Карактеристичниот Volvo FH16 каков што го знаете – моќта и удобноста во совршена рамнотежа. Сепак, јасно е дека овој камион е следниот чекор во еволуцијата.
Обликот на кабината на Volvo FH16 е позаоблен околу рабовите, а празнините помеѓу горниот и долниот дел се помали за подобра аеродинамика и ефикасност. Уникатната решетка на Volvo FH16 има сребрена финиш, навестувајќи ја новата понуда.
Но, најјасниот знак на еволуцијата е дизајнот на фаровите, кои му го даваат на Volvo FH16 својот исконски изглед. Карактеристичните линии на фарот ја следат формата на кабината, продолжуваат околу предниот агол и се протегаат назад кон страните на кабината. Фаровите ја имаат црната тематика на Volvo FH16. Кога е во мирување, очигледно е дека овој камион е меѓу најмоќните во светот – а сепак, тој е попрефинет од кога и да било.
Новите фарови доаѓаат во три различни верзии и не само што изгледаат добро – тие исто така се опремени со подобри функции, кои го прават животот на патот побезбеден и поудобен.
Исто така, ќе забележите дека знакчето од предната страна е поголемо, а кога ќе се приближите до вратата, ќе забележите дека влезните скалила имаат алуминиумски навлаки. Детали што прават разлика.
Изберете помеѓу три различни нивоа на декорација и стотици бои.
Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.
Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.
Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.
Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Доколку не може да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.