Уште од првиот ден, Volvo динамичкото управување овозможува совршена стабилност при големи брзини, целосна контрола при мали брзини и намалување на напрегањето на вашите мускули. Сега, тоа ви помага и во избегнувањето зализгувања и ненамерни промени на лента, ви дозволува да поставите претпочитани поставки за управувачот и дури ви нуди далечинска контрола на управувачот.

Видео за тоа како работи Volvo динамичкото управување

Како работи Volvo динамичкото управување

Технологија на управување со ултра брза реакција

Нашата патентирана технологија го комбинира конвенционалното хидраулично серво-управување со електричен мотор поставен на механизмот за управување. Процесирајќи ги влезните податоци од неколку сензори, ECU (електронската контролна единица) одредува каде оди камионот и која е намерата на возачот. Моторот се контролира 2.000 пати секоја секунда и користи принцип наречен „torque overlay“ (заобиколување на вртежниот момент) за да ги поправи ненамерните движења во управувањето и да обезбеди дополнителен вртежен момент кога е потребно. Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските, вклучувајќи ги и двојните предни оски.

Динамичко управување на Volvo FH

Возење без напор при секаква брзина

При големи брзини, Volvo динамичкото управување ве одржува стабилно и точно на патеката. А за време на бавно и внимателно маневрирање, тоа ви ја обезбедува силата за управување, без разлика на товарот. Совршено сме сериозни кога велиме дека можете да го управувате новиот Volvo FH со еден прст.

Возач на камион вози наназад со Volvo динамичкото управување

Наназад. Сега е лесно како и нанапред.

Го симнавме напорот од возењето наназад на целосно натоварен камион. Volvo динамичкото управување ви дава совршена прецизност, управување речиси без напор и автоматски го враќа управувачот во неутрална положба. А со подобрената стабилност на насоката можете да возите наназад повеќе од 100 метри без да скршнете од насоката.

Возење право како стрела на Volvo FH

Возење право како стрела во секакви услови

Поправките на курсот што ги правите по користење сопирачки на нерамна површина? Не постојат. Удари од дупки, бразди и ознаки на патот? Речиси незабележливи. Volvo динамичкото управување го балансира дури и ефектот од силниот страничен ветер. Олабавете го вашиот стисок на управувачот – камионот ќе ја смени насоката кога вие тоа ќе го посакате.

Раце на возач на управувачот

Динамичко возење

Со Volvo динамичкото управување со лични поставки, вие сте главни. Вие ја поставувате отпорноста на управувачот која одговара на условите на возењето и вашите желби. Можете да изберете претходно нагодена поставка или целосно да приспособите поставка. Резултатот — ви помага да го добиете токму возачкото доживување што го сакате.

Погледнете како функционира
Volvo FH вози во студена средина

Избегнете зализгување

Volvo динамичкото управување со помошта за стабилност го минимизира ризикот од незгоди поради зализгување. Доколку системот открие зализгување, веднаш додава мала помош на управувачот. Тоа ви помага да го насочите возилото во спротивната насока и да го стабилизирате — дури и пред да сфатите дека нешто ќе се случи.

Погледнете како функционира
Volvo FH вози „рамо до рамо“ со автомобил Volvo

Останете во лента

Volvo динамичкото управување со помошта за останување во лента ја минимизира опасноста од превртување и судир со други возила. Доколку камионот ненамерно се приближи до ознаките на коловозната лента, блага поддршка во управувањето ви помага да се вратите во предвидената насока. Тоа е едвај забележливо, но ја подига безбедноста на ново ниво.

Погледнете како функционира
Возач однадвор, далечински управува со Volvo FH

Добре дојдовте во вашата нова кабина.

Volvo динамичкото управување со надворешно управување ви овозможува да управувате со камионот преку далечински управувач. Тоа е идеално во услови кога повторувачки кратки движења на камионот се искомбинирани со работа надвор од кабината. Вашата продуктивност се подобрува, да не спомнуваме како вашиот работен ден станува многу поудобен.

Погледнете како функционира
Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте да го пробате динамичкото возење?

Побарајте го локалниот дилер на Volvo Trucks за да го искусете најлесното тест-возење досега.

Најдете го вашиот локален дилер