Кривата на вртежен момент на дизел-моторот

Поглднете ги нашите криви

Одличен вртежен момент при мал број вртежи. Екстремно широк опсег на максимален вртежен момент. И врвен вртежен момент кој се преклопува со врвната моќност во средниот опсег на бројот на вртежи. Споредете ги нашите криви на вртежниот момент и ќе ја видите разликата. Качете се во кабината и ќе го почувствувате – неверојатно забрзување, ненадмината влечна сила и пријатно возење со ефикасно искористување на горивото при голема брзина. 

 

Погледнете ги комплетните спецификации на погонската група

Ефикасната потрошувачка на гориво ви става пари во џебот, а придонесува и за одржливоста

Вградена ефикасност на искористување на горивото и грижа за животната средина

Зголемен однос на компресија кај моторите 420 и 460. Оптимизирано турбо кај моторите 500 и 540. „Common rail“ вбризгување на гориво за сите мотори и софтвер нагоден да понуди најдобра контрола на моторот: плус, намалено внатрешно триење. Сè што е потребно за оптимизирање на искористувањето на горивото и подобрување на вртежниот момент на моторот и реакцијата при мал број на вртежи во минута. Ова прави разликата врз вашиот краен резултат. И за животната средина.

Моторна сопирачка на Volvo FH

Моторна сопирачка на Volvo – VEB+

Нашата патентирана моторна сопирачка, VEB+, користи единствен дизајн на оската со брегови за да апсорбира до 375 kW (510 КС) на D13. Кога е споена со нашиот систем на трансмисија I-Shift и паметниот темпомат, можете да одржувате поголеми просечни брзини без нарушување на безбедноста или економијата на горивото.

Коњски сили на Volvo FH

Изберете ги коњските сили

Одберете од четирите различни моќности – 420, 460, 500 или 540 КС.

Најдете го вашиот локален дилер

Повеќе погон Намалено гориво

Искусете ја моќноста и ефикасноста на нашиот опсег мотори кај локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер