Врвниот камион за превоз на долги релации

Volvo FH со I-Save е идеално решение за намалување на потрошувачката на гориво при превоз на долги релации – без загрозување на управливоста.
Колку подалеку возите, толку повеќе можете да заштедите за попрофитабилно работење.

Ги намалува трошоците за гориво до 7%

Ги намалува трошоците за гориво до 7%

Со комбинирање на високо ефикасниот мотор D13TC и одликите за штедење гориво, како
I-See базиран на мапи, Volvo FH со I-Save ги намалува трошоците за гориво до 7%* при превоз на долги релации.

* D13TC Euro 6 чекор D со пакет за гориво за превоз на долги релации (I-Save) наспроти D13 eSCR Euro 6 чекор D. Фактичката економија на горивото се разликува во зависност од многу фактори, како што се користење темпомат, реалната топографија, возачкото искуство на возачот и временските услови.

Зголемување на продуктивноста

Зголемување на продуктивноста

Моќниот мотор D13TC произведува 300 Nm поголем вртежен момент при помал број вртежи. Значи треба помалку да притискате на педалот за гас и ви треба помалку гориво за да одржите постојана брзина во сообраќајот на автопатот. Работејќи во комбинација со I-See, моторот овозможува минување со нагорнините со поголем степен на пренос – штедејќи гориво без губење брзина. Дополнителниот вртежен момент, исто така, овозможува повисока просечна брзина, особено забележливо при искачувањето на нагорнини.

Повеќе комфор за возачот

Повеќе комфор за возачот

Volvo FH со I-Save ви овозможува да возите подолго време со помал број вртежи и поголем степен на пренос – што придонесува за понепречено, потивко возење. Возачите, исто така, може да очекуваат побрза реакција на вртежниот момент, што го прави овој камион уште поинспиративен.

Ова е Volvo FH со I-Save

Ова е Volvo FH со I-Save

Volvo FH со I-Save ги содржи високо ефикасниот мотор D13TC и обемниот пакет за гориво за превоз на долги релации. Секоја одлика на I-Save е дизајнирана, а тоа е тестирано и докажано, за штедење гориво при превози на долги релации.

Пакетот за гориво за превоз на долги релации ги содржи ажурираниот I-See базиран на мапи, I-Shift со оптимизиран софтвер за превоз на долги релации, I-Cruise со I-Roll, нови задни оски што придонесуваат за ефикасно искористување на горивото, гаснење на моторот во празен од и пумпа за сево управувачот со променлива зафатнина.

Моторот D13TC на Volvo – моќен, но сепак со ефикасно искористување на горивото

Моторот D13TC на Volvo – моќен, но сепак со ефикасно искористување на горивото

D13TC е нашиот мотор со најефикасно искористување на горивото досега. Достапен со 460 и 500 КС, тој има клипови со патентирана брановидна внатрешност што го подобрува согорувањето и ја зголемува ефикасноста. Благодарение на турбокомпаунд технологијата, моторот D13TC целосно ја искористува достапната енергија во секоја фаза, давајќи зголемена ефикасност во целиот опсег на бројот на вртежи – со најдобар резултат во опсегот од 900 до 1400 врт/мин.

Опсег на моторите на Volvo
Ажуриран I-See базиран на мапи

Ажуриран I-See базиран на мапи

I-See го користи познавањето на патот напред за да ја искористи на најдобар можен начин енергијата на движење на камионот при возење на ридест терен. Тој води сметка за изборот на степените на пренос, забрзувањето и моторно сопирање кога е активиран I-Cruise. I-See има нова мапа со висока резолуција за попрецизно топографско позиционирање.

Прочитај повеќе
Ажуриран I-Shift за превоз на долги релации

Ажуриран I-Shift за превоз на долги релации

Дизајниран специјално за ефикасно возење на автопат, I-Shift со оптимизиран софтвер за превоз на долги релации ви штеди гориво. Кога вози во економичен режим, секое менување на степенот на пренос е прецизно темпирано, така што моторот работи во најефикасниот опсег на вртежи.

Прочитај повеќе
I-Cruise со I-Roll

I-Cruise со I-Roll

I-Cruise помага да се одржи рамномерна брзина, приспособувајќи го бројот на вртежи за да одржи мала потрошувачка на гориво. Исто така, помага да се одржи висока просечна брзина за зголемување на продуктивноста, а истовремено придонесува за побезбедно, поудобно возење. При возење на надолнина, I-Roll автоматски го одвојува моторот за да ја користи инерцијата на камионот наместо гориво.

Прочитај повеќе
Искусете го Volvo FH со I-Save

Искусете го Volvo FH со I-Save

Погледнете што можете да постигнете со новиот Volvo FH со I-Save – заштеда на гориво без загрозување на управливоста и задоволството на патот пред вас.

Најдете го вашиот локален дилер
Повеќе совети за тоа како да штедите гориво

Повеќе совети за тоа како да штедите гориво

Земете дел од стручни статии и сознанија

Разговарајте со специјалист