Камиони

Моќ во комбинација со прецизност

Погони на Volvo FM

Правилна моќ и контрола според работата и местата до кои треба да стигнете. Сега можете да го прилагодите вашиот погон на Volvo FM попрецизно од кога било досега. Ќе имате моќ да ги завршите работите непречено, а ние ве уверуваме дека моќноста или енергијата ќе ја трошите на најефикасен начин. Извлечете многу повеќе отколку што вложувате. Тоа е профитабилност.

Мотори

Нашиот опсег на мотори Euro 6 чекор Е беше прецизно конструиран да штеди гориво без загрозување на перформансите. Тие се нашите најефикасни дизел мотори досега и заштедуваат гориво при секој такт. Палетата на D11 се протега од 330 КС до 460 КС, додека моторите D13 нудат 420 КС до 500 КС. За Volvo FM, достапни се и мотори на гас, како и целосно електрични алтернативи кои нудат ниски емисии заедно со извонредни перформанси и опсег.

Управливост

Без оглед кој мотор ќе го изберете за вашиот Volvo FМ, ќе имате пристап до импресивно ниво на вртежен момент во рамките на широкиот опсег на брзини на моторот. Резултатот е одлична возна состојба и мала потрошувачка на гориво.

Алтернативни горива

Ако навистина сакате да го намалите загадувањето на животната средина, можете да изберете Volvo FМ на гасен погон. Работи на гас или Bio-LNG (биогас) или LNG (природен гас), што овозможува да се постигне целосно климатско неутрална работа. Згора на се, сите наши дизел мотори може да се возат на дизел или на HVO. Сакате да возите на биодизел? Постојат специјални верзии на Volvo FМ кои го овозможуваат тоа.

Повеќе за Volvo FM на гасен погон

I-Shift

I-Shift е цела палета на автоматски менувачи што го прават возењето полесно, побезбедно и поудобно. Нема тешка педала за кумплунг и нема прилепување со кое ќе се борите. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано – автоматски. Опсегот на софтверски пакети во овозможува да го приспособите I-Shift на вашите потреби. Постојат функции достапни за I-Shift кои овозможуваат возење со една педала во одредени ситуации. За Volvo FМ можете да добиете I-Shift со степени на пренос за бавно движење или I-Shift со двојна спојка.

Повеќе за I-Shift

Одете електрично

Volvo FM, но со уште понепречено доживување со возење и нула емисии на издувни гасови. Volvo FM Electric нуди чиста електрична енергија до 666 КС и опсег до 300 km – што го прави совршен за превоз од град до град.

Повеќе за Volvo FM Electric

Потребна ви е моќ?

Вашиот продавач може да ви помогне да го прилагодите за вашите потреби.