Камиони

Скок во еволуцијата

ЕКСТЕРИЕР НА КАБИНАТА НА VOLVO FM

Наликува на постарите верзии – но сепак е исто толку флексибилен и агилен онака како што го знаете Volvo FM. Новиот, модерен профил открива дека е во подобра форма од кога и да било за да ви помогне околу вашите предизвици. Ова се неколку чекори напред во еволуцијата.

 

Кабината има нов дизајн со исправен профил, повеќе внатрешен простор, широки прозорци и ниска линија на вратата. Volvo FM е мазен околу рабовите, а празнините помеѓу горниот и долниот дел на предницата се сведени на минимум за подобра аеродинамика и ефикасност.

Друг јасен знак за еволуцијата на овој камион е дизајнот на фаровите, кои го истакнуваат впечатливиот профил на Volvo FM. Карактеристичните линии на фаровите се претопуваат со формата на кабината, продолжуваат околу предниот агол и се протегаат назад кон страните на кабината. Дури и кога е во мирување, очигледно е дека овој камион е ефикасен при големи темпа и при навигација во метеж.  

Исто така, ќе видите дека знакот напред е поголем и кога ќе се приближите до вратите, ќе забележите дека влезните скалила се со алуминиумски навлаки. Детали што прават разлика.

Изграден за прегледност

Ретровизорите имаат современ дизајн со тенки куќишта и добро пропорционални области на ретровизорите. Вградени се за комбинација на широкиот поглед на ретровизорите со минимизирање на скриените агли. Додајте го на тоа помошниот долен прозорец во вратата на сопатникот и ќе имате прекрасен преглед околу вашиот камион. Дури и на подрачјата што ви се во близина.

Фарови

Впечатливите фарови се достапни во две различни верзии: со халогени сијалички и врз основа на LED технологија. Двете верзии тие имаат карактеристични дневни LED-светла во форма на V.

Изберете го нивото на декорација

Изберете помеѓу две нивоа на надворешна декорација и стотици бои.

Основна декорација

Доаѓа со црна решетка и темносив браник, ретровизори и др. Истражете ги различните нивоа на екстериерот во Volvo Truck Builder.

Подобрена декорација

Доаѓа со темносива решетка. Браникот, ретровизорите, итн. се обоени во бојата на кабината. Алуминиумски детали на праговите. Истражете ги различните нивоа на екстериерот во Volvo Truck Builder.

Изберете од над 650 бои. Сите „зелени“.

Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.

Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.

Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.

Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Доколку не може да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.

Додатоци за вашиот камион

Направете го според вас

Слики од екстериерот на Volvo FМ

Подготвени сте за Volvo FМ?

Ве чека.