Тип |
Оски |
Потпирање |
Оптоварување на оска/повеќеосна група |
Редукција |
Pusher/tag оски |
---|---|---|---|---|---|
Единечна |
|||||
RAD-L90 |
4×2 |
Параболично/со повеќе листови |
13 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
|
RAD-GR |
4×2 |
Воздушно |
11,5/13 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
|
RAD-G2 |
4×2 |
Воздушно |
13 t |
Во главината на тркалото |
|
RAD-G4 |
4×2 |
Воздушно |
11,5/12 t |
Единечен |
|
Повеќеосна група |
|||||
RADT-GR |
6×2/8×2 |
Воздушно |
19/20,5/22,5/23 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
Tag-оска (фиксна/управувана/самонасочувачка) |
RAPD-GR |
6×2 |
Воздушно |
19/19/22 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
Pusher-оска (фиксна/управувана) |
RAPD-G4 |
6×2 |
Воздушно |
16 t |
Единечен |
Фиксна pusher-оска |
RADD-BR |
6×4/8×4 |
Параболично |
20/21 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
|
RADD-TR1 |
6×4/8×4 |
Параболично/со повеќе листови |
23/26 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
|
RADD-TR2 |
6×4/8×4 |
Повеќе листови |
26/32 t |
Во главината на тркалото |
|
RADD-TR3 |
6×4/8×4 |
Параболично |
38 t |
Во главината на тркалото |
|
RADD-GR |
6×4/8×4 |
Воздушно |
17/21/23/26 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
|
RADDT-GR |
8×4/10×4 |
Воздушно |
27/33/36 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
Управувана tag-оска |
RAPDD-GR |
8×4 |
Воздушно |
27/30,5/32/35 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
управувана pusher-оска |
RAPDT-GR |
8×2 |
Воздушно |
27/30/30,5/31,5/32 t |
Едностепена/во главината на тркалото |
3 оски/управувана pusher-оска и управувана или фиксна tag-оска |
Погон |
Шасија |
Потпирање |
Висина на рамката |
Висина 5W* |
Пневматици |
Мин. висина на спојување** |
Номинална висина на возење** |
---|---|---|---|---|---|---|---|
4×2 |
X-Low |
RAD-GR |
266 |
140 |
295/55 |
867 |
912 |
|
X-low |
RAD-GR |
266 |
140 |
295/60 |
887 |
932 |
Low |
RAD-GR |
266 |
140 |
315/60 |
955 |
1015 |
|
Med |
RAD-GR |
266 |
140 |
315/70 |
1014 |
1075 |
|
Med |
RAD-GR |
300 |
140 |
315/70 |
1031 |
1092 |
|
High |
RAD-GR |
266 |
140 |
315/80 |
1056 |
1147 |
|
High |
RAD-GR |
300 |
140 |
315/80 |
1090 |
1164 |
|
6×2 |
Low |
RADT-GR |
266 |
160 |
315/60 |
975 |
1035 |
|
Med |
RADT-GR |
266 |
160 |
315/70 |
1034 |
1095 |
Med |
RADT-GR |
300 |
160 |
315/70 |
1051 |
1112 |
|
High |
RADT-GR |
300 |
150* |
315/80 |
1160 |
1234 |
|
Med |
RAPD-GR |
266 |
160 |
315/70 |
1034 |
1095 |
|
Med |
RADT-GR |
300 |
160 |
315/70 |
1051 |
1112 |
|
High |
RAPD-GR |
266 |
160 |
315/80 |
1076 |
1167 |
|
High |
RAPD-GR |
300 |
160 |
315/80 |
1110 |
1184 |
|
6×4 |
High |
RADD-GR |
300 |
150* |
315/80 |
1173 |
1234 |
8×4 |
High |
RAPDD-GR |
300 |
160 |
315/80 |
1137 |
1207 |
* +60 mm висина на монтирање.
** Приближни висини.
Руди
Руди за приколки со централна оска монтирани централно, половина оддолу и оддолу. Влечните куки може да се поставуваат во чекор од 25 милиметри.
Резервоари за гориво
Алуминиумски или челични резервоари од 150 до 900 литри. Максималниот капацитет за гориво е 1.480 литри за 4×2 влечно возило. Резервоари за гас во големини 155 kg (375 l), 205 kg (495l) и 225 kg (545 l). За двојни предни оски EU6 пластичен резервоар за гориво помеѓу предните оски.
Резервоари за AdBlue
Пластични. Зафатнина од 32 до 100 литри. AdBlue-пумпата е интегрирана со модулот на резервоарот за AdBlue.
Седла
Сертифицираната инсталација дозволува оптоварување до 36 тони. Во опсегот е вклучено ISO седло со профили со L-форма на разни висини, со што се нуди значителна слобода на избор. Седлото монтирано со фланша е варијанта со мала тежина бидејќи не бара никаква плоча за прикачување. Висината на седлото над шасијата е околу 140 милиметри. Интегрираното подмачкување и индикаторот за приклученост на приколката се достапни како опција за одредени варијанти.
Сопирачки
EBS (Електронски контролиран систем за сопирање) обезбедува супериорна реакција, перформанси и чувство на сопирање, а во исто време овозможува пристап до голем број пригодни карактеристики. EBS сега е достапен за диск-сопирачките и за Z-брежестите барабан-сопирачки (за определен опсег на конфигурации на оски и висини на шасијата). Надградете го вашиот систем на сопирање со додавање на пакетот EBS Medium или која било дополнителна опција. EBS е стандард според сите спецификации.
Volvo динамичко управување
Активен систем на управување со torque overlay (заобиколување на вртежниот момент). Тој обезбедува поголема сила за управување при мали брзини, ги намалува ударите од управувањето и го одржува управувачот право при сопирање на подлога со различна лизгавост. Управувачот автоматски се враќа во неутрална позиција кога возите напред и кога возите наназад.
Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските, вклучувајќи ги и камионите со двојни предни оски.
Дополнителни активни функции за управување, како лични поставки и водење во управувањето, кои се тука за да го направат возењето уште попријатно и побезбедно.
Кревање на тандем-оската
Овозможува исклучување и кревање на најзадната погонска оска од повеќеосната тандем-група за да се намали потрошувачката на гориво и радиусот на вртење. Со притисок на копче на контролниот пулт, возачот може да ја подигне оската кога камионот не е натоварен. Кога камионот е натоварен, оската автоматски се спушта и се вклучува.
Кревање на тандем-оската е достапно за конфигурациите 6×4 и 8×4 (со повеќеосна тандем-група) опремени со диск-сопирачки.
Tag-оски
Достапно во неколку конфигурации – фиксни со единечни или со двојни тркала, самонасочувачки или активно управувани. Оптоварување на оските: 7,5, 9,5, 10 или 16 тони.
Pusher-оски
На располагање е за влекачи и за соло-камиони во фиксна варијанта и во варијанта со активно управување. Оптоварување на оските: 4,5, 7,5 или 9 тони.
Освен одликите од пакетот EBS Standard, EBS Medium ги нуди и следниве одлики.
EBS контрола на статусот
Следење на статусот на EBS преку електронскиот систем на возилото TEA2+ и алатката Volvo Tech.
Помош за тргнување на нагорнина
Сопирачките се ослободуваат само кога има доволно голем вртежен момент на моторот да го придвижи возилото нанапред.
Анализа на истрошеноста на облогите
Предупредување за облогите на сопирачките – ја пресметува преостанатата километража што може да се помине со тековните облоги на сопирачките. (Само за диск сопирачки.)
Автоматско ослободување на паркирната сопирачка
Паркирната сопирачка се ослободува кога е избран степен на пренос и возачот ќе ја притисне педалата за гас (само за менувачите I-Shift).
Како дополнување на програмските пакети постојат и следниве опции:
Сопирачка за развлекување (Stretch Brake)
Овозможува возачот да побара импулсно сопирање на приколката. Потоа сопирачката автоматски се активира и ризикот од превиткување се минимизира.
ESC (Електронска контрола на стабилноста)
Системот за стабилност на сопирањето индивидуално ги активира сопирачките на секое тркало, со што обезбедува стабилност за целата комбинација на возила и противдејство на превиткувањето, превртувањето и нишањето на приколката. ESC е сообразен со законите за електрична контрола на стабилноста на возила и достапен е за возила со 2 и 3 оски.
Светло за сопирачката во итни ситуации
При панично сопирање при брзини поголеми од 50 km/h, светлата на сопирачките трепкаат четири пати во секунда.
Хидрауличен забавувач
Компактен забавувач монтиран на менувачот со максимален ефект од 440 kW.