Камиони

×

Volvo FH LNG на гасен погон за превоз на долги релации

Volvo FH LNG е камион за тежок регионален превоз и превоз на долги релации. Вози и извршува исто како Volvo FH што го знаете како врвно искуство за превоз на долги релации. Но со многу помала оставена трага од CO2 и потенцијал да ги намали вашите трошоци за гориво.

Перформанси за вашите потреби

Погонската група погонувана со гас се заснова на реномираната моторна технологија што се користи во Volvo FH. И ги испорачува истите перформанси – но со емисии на CO2 помали до 20%*. Може да изберете моќност од 420 КС или 460 КС, така што нема потреба од компромис.

Намалете ги трошоците за гориво

Volvo FH LNG ја нуди истата ефикасност во искористувањето на горивото како и Volvo FH со погон на дизел. Меѓутоа, бидејќи течниот природен гас често е поевтин, постои добра можност да ги намалите вашите трошоци за гориво.

Одговара за вашиот опсег

Работниот опсег е најчесто критичен за тешките возила со гасен погон. Нашите мотори се ефикасни, а комбинацијата со LNG обезбедува работен опсег соодветен за регионален превоз и превоз на долги релации. Изберете помеѓу три различни големини на резервоарот за гориво за да го оптимизирате камионот за работен опсег до 1.000 км.

Солидна технологија

Моторите G13C во Volvo FH LNG се базираат на нашите најсовремени мотори D13K. Ефикасноста на моторот е на исто ниво со дизел-моторот. И можете да ги очекувате истите интервали на сервисирање, сигурност и перформанси. 

* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“. 

Користењето возила што се полнат со гас не само што ќе ѝ помогне на животната средина во голема мера. Туку е и придобивка за нашата компанија преку кратење на директните и индиректните трошоци.

Останете информирани во врска со Volvo FH LNG со гасен погон

Вашиот дилер на Volvo Trucks ќе ве информира за најновиот развој во врска со камионите на гасен погон во вашата земја.