Камиони

Македонија

×
Стратегии за заштеда на гориво водечки во светот

Volvo FL

Ефикасно искористување на горивото

Бидејќи секоја капка е важна, ние ги предводевме водечките технологиите во светот, развивме иновативни услуги и осмисливме стратегии за заштеда на гориво кои прават голема разлика за вашиот краен резултат. 

Зголемете го ефикасното искористување на горивото со Dynafleet и обуката на возачите

Откријте ја моќта што ја даваат податоците

Заедно, со Dynafleet и обуката на возачите, можете да заштедите до 7% гориво.

Dynafleet – следете ја вашата ефикасност на искористување на горивото

Запознајте го нашиот интелигентен систем за управување со возниот парк. Следете ја работата на вашите камиони и возачи во реално време и гледајте ги автоматски генерираните рангирања за ефикасно искористување на горивото. Потоа, направете споредби, забележете ги трендовите и спроведете профитабилни промени за штедење гориво.

Истражете го Dynafleet

Обука за возачи – мали промени, големи заштеди

Нашиот курс за ефикасно возење ви помага да го извлечете максимумот од секоја капка гориво. Дел од програмата на Volvo Trucks за развој на возачите, докажаниот систематски приод создава шеми на возење со ефикасно искористување на горивото и одржливи, долгорочни заштеди – и е најефикасен во комбинација со извештаите на Dynafleet.

Обука за возачи на Volvo

Започнете на вистинскиот начин

Клучот за економија на горивото е да ја имате од самиот почеток. Локалниот дилер на Volvo Trucks е експерт за заштеда на горивото. Зошто да не им побарате помош?