Камиони

Роден за градски улици

Надворешност на кабината на Volvo FL

Компактен, динамичен и непогрешлив Volvo. Volvo FL е роден за градските улици. Светлата во форма на V, чистите области на прозорците и тенкиот профил на кабината покажуваат дека ова е камион на Volvo направен за градски средини.

Компактен и затворен

Volvo FL е изграден за градските улици. Димензиите на надворешната кабина се компактни и без оглед на моделот на кабината, позицијата на возење е блиску до улицата. На возачкото седиште ги имате идеалните услови за да остварите контакт со очите со другите учесници во сообраќајот и да ја подобрите безбедноста во сообраќајот.

Кој е вашиот тип на кабина?

Изберете помеѓу три различни модели на кабини. Секоја со своја специјалност во зависност од тоа дали сакате навистина компактен формат на кабина, повеќе внатрешен простор или сакате да доведете цел екипаж на работното место.

Концепт на браник од три дела

Иновативниот концепт на браник вклучува челични агли, коишто помагаат за одличната издржливост на удари. И да се оштети само еден дел, многу е лесно да се замени.

Големи површини на прозорци

Сите кабини на Volvo FL нудат големи прозорци за одлична видливост. Ако сакате да го подобрите вашиот директен поглед уште повеќе, можете да го добиете вашиот Volvo FL со голем број дополнителни прозорци.

Имате прашање?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го има одговорот. Наминете, јавете се или побарајте да ве посетат.