Камиони

Дома, а далеку од дома

ЖИВОТ ВО КАБИНАТА НА VOLVO FH

Дали често останувате во вашиот камион преку ноќ? Или едноставно ви се допаѓа удобна кабина со многу простор? Кабината на Volvo FH го презема следниот чекор во еволуцијата на животот на патот. Во неа, вам ви е удобно, без оглед на условите кои ве опкружуваат. Добре дојдовте во вашиот дом далеку од дома.

Volvo FH доаѓа со избор од пет различни големини на кабината, што ви овозможува да го оптимизирате просторот според вашите потреби. Сите тие нудат чувство на пространост, со светлина одозгора. Во четири од кабините можат да се сместат до две лица за удобно спиење. Добриот одмор е клучен за добро работење – изолираната кабина и завесите за затемнување ви помагаат непречено спиење. Климатскиот систем може да биде опремен со I-Park Cool, за да се задржи совршена температура во текот на целата ноќ.

Има и многу простор за складирање за сите ваши работи. Светлата, аудиото, забавата и другите функции лесно се контролираат од контролната табла, задниот ѕиден панел или со употреба на гласовна контрола. Тоа е само почетокот. Нудиме цела палета на други додатоци кои го прават животот на патот уште поудобен.

Комфорно спиење

Изберете помеѓу еластичниот душек со воздушен џеб или душекот од пена. Без оглед, ќе добиете премиум удобност при одмарање. За уште подобро спиење, креветот може да се прилагоди за да се компензира тоа што сте паркирани на падина.

Двојни фрижидери

Имате потреба од голем капацитет за ладење? Нема проблем. Можете да ја добиете вашата Volvo FH кабина со двојни фрижидери. Еден во горната задна полица, а друг под креветот.

ДОДАТОЦИ ЗА ВАШИОТ КАМИОН

НАПРАВЕТЕ ГО СПОРЕД ВАС

ПОДГОТВЕНИ СТЕ ЗА ЖИВОТ НА ПАТ?

Вашиот продавач ќе ви помогне да го прилагодите домот далеку од дома.