Истражете го приборот на Volvo FE и дознајте како вистинскиот прибор може да го трансформира вашиот камион, да заштеди време, да ја зголеми ефикасноста и да го претвори вашето работно место во дом.
Политика за веб-колачиња
Ги користиме веб-колачињата за да ви понудиме најдобро доживување на нашиот веб-сајт. Ако уште не сте ги смениле вашите поставки, ќе сметаме дека сакате да ги примате сите веб-колачиња за фајловите на сајтот на Volvo. Меѓутоа, можете да ги смените вашите поставки за веб-колачиња на фајлот. Ве молиме, имајте предвид дека доколку ги смените вашите поставки за веб-колачињата, ние повеќе не можеме да гарантираме дека нашиот веб-сајт правилно ќе функционира. Може да се изгубат некои функции на сајтот и тогаш нема да можете да видите дел од сајтовите. За да дознаете повеќе за веб-колачињата, погледнете ја нашата Изјава за веб-колачиња.
NotificationCookie
Ги користиме веб-колачињата за да ви понудиме најдобро доживување на нашиот веб-сајт. Ако уште не сте ги смениле вашите поставки, ќе сметаме дека сакате да ги примате сите веб-колачиња за фајловите на сајтот на Volvo. Меѓутоа, можете да ги смените вашите поставки за веб-колачиња на фајлот. Ве молиме, имајте предвид дека доколку ги смените вашите поставки за веб-колачињата, ние повеќе не можеме да гарантираме дека нашиот веб-сајт правилно ќе функционира. Може да се изгубат некои функции на сајтот и тогаш нема да можете да видите дел од сајтовите. За да дознаете повеќе за веб-колачињата, погледнете ја нашата\26nbsp;\3c a href=\22\2f content\2fvolvo\2fvolvo-trucks\2fmarkets\2fmacedonia\2fmk-mk\2fhome\2fmisc\2f cookies.html\22\3eИзјава за веб-колачиња\3c\2f a\3e. Политика за веб-колачиња ВО РЕД # no ВО РЕД
Вашиот личен инструктор за гориво ја врши тешката работа наместо вас. Тие ги анализираат техниките за возење и истакнуваат области каде што однесувањето при возење може да се подобри – и да се направи одржлива заштеда.
„Секоја капка е важна“ е филозофијата што ја применуваме во Volvo Trucks за да ги намалиме потрошувачката на горивото, CO2 емисиите и влијанието врз животната средина.
„Секоја капка е важна“ е филозофијата што ја применуваме во Volvo Trucks за да ги намалиме потрошувачката на горивото, CO2 емисиите и влијанието врз животната средина.
Секогаш сме заинтересирани за вашите повратни информации. Дознајте како да нѐ контактирате.
Тој е повеќенаменски. Но не е општ. Приборот на Volvo Trucks го трансформира вашиот Volvo FE во совршен камион за вашиот бизнис. Тој ја зголемува ефикасноста (сетете се на одбојниците за воздух и софтверските пакети) Ја прави вашата работа полесна и побезбедна (дополнителни светла и опрема). И прави кабина во која ќе сакате да работите.
Системот за проток на воздухот се состои од одбојници за воздух на покривот и страните. Системот е развиен преку сеопфатни тестирања во воздушен тунел и на пат за да се обезбеди најголема можна заштеда на гориво.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Одличен потенцијал за заштеда на гориво
Намалени емисии
Интегриран дизајн и развиен специјално за кабините на Volvo
СИСТЕМ ЗА ПРОТОК НА ВОЗДУХОТ, ОДБОЈНИЦИ ЗА ВОЗДУХ ОД СТРАНА НА КАБИНАТА
Страничните одбојници се витален дел од системот за проток на воздухот. Со комбинирање на страничните одбојници со одбојникот за воздух на покривот, отпорот на воздухот е оптимално намален.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Одличен потенцијал за заштеда на гориво
Намалени емисии
Интегриран дизајн и развиен специјално за кабините на Volvo
НАДВОРЕШЕН ВИЗИР ЗА СОНЦЕ
Визирот за сонце значително го намалува блесокот на сонце во кабината и ризикот од заслепување. Тој исто така ја одржува кабината поладна. Отпорно на удар и топлина
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ја подобрува безбедноста на патот благодарение на намалениот блесок на сонцето
Ја одржува кабината поладна
Му дава на камионот персонализиран изглед
Тестирано во воздушен тунел за најдобра аеродинамика
ОДБОЈНИЦИ ЗА ВОЗДУХ ЗА СТРАНИЧНИ ПРОЗОРЦИ
Совршен за спречување непријатен ветер и дожд во кабината. Стилско и практично дополнување на вашиот камион што не го попречува видното поле на возачот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Интегриран дизајн
Вентилација без провев
Лесно за поставување
Се испорачува во комплети, комплетно за едно возило
ВОЗДУШНА СИРЕНА, МОНТИРАНА НА ПОКРИВОТ
Дополнителната електрично-пневматска сирена одекнува со моќен тон, предупредувајќи ги учесниците во сообраќајот во близина. Воздушната сирена се управува сигурно и безбедно со копче на управувачот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ја подобрува безбедноста во сообраќајот во критични ситуации
Го персонализира камионот
Тестирано во воздушен тунел за мал воздушен отпор
ДРЖАЧ ЗА НА ПОКРИВ ЗА ПРИБОР
Наменет за различни типови прибор како воздушни сирени, ротациони светла за предупредување, дополнителни светла за возење, знаци за реклами и антени. Монтирано во претходно издупчените дупки во држачот за на покрив. Држачот за на покрив мора да се дополни со електрично ожичување со конектор што ќе оди од покривот до прекинувачот во полицата за радио.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Погодно за поставување различен прибор
Обезбедува инсталација на прибор којашто не пропушта вода
СВОД НА ПОКРИВОТ СО ИЛИ БЕЗ СИСТЕМ ЗА ПРОТОК НА ВОЗДУХОТ
Засилениот алуминиумски свод обезбедува флексибилност кога се поставува прибор на покривот, на пример дополнителни светла и светло за предупредување. Достапен е комплет за инсталација за лесно поставување на секој од приборите. Ги исполнува високите стандарди на Volvo за цврстина против протекување.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно поставување дополнителна опрема на покривот
Инсталација со висока отпорност на протекување
Си испорачува со материјал за инсталирање и упатство за монтирање
Минорни ефекти врз аеродинамиката и тежината на возилото
Светла(8)
ДНЕВНО СВЕТЛО ЗА ВОЗЕЊЕ
Софтверска надградба на Светла за дневно возење (DRL). Ги исполнува законските барања каде што светлата за дневно возење се задолжителни. Кога е активирано собореното светло, DRL-светлото е затемнето до светло за паркирање.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Придонесува кон побезбеден патен сообраќај, благодарение на подобрената видливост на камионот на патот
Уникатен изглед со V-форма
Брзо и едноставно инсталирање – само надградба на софтверот преку алатката Volvo Tech
РЕФЛЕКТОРСКИ СВЕТЛА: ОВАЛНИ И БЕЛИ
Овални и бели рефлекторски светла во паметен дизајн за побезбедно возење во темнина. Првенствено наменет за инсталирање во решетката.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Дополнителното осветлување ви помага да гледате и да бидете видени
Го прави возењето ноќе побезбедно и многу покомфорно
ОБЕЛЕЖУВАЧКИ И ПОЗИЦИОНИ СВЕТЛА
Обележувачки и позициони светла за страната на вашата шасија и/или приколка. Другите возила можат да ја видат целосната должина на вашата шасија и приколка во темнина и лошо време. Ја подобрува безбедноста, особено при престигнување или на раскрсници.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ја подобрува безбедноста
Брзо поставување – сите возила се подготвени ожичени за сијалички за идентификација
Отпорно на корозија и направено многу цврсто
РЕФЛЕКТОРСКИ СВЕТЛА: ПРАВОАГОЛНИ
Ја подобрува видливоста во темнина и лошо време. Правоаголните рефлекторски светла на Volvo одговараат на сите типови возила и овозможуваат широк избор на локации.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Дополнителното осветлување ви помага да гледате и да бидете видени
Го прави возењето ноќе побезбедно и многу покомфорно
Краток и широк или долг и тесен зрак
ПОМОШНИ СВЕТЛА ЗА МАГЛА
Светла за магла инсталирани под фаровите.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Подобрете ја безбедноста на патот
Обезбедува подобрена видливост
Светилки од 70 W
РЕФЛЕКТОРСКИ СВЕТЛА: ТРКАЛЕЗНИ, СИНИ ИЛИ БЕЛИ СО ПАРКИРНИ СВЕТЛА
Помошните светилки на Volvo идеално ги дополнуваат стандардните фарови на долгите светла. Светлото со долг досег ги засилува главните зраци на фаровите и светлото за дневно возење и го прави камионот повеќе видлив. Ноќното возење станува уште побезбедно.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Дополнителното осветлување ви помага да гледате и да бидете видени
Го прави возењето во темнината побезбедно и многу покомфорно
РОТАЦИОНО СВЕТЛО ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Килибарно или сино предупредувачко светло за предната шипка за покрив. Обезбедува одлично целосно предупредување благодарение на ротирачките светла (ротациони светла).
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Отпорно на удар
Поставено на лост или на покривот
Водоотпорен комплетен пакет за инсталација
РАБОТНА СВЕТИЛКА: НА ПОКРИВОТ/ОДЗАДИ НА ЅИДОТ НА КАБИНАТА
Работната светилка на Volvo покрива широка област на користење. Шемата на светлина е доволно широка да ја покрие платформата или целата област околу спојувањето на седлото. Леќата е поврзана со куќиште целосно отпорно на сите временски услови. Вградената рачка го олеснува вртењето на светилката за најдобро насочување.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Широка, постојана шема на осветлување
Монтажни елементи отпорни на сите временски услови
Отпорно на удар, гребење и корозија
Вртење со вградената рачка
Тркала(7)
ТРКАЛА ОД АЛУМИНИУМСКИ ЛЕГУРИ
Тркалата од алуминиумска легура нудат добар комфор поради концентричната прецизност истовремено намалувајќи го абењето на пневматикот. Малата тежина (речиси половина од челичните бандажи) заштедува скапоцен капацитет за товарање. Благодарение на подобрата дисипација на топлина на алуминиумот, животниот век на сопирачките и пневматиците е зголемен. Алуминиумските тркала исто така му даваат стилски изглед на камионот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Зголемена носивост и намалена потрошувачка на гориво поради помалата тежина
Подобрен имиџ – стилски изглед
Зголемена цврстина и издржливост
100% може да се рециклира
Третманот Dura-Bright® на површината ги елиминира пукнатините, лупењето и корозијата
КАЛНИЦИ
Калниците го штитат камионот од камења, кал и валкани услови.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Скроено и аеродинамички проектирано
Истрајно
Не се вее во заветрина
ЗАДНИ КРИЛА НА ЗАШТИТНИЦИ ОД КАЛ
Одржувајте ги камионот и блиските возила чисти со покривање на задните тркала. Почитувајте ги прописите во повеќето земји.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
За сите различни димензии на пневматици
Лесно и со долг работен век
Приспособливо во две позиции
Целосна заштита со одделив врв
КАПИ НА НАВРТКИТЕ НА ТРКАЛАТА
Капите на навртките на тркалата ги заштитуваат навртките и даваат попаметен изглед. На капите е втиснат железниот знак на Volvo. Одговара за сите челични и алуминиумски бандажи со шрафови на тркалата од 10 милиметри.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Дајте му привлечен изглед на вашиот камион
Лесно за монтирање
КАПАЦИ ЗА ТРКАЛА: ПЛАСТИКА
Дизајнирано да обезбеди намален отпор на воздухот. Заедно со системите за проток на воздухот, тие помагаат значително да се подобри ефикасноста на искористување на горивото. Тие исто така обезбедуваат привлечен и персонализиран изглед на вашето возило.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Направено од издржлива пластика, отпорна на удари
Лесно и безбедно поставување на тркалата
Дајте му привлечен изглед на вашиот камион
За сите возила со челични бандажи од 22,5"
КАПАЦИ ЗА ТРКАЛА:
Капаци од полиран не`рѓосувачки челик за заштита на бандажите и тркалата. Отпорно на гребење и корозија. Одговара за сите челични и алуминиумски бандажи со 10 шрафови на тркалата.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Заштитете ги бандажите и тркалата
Лесно поставување
Црна, централна плоча со железен знак на Volvo
Одговара за сите челични и алуминиумски бандажи со шрафови на тркалата од 10 милиметри
КАПАЦИ ЗА ТРКАЛА: НЕ`РЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК
Капаците на тркалата од полиран не`рѓосувачки челик ги заштитуваат бандажите и шрафовите на тркалата. Црна, централна капа со железен знак на Volvo со хромиран ефект.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Дајте му привлечен изглед на вашиот камион
Лесно и безбедно поставување на тркалата за кратко време
Отпорно на гребење и корозија
За сите возила со челични бандажи од 22,5"
Шасија(2)
БИОДИЗЕЛ КОМПЛЕТ ЗА ДОГРАДБА
Овој комплет го прави возилото со Euro6 компатибилно со биодизел. Со овој комплет возилото ги исполнува прописите за Euro6 емисии без оглед на пропорцијата на користениот биодизел. Комплетот дозволува користење на обичен дизел и биодизел до 100% биодизел, како и обичен дизел (B7). Погодно за Volvo FL MDE5 240 КС и Volvo FE MDE8 320 КС.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Помало влијание врз животната средина
Автоматско приспособување без оглед на мешавината на гориво
КАПАЦИ СО КЛУЧ ЗА ОТВОРОТ ЗА ГОРИВО И ADBLUE-КАПАЦИ
Капаците со клуч за отворот за полнење се евтина заштита против кражба и саботажа. Одвоени или во практични комплети за капаците за резервоарите со гориво и AdBlue со еден заеднички клуч.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Спречува кражба или саботирање на горивото или AdBlue
Сигурно, дури и во влажни и студени услови
Лесно за фаќање
Еден клуч и за гориво и за AdBlue
Комуникација и електроника (16)
РАДИО, ОСНОВНО
Аудиосистем со основни функции. Се одликува со радио и CD-плеер.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Аудиосистем со основни радиофункции и CD-плеер
Лесен за користење аудиосистем со извонредна репродукција на звукот
Радио-единица со код против кражба
РАДИО, MID
MID радио - Аудиосистем со подобар квалитет на звук; исто така репродуцира MP3 и WMA датотеки од CD.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Аудиосистем со основни радиофункции и CD-плеер
Лесен за користење аудиосистем со извонредна репродукција на звукот
Радио-единица со код против кражба.
ЗВУЧНИЦИ
Оваа серија на дополнителни звучници е развиена за аудио-единиците на Volvo.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Одлична репродукција на звук
Извонредна отпорност на вибрации
Приспособени на високите акустични и електрични барања на Volvo
Висока отпорност на влага
АНТЕНА ЗА CB-РАДИО
Радиоантена за комуникација монтирана на десната страна на покривот на кабината. Исправената антена може да се навалува да овозможи приспособување на максималните ограничувања на висината.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно за приспособување на максималната висина
ДРЖАЧ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Држачот нуди безбедна позиција за мобилниот телефон, правејќи го достапен секогаш кога е потребен.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
За едноставно и безбедно поставување на мобилниот телефон на контролниот пулт
Вклучени се сите потребни делови за инсталација
Мора да се комплетира со држач за конкретниот мобилен телефон
Достапен за волан од левата и од десната страна
ОБНОВУВАЧ НА АКУМУЛАТОРОТ
Обновувачот на акумулаторот е сигурна опција за повеќе време во возна состојба, максимални перформанси на акумулаторот и подолго време на користење. Тој спречува и ја намалува сулфатизацијата на новите акумулатори. Тој исто така ги враќа перформансите на постарите акумулатори.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Зголемено време во возна состојба
Нема повеќе сулфатизирани акумулатори – секогаш брза и безбедна моќност при палењето
Ги елиминира високите трошоци на застоите и дефектите поради проблеми со акумулаторот.
МОДУЛ ЗА СОСТАВУВАЊЕ КАРОСЕРИИ (BBM) – ЕЛЕКТРИЧЕН ИНТЕРФЕЈС ЗА СОСТАВУВАЧИТЕ НА КАРОСЕРИЈА
Електричниот центар за составување каросерии (BBEC) обезбедува информации на возилото за надградбата. Тој ѝ дозволува на инсталацијата на надградбата да го контролира возилото, на пример старт/стоп на моторот, вртежите на моторот и PTO. Информациите од опремата до екранот на возачот исто така се испорачуваат преку BBM.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Го поедноставува инсталирањето на надградбата и го намалува времето на чекање за испорака.
Достапни се разни нивоа за да одговараат на различните потреби на клиентите.
Високото ниво нуди голем број на одлики, вклучувајќи го и Модулот за составување каросерија.
ДОГРАДБА/НАДГРАДБА НА ПРИКЛУЧОК ЗА ДАВАЊЕ ПОГОН (PTO)
Volvo има широк опсег на приклучоци за давање погон, монтирани на моторот и на менувачот, за погонување на различни видови опрема. Комплетите PTO се достапни за различни конфигурации – типови на камиони, мотори/менувачи и примени.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Направено да се вклопи со моторите и трансмисиите на Volvo
НАДГРАДБА/ДЕГРАДИРАЊЕ НА ТАХОГРАФ НА ДИГИТАЛЕН/АНАЛОГЕН
Доколку сакате да промените од аналоген на дигитален тахограф, тој е достапен како прибор. Деградирање од дигитален на аналоген е исто така можно.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно за инсталирање и управување
Ја зголемува безбедноста на патот
Сите добри одлики на дигитален тахограф
СОФТВЕРСКИ ПАКЕТ ЗА I-SHIFT: ДИСТРИБУЦИЈА И ГРАДЕЖНИШТВО
Додава паметни функции I-Shift кои го прават маневрирањето при мали брзини полесно. Особено е корисно за камиони во дистрибуцијата и градежништвото.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Го олеснува маневрирањето при мали брзини
Брзо и едноставно инсталирање
СОФТВЕРСКИ ПАКЕТ ЗА I-SHIFT: ОСНОВЕН
Софтверски пакет кој на I-Shift му ги дава основните функции на менувачот за сестрано возење. Вклучени функции: Функции PTO и Vocational, Поставување на изборот на степенот на пренос, Стратегија за менување на степените на пренос, Менување на степенот на пренос со добар перформанс, Следење на температурата на маслото во менувачот
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Го враќа I-Shift во неговата оригинална состојба
Брзо и едноставно инсталирање
СОФТВЕРСКИ ПАКЕТ ЗА I-SHIFT: ЕКОНОМИЈА НА ГОРИВОТО
Го опремува I-Shift за ефикасно искористување на горивото. Ја содржи функцијата I-Roll за слободно движење во лер (претходно нарекувана Eco-Roll).
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ја подобрува економијата на горивото
Содржи I-Roll
Брзо и едноставно инсталирање
ОПЦИЈА I-SHIFT: ФУНКЦИЈА KICK-DOWN
Функцијата kick-down за постигнување максимално забрзување
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Функција Kick-down
Брзо и едноставно инсталирање
ОПЦИЈА I-SHIFT: ПОДОБРЕНИ PTO-ФУНКЦИИ
Интелигентни функции што обезбедуваат повеќе можности да ја скроите работата на приклучокот за давање погон според потребите на вашата надградба.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно за кроење на функциите PTO
Брзо и едноставно инсталирање
ТЕЛЕМАТИЧКА ПОРТА (TGW)
Овој TGW-софтвер го поврзува камионот со мрежа GSM/GPRS/3G. Тој е предуслов за неколку далечински услуги, како што е Dynafleet.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Го подготвува камионот за неколку врвни софтверски функции
Поддржува далечинско преземање од дигитален тахограф
Предуслов за одликите на Dynafleet
СОФТВЕР ЗА ГАСНЕЊЕ НА МОТОРОТ ВО ПРАЗЕН ÒД
Кога моторот е оставен во празен òд определено време, тој се исклучува за да заштеди гориво. Времето на доцнење лесно може да се нагоди. Кога се користи PTO, функцијата за гаснење на моторот во празен òд не работи.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Помало влијание врз животната средина (помалку CO2)
Подобрена економија на горивото
Брзо и едноставно инсталирање
Препорачани додатоци(9)
ФЛУОРЕСЦЕНТЕН ЕЛЕК: ФЛУОРЕСЦЕНТЕН
Безбедносниот флуоресцентен елек го прави возачот видлив покрај патот. Тој е направен од жолто флуоресцентно полиестерско платно и се одликува со три рефлектирачки ленти однапред и одназад широки 50 милиметри.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Подобрена безбедност – треба да е достапно во сите возила
Отпорно на гориво и масло
Се пере на 40°C
КОМПЛЕТ СИЈАЛИЦИ И ОСИГУРУВАЧИ
Кутијата содржи сијалици од 24 V и осигурувачи со различни големини и модели. Со овој комплет секогаш спакуван во камионот, при рака имате нови сијалици и осигурувачи со што патувањето дење и ноќе станува побезбедно.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Секогаш при рака најчесто потребните сијалици и осигурувачи
Предметите се спакувани во практична пластична кутија
Придонесува кон безбедно и сигурно патување
ЧЕКАН ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ ВО КАБИНАТА
Чекан за итен случај во различни верзии. Им овозможува на возачот и совозачот да одбегнат заробување во кабината со кршење на прозорците на камионот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Практичен држач за безбедно прицврстување
ДЕТЕКТОР ЗА ЧАД
Детекторот за чад дава звучен аларм во случај на пожар или чад во кабината.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Може да спаси живот
Има функција што дозволува привремено исклучување на уредот (на пр. за пушење)
Лесно за прицврстување
АПАРАТ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАР
Апаратот за гаснење пожар е важен дел од опремата за безбедност. Екстремно сигурен, со голем капацитет, издржува температури до -30°C. Исто така, за гаснење пожари во електричните системи и сопирачките.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Важно средство за безбедност
Се монтира на возачкото седиште
Голем капацитет (2, 2,3 или 3 kg)
ЦРВЕН СИГУРНОСЕН РЕМЕН
Црвениот сигурносен ремен на Volvo има иста функција како и стандардниот сигурносен ремен со три точки. Но црвената боја уште повеќе ја нагласува потребата од неговата употреба. Добра иницијатива за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Јасно укажува на употребата на сигурносни ремени
Придонесува кон подобрување на безбедносниот имиџ на компанијата
АЛАРМ ЗА ДВИЖЕЊЕ НАНАЗАД
Ја подобрува безбедноста за пешаците и возилата зад камионот којшто се движи наназад. Алармот е поврзан со позиционото светло на камионот и автоматски испушта звук кога е избран степен на пренос за движење наназад.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Подобрена безбедноста за пешаците и возилата
Се активира автоматски кога е избран степен на пренос за движење наназад
Лесно за поставување
Издржлив дизајн отпорен на сите временски услови
ПЕРНИЧЕ ЗА ПРВА ПОМОШ
Сè во едно, корисен пакет за мали и сериозни повреди: леплив фластер, влошки за перење и сушење, облоги, еластични завои, респираторна маска, ракавици, ножици итн.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Нема губење време во итни ситуации
Комплетен пакет, пригодно спакуван
Сите предмети се поединечно спакувани и стерилни
Инструкции на повеќе јазици
ПРЕНОСЛИВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И РАБОТНО СВЕТЛО СО БАТЕРИИ
Преносливото светло може да се користи како предупредувачко светло во случај на непланиран застој. Светлото исто така може да се користи кога работите во темни услови. Вклучени се пет батерии D.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Проширена безбедност во случај на непланиран застој во темни услови
Пригодно кога работите во темнина
Опремено со две светилки од 6 V, 2,4 W
Комфор(14)
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ
Со поврзување на воздушен пиштол на доводот во внатрешноста на кабината може да го искористите системот за компримиран воздух во камионот за да ја издувате прашината од внатрешноста на кабината или да ги исчистите вашата облека и чевли.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесен и пригоден начин за чистење на внатрешноста на кабината
Полиуретанска цевка во вид на пружина од 2 метри
Лесно поврзување и исклучување на цревото
ГРЕАЛКА ЗА КАБИНА: ЕЛЕКТРИЧНА
Греалка за кабината со високи перформанси која е просторно ефикасна и лесна за поставување. Се препорачува прицврстување на греалката на подот од кабината со поставување на метален потпирач под подната подлога од совозачката страна. Потребен е комплет за поврзување во кабината за 220 V.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно за поставување – дебелина од само 35 mm
Се приспособува автоматски на амбиенталната температура
Високи перформанси – излезна моќност од 1.400 W на –25°C
ГРЕАЛКА НА ВОЗДУХ НА КАБИНА ЗА ПАРКИНГ: НА ДИЗЕЛ ПОГОН
Пригоден начин секогаш да се има топла кабина кога сте паркирани. Грејачот на воздух има мала потрошувачка на енергија, но брзо загрева. Загревањето е автоматски регулирано преку термостат за совршена и рамномерна температура.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Тивко и сигурно работење
Мала потрошувачка на енергија
Лесно за управување преку клима-уредот или пултот за спиење
Компатибилно со 100% биодизел
Подобрена дистрибуција на воздухот
ЕЛЕКТРИЧЕН ГРЕЈАЧ НА МОТОРОТ: 220 V
Грејачот на моторот користи 220 V (AC) од обичен ѕиден штекер. Кабелот за врска со ѕидниот штекер е поставен во единицата за складирање на кабината.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Полесно стартување на моторот во студена клима
Побрзо ја постигнува правилната температура за работа на моторот
Намалено абење на моторот и побрзо до комфорна клима во кабината
Ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите на издувни гасови
НАВЛАКИ ЗА СЕДИШТА ОД ПЛАТНО
Го заштитува оригиналниот тапацир на возилото. Специјално дизајнирано за Volvo во две бои, обезбедувајќи совршено вклопување и дизајн. Ги исполнува сите строги барања на Volvo за отпорност на оган и абење.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Се пере во машина на 40°C
Направено од издржливо платно
Материјал со висок квалитет
Отпорен на оган и абење
НАВЛАКИ ЗА СЕДИШТА ОД ВИНИЛ
Го заштитува оригиналниот тапацир на возилото. Специјално дизајнирано за Volvo во две бои, обезбедувајќи совршено вклопување и дизајн. Ги исполнува сите строги барања на Volvo за отпорност на оган и абење.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Се пере во машина на 40°C
Направено од издржливо платно
Материјал со висок квалитет
Отпорен на оган и абење
ПЕРНИЧЕ ЗА ПОТПИРАЊЕ НА ГЛАВАТА
Особено добро за долги патувања. Перничето обезбедува комфорна потпора за вратот и рамениците и го намалува ризикот од напрегање и повреда.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ергономски дизајн
Ве одржува повнимателни кога возите
Лесно за чистење и складирање
ПОТПИРАЧ ЗА РАЦЕ НА СЕДИШТЕТО
Го зголемува комфорот на подолгите патувања на страната на совозачот. Може да се нагодува вертикално, а исто така може да се преклопи за да не пречи.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ергономски погодна позиција за возење
Ја подобрува безбедноста
Брзо и лесно поставување
ПЕРНИЧЕ ЗА ПОТПОРА НА ПОЛОВИНАТА
Перничето обезбедува комфорна потпора за половината и го намалува ризикот од напрегање и повреда.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Го поддржува долниот дел на грбот
Ве одржува повнимателни кога возите
Лесно за чистење и складирање
Ергономски дизајн
ГУМЕНИ ПОДНИ ПОДЛОГИ
Најдобар начин да ја одржувате кабината чиста. Гумените подни подлоги придонесуваат кон попријатната внатрешност на кабината.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Водата, снегот, песокот итн. остануваат на подлогата
Скроено за совршено вклопување
Го зачувува оригиналниот материјал за прекривање на подот
Лесно се отстранува и тресе или пере
ВНАТРЕШЕН ВИЗИР ЗА СОНЦЕ ЗА СТРАНИЧЕН ПРОЗОРЕЦ
Го намалува или елиминира отсјајот од ниското сонце од страна. Кога не се користи тој е преклопен под таванот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Го намалува отсјајот од страна од ниското сонце во кабината
Придонесува за подобрена безбедност на патот
Придонесува за комфорот при возењето
ПОДЛОГА ЗА ПИШУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЧОТ
Ја поедноставува административната работа. Практично за користење – прикачете го на управувачот додека камионот е во мирување.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Клипот за хартија со пружина ги држи документите безбедно на едно место
Лесно за прицврстување
Сите хартии на едно место во и надвор од камионот
КУТИЈА ЗА ХАРТИЈА
Практично за валкани раце, огледала или ветробрански стакла. Може да се закачи на куката на ѕидот од кабината - лесно за дофат.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно се закачува на куката на ѕидот
Првата ролна со хартија е вклучена
Платно отпорно на вода и оган
ОДДЕЛ ЗА СУШЕЊЕ ЗА ОБЛЕКА И ЧЕВЛИ
Платнена торба со вентилатор во долниот дел. Таа е совршено решение за одржување на јакната, пешкирите или помалите предмети секогаш суви. Само прицврстете ја на закачалката за облека на ѕидот. Кога не се користи, едноставно превиткајте ја и ставете ја настрана.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Нема повеќе влажна облека или други предмети во кабината
Лесно и брзо за закачување и користење
Енергетски ефикасно
Може да се склопи и лесно да се складира склопено
Простор за складирање(4)
КУТИЈА ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ТУНЕЛОТ НА МОТОРОТ
Пространа кутија за складирање за кабината Comfort, поставена на тунелот на моторот, на задниот ѕид на кабината.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Ги чува малите нешта на нивното место
Шишиња и конзерви при рака на возачот и совозачот
Отворена и лесна за пристап
КУТИЈА ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ЗАДНИОТ ЅИД
Кутија за складирање поставена на задниот ѕид за кабина Comfort. Монтирана зад возачот.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Лесно за складирање предмети
Малите нешта секогаш при рака
Лесно за поставување
КУТИЈА НА КРЕВЕТОТ
Пространа отворена кутија за складирање, наменета за кабината Comfort, поставена зад седиштето на совозачот. Кутијата за складирање исто така служи и како штит од случаен допир на греалката.
ОДЛИКИ И ПРИДОБИВКИ
Пространа и лесно достапна кутија
Штит од топлина доколку кабината е опремена со греалка за паркинг
Лесно за отстранување и чистење
КУТИЈА ЗА СКЛАДИРАЊЕ, ВИСОКА
Кутија за складирање со клуч, монтирана на тунелот на моторот за кабина Comfort, во комбинација без кревет. Просторот за складирање на врвот на кутијата содржи уште еден голем оддел.