Камиони

Ваша кабина, ваше царство

Внатрешност на кабината на Volvo FH16

Вие сте одговорни и сè уште сте тој што ја извршува работата. Но, сега имате поголема контрола над сè во вашиот Volvo FH16 од кога било досега.

Чувството на еволуција е евидентно веднаш штом ќе влезете во кабината на Volvo FH16. Различно од она на кое сте навикнале – сепак многу познато. Боите, материјалите и опремата се непогрешливо препознатливи за Volvo FH16. Кога сте седнати, ќе забележите дека сè се наоѓа таму каде што очекувате да е. Рачката на менувачот I-Shift, уредно вградена во седиштето, природно ви доаѓа под рака.

Но, целиот интерфејс на возачот е нов – дизајниран да ви овозможи да ги држите рацете на воланот и очите на патот. Добивате целосна контрола врз сè што ви е потребно за правилно да ја завршите работата и да ја одржите заработката на вашиот бизнис токму како што сте планирале.

Таблата за инструменти е целосно дигитална и отвора нови можности за прилагодување на вашата работна околина според вашите потреби во секоја ситуација. Контролата на силата на влечење ви овозможува подобро влеча со вртење на копчето во насока на стрелките на часовникот на инструмент таблата, при што добивате целосна контрола врз различните диференцијали и оптоварувањето на сите ваши оски. Новиот девет-инчен страничен дисплеј ви овозможува контрола над функциите на камионот, вклучително и осумте камери и апликациите.

Огромна помош имате и преку гласовна контрола во кабината на Volvo FH16.

Уникатните внатрешни површини на Volvo FH16 нудат високо ниво на квалитет. Јасно е дека камионот нуди врвна комфорност.

Нивоа на декорација

Внатрешноста на Volvo FH16 е уникатна. Изберете помеѓу две нивоа на декорација. Згора на сè, можете да изберете од широкиот спектар на бои.

Декорација на Volvo FH16

Доаѓа со тапацир од текстил и кожа, гумени патосници, декорација и украси.

Декорација од кожа на Volvo FH16

Доаѓа со тапацир целосно од кожа, гумени патосници, декорација и украси. 

Додатоци за вашиот камион

Направете го според вас

Слики од внатрешноста на Volvo FH16

Сакате да дознаете повеќе за внатрешноста?

Разговарајте со вашиот дистрибутер.