Шасијата Volvo FL може да се прилагоди за низа задачи. Резултатот е лесна шасија, но сепак доволно силна за да може да се справува со задачите долги години. Неверојатно издржлива. Има Volvo FL што одговара на вашите потреби.
Шасијата на Volvo FL може да се конфигурира на разни начини за секакви надградби. Цврст и крут, квадратниот и рамен дизајн овозможува лесно составување каросерија - без разлика дали избирате електрична енергија или дизел.
Штом ќе го нарачате вашиот Volvo FL, составувачот на каросерија може веднаш да се најави на „Инструкциите од Volvo за составувачите на каросерија“. Користејќи ги точните спецификации и 3D цртежите на системот, работата може да започне дури и пред камионот да ја напушти фабриката. Така, испораката е побрза, но и поекономична.
Се разбира, можете да ја нарачате вашата шасија Volvo FL со стандарден распоред. Но, ако навистина сакате да му олесните на составувачот на каросерија, можете да ја нарачате со комплетот за подготовка, или дури и целосно приспособена на вашите специфични потреби.
Шасијата може да специјално да се приспособи за специфични апликации, како кранови. Потоа компонентите, како резервоарите за гориво и за AdBlue, се преместени со цел оптимизација на шасијата.
Сите предни оски не бараат одржување и достапни се во четири различни верзии со максимална носивост од 4,5 до 7,1 тони.
Електричен или дизел? Без разлика, имате неколку опции за складирање на енергија. Електрични камиони со 3 до 6 батерии со капацитет од 280–565 kWh. Камиони со дизел погон со резервоари од пластика, челик или алуминиум што содржат од 80 до 430 литри гориво.
На располагање се три различни задни оски во разни комбинации. Капацитетот на носивост се движи од 8,5 до 11,5 тони.
Во зависност од моделот, на располагање се две секции на рамката со висини од 220 mm и 244 mm и со дебелина од 5, 6, 7 или 8 mm.
Лоши патишта или надвор од патот? Нема проблем. Volvo FL 4×4 е подвижен и лесен за возење како и верзијата 4×2. Но, со подобра влечна сила и поголемо растојание од земјата. Комбинирајте го со автоматскиот 8-брзински менувач и ќе добиете опуштено доживување со возењето во какви било услови.