Камиони

Добре дојдовте на работа

Внатрешност на кабината на Volvo FL

Кабината на Volvo FL нуди одлична работна средина за професионалците кои работат во градот. Без оглед на вашиот избор на модел на кабина, пригодниот праг го олеснува влегувањето. Откако ќе влезете внатре, пространата внатрешност со добро распоредени карактеристики ја прави одлично место за работа.

Влезете со леснотија

Дали влегувате и излегувате од кабината многу во текот на работниот ден? Кабината на Volvo FL е поставена ниско на шасијата и нуди навистина лесен влез, во сите услови.

Совршени седишта

Совршено седење во седиштата на Volvo FL со вграден потпирач за главата и сигурносен појас. Тапацирниот материјал обезбедува одлична отпорност на нечистотија. Двете седишта, на возачот и на совозачот, може да се нагодуваат за да одговараат на различните потреби во зафатени денови.

Ергономско позиционирање

Инструменти, менувач, контроли и складирање. Сè што ви треба за да ја завршите вашата работа е токму онаму каде што очекувате да биде. Потребни се помалку движења, што значи помалку истегнување и напрегање. Можете да ги држите рацете на воланот и очите на она што се случува околу вашиот камион на прометна улица.

Простор за вашиот работен ден

Без оглед на тоа која верзија на кабината ќе ја изберете - има простор за вас и вашата опрема. Складирањето ќе го најдете во контролната табла, во вратите, над вашата глава и помеѓу седиштата. Во кратката кабина за спиење има простор за одмор. Кабината за екипаж нуди простор за најмногу 6 патници.

Сеопфатен поглед

Ниската позиција на возење, големото ветробранско стакло и дополнителните прозорци во вратите значат дека имате многу близок контакт со околината околу возилото. Одличниот поглед одблизу и сеопфатната прегледност го прават новиот Volvo FL безбеден урбан граѓанин.

Дополнителни прозорци и видливост

Нарачајте го вашиот Volvo FL со помошни прозорци во долниот дел на вратите и зад вратите. Тие дополнително го усовршуваат вашиот поглед на областа блиску до вашиот камион.

Имате прашање?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го има одговорот. Наминете, јавете се или побарајте да ве посетат.