Камиони

Прилагоден за акција

Шасија на Volvo FMX

Без разлика дали возите по пат или надвор од патот, ќе ви треба шасија која е направена да се справува со многу активности на дневна основа. Веројатно имате надградба направена со намера за да одговара на вашите операции. Ние ја прилагодуваме вашата шасија за да ве поддржиме во вашиот успех – користејќи компоненти и системи за кои е гарантирано дека ќе работат сигурно долги години во иднината.

Без оглед дали работите во рудник или на градежни места каде многу се работи, Volvo FMX е прецизна алатка на која можете да сметате. Добијте сестран камион со воздушно задно потпирање наменето за градежна употреба или камион со листесто потпирање што може да носи огромни товари на оските. Со Volvo динамичкото управување, тешко дека ќе видите подобро управување и чувство.

Шасијата на Volvo нуди флексибилност за изградба на камион за секаков вид на надградба што се користи за кој било вид на транспортни задачи. Ќе го добиете вашиот Volvo FMX онака како што го сакате. Вашиот продавач на Volvo Trucks ќе ви помогне да го прилагодите вашиот камион.

Предни оски од 10/20 тони

Тешко натоварен? Нема проблем. Volvo FMX е дизајниран за големи оптоварувања на оските. Без оглед дали ќе изберете листеста или воздушна суспензија, предната оска може да поднесе до 10 тони на една оска. И 20 тони на двојните предни оски. Ова директно значи подобра продуктивност.

Кревање на тандем-оската

Користете ја оската, но само кога е потребно. Кревањетo на тандем-оската дозволува најоддалечената погонска оска да се исклучи и подигне кога ќе се растоварите. Исто како и со tag-оска, значително е подобрен радиусот на вртење, намалено е абењето на гумите и намалена е потрошувачката на гориво.

Повеќе за кревање на тандем-оската

Пет оски директно од фабрика

Превезувате тешки товари? Можете да добиете камион со пет оски, испорачан директно од фабриката. Ќе го забрзате вашиот камион и ќе ги намалите трошоците за прилагодување. Ќе добиете камион со целосно одобрение на типот на возило. Исто така, ќе добиете придобивки од целосна Volvo гаранција и од нашата постпродажна поддршка – што може да ги смали долгорочните оперативни трошоци.

Откријте го вкупниот потенцијал на Volvo FMX

Разговарајте со вашиот продавач за прилагодување на вашиот Volvo FMX.