Камиони

Македонија

×
Ја врши работата – на секаков пат и во секакви услови

Ја врши работата – на секаков пат и во секакви услови

Volvo FL 4x4

Volvo FL сега е достапен со погон на четири тркала. Тој е подвижен и лесен за возење како и верзијата 4×2. Но, со подобрата влечна сила и поголемото растојание до подлогата можете да возите на секаков пат и во секакви услови. Што го прави идеален за широк опсег на примени.

Volvo FL 4x4 sideview cab

Повеќе влечна сила

Патишта од чакал со дупки? Улици покриени со снег? Терен надвор од патот? Volvo FL 4×4 ја обезбедува потребната влечна сила. Погонуваната предна оска и новата задна оска имаат редукција во главината на тркалото. Изберете инсталација со единичен пневматик и челичен браник за справување со многу тешките терени и стрмнини што достигаат и до 60%. Така, дури и кога станува навистина тешко, едноставно притиснете копче за да го активирате нискиот степен на пренос на распределувачкиот преносник.

Volvo FL 4x4 lower sideview

Поголемо растојание до патната подлога

Со шасијата XX-High, Volvo FL 4x4 ви дава супериорно растојание до земјата, така што е помалку веројатно дека ќе заглавите или ќе го оштетите камионот кога возите на груби терени. На предната страна има приближно 330 mm растојание од земјата. И до 320 mm на задната страна. Има зголемување од 60 mm и 100 mm соодветно во однос на стандардниот Volvo FL. Супериорното растојание до земјата ви дава и приоден агол од 25 степени – што навистина помага на големи стрмнини или при справување со препреки. А, цврстата предница може и да прима удари, ако мора.

Адаптиран на вашите потреби

Достапни се сите големини на кабина за Volvo FL 4x4, дури и кабина за тим. Можете да изберете и целосно автоматски менувач со режим за возење вон патот. Или единични пневматици за теренско возење. Постојат полно опции со коишто вашиот Volvo FL 4×4 ќе биде совршената алатка.

Клучни спецификации

  14-тонски 16-тонски 12-тонски
Висина на шасијата XX-High XX-High XX-High
Оптоварување на предната оска 5,6 t 5,6 t 5,6 t
Оптоварување на задната оска  7,4 t 9,2 t 10,9 t
Мотор D8K250 или D8K280 (Euro 6)
Менувач ZTO1006*
Задна оска RSH1140C
Пневматици 275-70R22.5", 10R22.5" или 11R22.5"
Кабина Кабина Day, кабина Comfort, кабина Crew

 

* AL306 (автоматски) е достапен како опција

Подготвени сте да одите секаде?

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за да го искусете самите целосниот потенцијал на Volvo FL 4×4.

Карактеристики на Volvo FL

Карактеристики на Volvo FL