за кабината (PH-CAB)