Камиони

Прилагодено на вашата продуктивност

Шасија на Volvo FH16

Сакате камион со шасија која е изградена да ви помогне да се справите со задачите што ги имате. Ние ја прилагодуваме вашата шасија за да ве поддржиме да бидете успешни во работата – користејќи компоненти и системи кои гарантирано ќе работат без проблеми во иднината. Ова е работната опрема на која можете да и верувате.

Вашиот Volvo FH16 е прецизна алатка на патот. Може да добиете камион целосен со воздушна суспензија, за возење на долги растојанија и за градежништво. А, со Volvo динамичкото управување, тешко дека ќе видите подобро управување и чувство.

Можеме да го направиме вашиот Volvo FH16 да подготвен за екстремни товари во тешки услови или за покривање долги рути со големо темпо. И двата започнуваат од истиот концепт за шасија. Volvo FH16 може да се прилагоди за скоро сè каде што е потребна голема моќност и управување.

Кревање на тандем-оската

Користете ги кревањето на оската само кога е потребно. Кревањетo на тандем-оската дозволува најоддалечената погонска оска да се исклучи и подигне кога ќе се растоварите. Исто како и со tag-оската, ова значително го подобрува радиусот на вртење, го намалува абењето на гумите и ја намалува потрошувачката на гориво. 

Повеќе за кревање на тандем-оската

Пет оски директно од фабрика

Превезувате тешки товари? Можете да добиете камион со пет оски, испорачан директно од фабриката. Ќе го забрзате вашиот камион и ќе ги намалите трошоците за прилагодување. Ќе добиете камион со целосно одобрение на типот на возило. Исто така, ќе добиете придобивки од целосна Volvo гаранција и од нашата постпродажна поддршка – што може да ги смали долгорочните оперативни трошоци.

Опции за брзо составување

Бројните опции за спецификација го прават вашиот Volvo FH16 брз и лесен за подготовка за секој тип надградби. Новиот електронски модул за составување каросерија е лесен за употреба, додека пак упатствата за составување на каросерија на Volvo (VBI) овозможуваат пристап до сите потребни технички цртежи и шеми на ожичување преку интернет. Сè за да ја прилагодите вашата операција.

Подготвени за составување 

ВАШИОТ ПРИЛАГОДЕН ПРОИЗВОД Е ПОДГОТВЕН!

Претставете ни ги деталите за шасијата.