Ако веќе сте обожавател на дизајнот на Volvo FMX, неговата последна еволуција нема да разочара. Има комплетно нов, модерен профил, кој е пософистициран и дава поголема самодоверба од кога било. Помага при најпредизвикувачките задачи.
Кабината е со нов дизајн со исправен профил, поголем внатрешен простор, широка површина на прозорци и ниска линија на вратата. Долниот преден дел го засилува препознатливиот издржлив профил, заедно со елегантните фарови во V-форма.
Карактеристичните линии на фаровите се претопуваат со формата на кабината, продолжуваат околу предниот агол и се протегаат назад кон страните на кабината. Верен на концептот Volvo FMX, цврстиот преден дел е заштитен, издржлив и неговите делови лесно се заменуваат доколку е потребно.
Исто така, ќе видите дека знакот во предниот дел е поголем и кога се приближувате до влезот, ќе забележите дека влезните скалила имаат нов цврст дизајн со долготрајна нелизгачка површина. Најгоре на кабината има челичен отвор со кој стандардите за заштита во тешки работни средини се кренати повисоко. Детали што прават разлика.
Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.
Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.
Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.
Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Доколку не може да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.