Камиони

Спецификации на кабината за Volvo FL

Димензии на кабината

Дневна кабина

Дневна кабина со комфорно и ергономско место за возачот. Внатрешна височина 1.605 mm.

Кратка кабина за спиење

Ниската кабина за спиење нуди дополнителен простор кој може да се опреми со кревет за едно лице или може да се користи како канцелариски простор со дополнителни прегради за складирање. Внатрешна височина 1.605 mm.

Кабина Crew

Кабина Crew со доволно простор за неколку дополнителни патници, до 7 лица. Внатрешна височина 1.605 mm.

Одлики на кабината

Потпирање на кабината
Предното потпирање на кабината има гумена перница за помало вертикално движење, додека задното потпирање има пружина и амортизер.

Бои на кабината
Достапна во 300 фиксни варијанти. Може да се нарачаат дополнителни бои.

Седиште за возачот
Три различни нивоа на комфор: Comfort, Standard и Economy. Сите три имаат потпирач за грбот, нагодување по должина, висина и на навалувањето напред, и интегрирани потпирачи за главата.

Седиште за совозачот
Три различни нивоа на комфор: Standard, Economy или Basic.

Кревети
Креветот се нуди во еден или во два дела и широк е 580 mm или 780 mm. Како опција има заштитна летва за креветот и детектор за чад.

Внатрешен простор за складирање
Внатрешноста на кабината има мноштво практични и лесно достапни прегради за складирање на документи и лични предмети. Над ветробранот ќе најдете две единици за складирање заштитени со капак или мрежа, како и четири DIN-прегради. Како опции можат да се специфицираат и неколку разни кутии за складирање, кутии во форма на тунел (tunnel boxes), подлога за пишување и закачалка за облека.

Oтвор на покривот
Кабината може да биде опремена со отвор на покривот што може да се отвора 50 милиметри. Со отворот може да се управува рачно или електрично.

Управувач
Управувачот има дијаметар од 460 или 500 милиметри во зависност од конфигурацијата на камионот и може пневматски да се нагодува во саканата положба.

Систем на климатизација
Системот за греење на кабината е достапен во две варијанти: само грејач со рачна контрола или грејач и климатизер со рачна контрола. Исто така, на располагање е систем за греење на паркинг од 2 kW којшто може да се специфицира како опција.

Тапацир на седишта
Комфорно платно.

Тапацир на ѕидови
Комфорно платно.

Загревање на кабината
Системот за греење на кабината е достапен во две варијанти: само грејач со рачна контрола или грејач и климатизер со рачна контрола. Исто така, на располагање е систем за греење на паркинг од 2 kW којшто може да се специфицира како опција.

Внатрешен простор за складирање
Внатрешноста на кабината има мноштво практични и лесно достапни прегради за складирање на документи и лични предмети. Над ветробранот ќе најдете две единици за складирање заштитени со капак или мрежа, како и четири DIN-прегради. Како опции можат да се специфицираат и неколку разни кутии за складирање, кутии во форма на тунел (tunnel boxes), подлога за пишување и закачалка за облека.

Сирени
Достапен е избор на два дополнителни типа сирени – две пневматски сирени монтирани на покривот или една електрична сирена под предниот капак.

Кревет (кабина comfort)
Креветот се нуди во еден или во два дела и широк е 580 милиметри или 780 милиметри. Како опција има заштитна летва за креветот и детектор за чад.

Чувствувајте се како дома

Раскомотете се. Пробајте го седиштето. Креветот. Погледнете во сите ормарчиња. Нема да поверувате колку простор има.

Спецификации на Volvo FL