Камиони

Возење кон профитабилност

ПОГОН НА VOLVO FH

Вистинска моќ и контрола за нештата што треба да ги пренесете и местата каде што треба да отидете. Можностите за прилагодување на погонот на вашиот Volvo FH на вашите задачи никогаш не биле попрецизни. Никогаш нема да ви недостасува моќност, а ние се грижиме потрошувачката на горивото и енергијата да е најефикасна. Извлечете многу повеќе отколку што вложувате. Тоа е профитабилност.

Мотори:

Срцето на погоните на Volvo FH е нашата палета на D13 мотори, чекор Е, достапни со 420 КС, 460 КС, 500 КС или 540 КС. Нудиме и верзии од 420 КС, 460 КС и 500 КС со технологија Turbo Compound, која обезбедува уште поголем вртежен момент за подобрена економичност на горивото. Потоа, тука се и моторите на гас со моќност до 500 КС. Последно, но не и најмалку важно, го имаме Volvo FH Electric со 450 kW или 666 КС чиста електрична моќност. Кој одговара најмногу на вашите потреби и бизнис?

Управливост

Без оглед која погонска група ќе ја изберете за вашиот Volvo FH, ќе имате пристап до импресивно ниво на вртежен момент во секоја брзина. Резултатот е одлична способност за возење, висока ефикасност на горивото и енергетска ефикасност, како и мало еколошко влијание.

I-Shift

I-Shift е цела палета на автоматски менувачи што го прават возењето полесно, побезбедно и поудобно. Нема тешка педала за кумплунг и нема прилепување со кое ќе се борите. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано – автоматски. Опсегот на софтверски пакети во овозможува да го приспособите I-Shift на вашите потреби. Постојат функции достапни за I-Shift, како што е промена на насоката, што овозможува една педала за возење кога се префрлате од возење напред на возење назад на обратно. За Volvo FH можете да добиете и I-Shift со степени на пренос за бавно движење или I-Shift со двојна спојка.

Повеќе за I-Shift 

УШТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ?

Вашиот продавач може да ве насочи кон вистинските функции според вашите потреби.