На ваше барање, достапен е со најмногу 750 КС и голем вртежен момент. Но сепак, нежен е и агилен, дури и кога е многу оптоварен во тешки услови. Згора на таквата рафинирана моќност, погоните на Volvo FH16 ќе ви помогнат да извлечете што е можно повеќе од вашето гориво. Благодарение на I-Shift менувачот, сите менувања на брзините се совршено темпирани – автоматски. Тоа е технологија која работи за вашата профитабилност.
Суштината на погоните на Volvo FH16 е палетата од мотори D16 чекор D, достапни и со 550 КС, 650 КС или 750 КС. И до 3.550 Nm чист вртежен момент.
Без оглед на излезната моќност, ќе имате пристап до импресивно ниво на вртежен момент со широк опсег на брзини на моторот – кривата на вртежниот момент е повеќе рамна. Ќе може да останете во брзина со повисок пренос дури и за време на искачувањата, но и да уживате во одлична удобност при возење и мала потрошувачка на гориво.
I-Shift е цела палета на автоматски менувачи што го прават возењето полесно, побезбедно и поудобно. Нема тешка педала за кумплунг и нема прилепување со кое ќе се борите. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано – автоматски. Опсегот на софтверски пакети во овозможува да го приспособите I-Shift на вашите потреби. Постојат функции достапни за I-Shift кои овозможуваат една педала за возење кога управувате со тежок терен и кога се префрлате од возење напред на возење назад и обратно. За Volvo FH16 можете да добиете и I-Shift со степени на пренос за бавно движење, за подобра стабилноста во лоши услови додека ја одржувате ефикасноста на горивото. Додадете ја опцијата за пренос во ултра-ниски брзини на повеќебрзински рикверц, и можете да возите бавно 0,5–2 км на час со целосна контрола врз вртежниот момент на моторот.