Камиони

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА КАБИНАТА НА VOLVO FM

Димензии на кабината

 

Кабина Day

Кабина Day (FM-DAY) со комфорно и ергономско место за возачот. Внатрешна височина од 164 сантиметри: 120 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Ниска дневна кабина

Ниската дневна кабина (FM-LDAY) е потребна за операции во рударството, за ладилни тела, пумпи и кранови. Внатрешна височина од 148 сантиметри: 104 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

 

Кабина Sleeper

Кабина за спиење (FM-SLP) со простор за комфорно ноќевање за едно лице. Внатрешна височина од 164 сантиметри: 120 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Кабина Low sleeper

Кабина Low sleeper (FM-LSLP) со спуштен покрив обезбедува дополнителен простор за товарот над кабината. Внатрешна височина од 148 сантиметри: 104 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Кабина Globetrotter

Кабината Globetrotter (FM-HSLP) нуди простор за комфорно ноќевање на две лица. Кабината се одликува со дополнителен простор за складирање погоре. Внатрешна височина од 201 сантиметар: 157 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Одлики на кабината

 

Суспензија на кабината во четири точки
Изберете помеѓу конвенционални пружини со придушувачи, конвенционални пружини напред и воздушна суспензија назад, или пак целосно воздушна суспензија.

Внесување воздух
Внесувањето воздух е поставено на левата страна и е достапно во опции за високо или ниско поставување. Достапно е исто така и предно внесување воздух.

Бои на кабината
Околу 650 варијанти за избор.

Седиште за возачот
Изберете од трите различни нивоа на комфор: Прогресивно (кадифе или кожа), динамичко (платно) и цврсто (винил). Вкупниот опсег на нагодување на седиштето е 200 милиметри напред-назад и 100 милиметри вертикално. Стандардно, седиштето на возачот е опремено со потпирач за главата, потпирач за грбот што може да се нагодува и да се преклопува, нагодување нагоре-надолу и напред-назад, потпора за половината што може да се нагоди и нагодување на аголот на седиштето.  

Седиште за возачот
Изберете од трите различни нивоа на комфор: Прогресивно (кадифе или кожа), динамичко (платно) и цврсто (винил). Стандардно со потпирачи за глава. 

Кревети
Долен кревет со димензија 70×200 сантиметри.
Душек од 16 сантиметри со пружини во џебови и одличен комфор. Три варијанти за избор: Мек, полутврд, тврд.
Достапни се два типа на заштитен наддушек за подобар комфор и полесно местење на креветот. 
Комфорен горен кревет со димензии: 70×190 сантиметри или 60×190 сантиметри

Внатрешен простор
Просторот над ветробранското стакло се состои од две големи прегради за складирање со врати со ролетни, како и четири ISO отвори, од кои едниот е резервиран за тахографот (два ISO отвори кај ниските кабини). Под креветот во кабините за спиење и Globetrotter ќе најдете две големи прегради за складирање до кои може да се пристапи однадвор и една голема (со зафатнина од 44 литри) до која се стига со подигнување на душекот и капакот; во одделот за спиење може да најдете два простори за складирање за оставање списанија и мали предмети. Контролниот пулт содржи четири отворени простори за складирање, мала кутија за складирање, DIN-преграда, вдлабната полица и држач за шише. Дневната кабина може да биде опремена со простор за складирање од 60 литри со отвори за кациги, кутии за храна итн.

Надворешен простор за складирање
Местата за складирање до кои може да се пристапи однадвор може да се најдат зад седиштата на возачот и совозачот.

Отвор на покривот
Кабината е опремена со отвор на покривот што може да се отвора до 50 милиметри. Во внатрешноста е поставена перфорирана завеса за сонце, која има и улога на мрежа за инсекти кога отворот на покривот е отворен. Со отворот на покривот може да се ракува рачно или електрично (како опција). Исто така, достапен е и отвор за покрив од челик, наменет за градежништво или задачи во груби услови.

Волан
Доаѓа во две големини – со дијаметар од 450 mm или 500 mm, во зависност од спецификациите на камионот. Висината на воланот може да се приспособува за 90 мм, а аголот за 28°. Со навалувањето на воланот (опционално), можете да го прилагодите во вертикална позиција меѓу -5° и +15°, со што се зголемува удобноста на возачот. Управувачот е достапен со или без воздушно перниче. Командите вградени во воланот овозможуваат безбедно и комфорно користење на темпоматот, свирката, телефонот и функциите на дисплејот за инструменти и страничниот дисплеј.

Систем за климатизација
Двата алтернативни системи за климатизација ги покриваат сите потреби:

  • Клима-уред со рачна контрола (MCC).
  • Клима уред со автоматска контрола на температурата (ECC/ECC2). 

Системот за климатизација, исто така, може да биде дополнет со грејачи на кабината и на моторот на паркинг.

Тапацир на седиштето

Робусно Винил
Динамично Платно
Прогресивно Кадифе или кожа

Сите комфорни седишта се достапни во верзија со вентилација.

Тапацир на ѕидот

Динамично Платно
Прогресивно Кадифе или кожа

ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ КАКО ДОМА

Раскомотете се. Пробајте го седиштето. Креветот. Погледнете во сите ормарчиња. Нема да поверувате колку простор има.