Камиони

Македонија

×
Volvo FM со 20% помало загадување.

Volvo FM. Но 20% помалку CO2

Volvo FМ со гасен погон

Камион за тешки регионални операции. Што вози и функционира исто како Volvo FM што го познавате. Но, со помало загадување и потенцијал за пониски трошоци за гориво. И нема потреба да правите компромис ниту со управливоста ниту со продуктивноста.

Euro 6 чекор D ● 420 КС/2.100 Nm или 460 КС/2.300 Nm ● I-Shift ● Влекач или соло-камион ● 4×2, 6×2 или 6×4 ● Работен опсег 1.000 км

Пет главни причини да го изберете Volvo FM LNG

Нема ниту еден друг камион како овој на пазарот. Погледнете што е тоа што го прави уникатен и зошто е одличен избор за вашиот бизнис и за животната средина.

Издвојте се од вашите конкуренти

Дали вашите клиенти бараат одржлив транспорт? Добро. Volvo FM LNG веднаш нуди 20% намалување* на емисиите на CO2. И дури не мора да правите компромис со капацитетот за товарење или продуктивноста. Или пак, со конкурентноста.

Добијте солидно решение

Моторот е срцето на секој камион. Моторот со гасен погон се базира на нашиот модерен мотор D13K. Но ние го развивме уште повеќе, со иновативни решенија кои функционираат на гас. Резултатот? Моторот G13C е со ефикасност на исто ниво со дизелот. И можете да ги очекувате истите интервали на сервисирање, сигурност и перформанси.

* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“.

Како функционира?

Користењето возила што се полнат со гас не само што ќе ѝ помогне на животната средина во голема мера. Туку е и придобивка за нашата компанија преку кратење на директните и индиректните трошоци.
Општеството бара почисти алтернативни горива. ТПГ нуди потенцијал како краткорочно и долгорочно решение со значително помало влијание врз климата.

Кон нула емисии

Енергетската ефикасност и алтернативните горива се од суштинско значење во нашата стратегија за движење кон одржлив транспорт. Volvo FM LNG со гасен погон веднаш нуди 20%* намалување на емисиите на CO2. А можноста за работа со био-ТПГ значи потенцијално намалување од 100%*. Овој камион отвора долгорочни можности за префрлање на обновливи горива – правејќи нè помалку зависни од изворите на енергија од фосилни горива.

Сите овие се значајни чекори кон нашата визија за нула емисии на CO2 и превози што се одржливи – како за животната средина така и за вашиот бизнис. Дознајте повеќе за нашите амбиции со алтернативни горива.

* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“.

Дознајте повеќе за нашите амбиции со алтернативни горива

Намалете ги трагите што ги оставате во животната средина

Нашиот калкулатор за емисии ви овозможува да погледнете колку можете да го намалите негативното влијание врз планетата со нашите мотори на LNG, задржувајќи ги притоа перформансите како кај дизел моторите.

БИДЕТЕ ВО ТЕК ЗА VOLVO FМ LNG СО ГАСЕН ПОГОН

Вашиот дилер на Volvo Trucks ќе ве информира за најновите информации во врска со камионите со погон на гас во вашата земја.