Камиони

Со повеќе контрола над сè од кога и да било претходно.

Внатрешност на кабината на Volvo FH

Вие сте одговорни и сè уште сте тој што ја извршува работата. Но, сега имате поголема контрола над сè во вашиот камион од кога било досега. Тој е скроен како за вас.

Чувството на еволуција е евидентно веднаш штом ќе влезете во кабината на Volvo FH. Различно од она на кое сте навикнале – сепак многу познато. Додека сте седнати, сè имате на дофат таму каде што очекувате да е. Рачката на менувачот I-Shift, уредно вградена во седиштето, природно ви доаѓа под рака.

Целиот интерфејс на возачот е нов. Повеќето функции се достапни преку контролите на воланот за да можете да ги држите рацете на воланот и очите на патот. Добивате целосна контрола врз сè што ви е потребно за правилно да ја завршите работата и да ја одржите заработката на вашиот бизнис токму како што сте планирале.

Таблата за инструменти е целосно дигитална и отвора нови можности за прилагодување на вашата работна околина на вашите потреби во секоја ситуација. Новиот девет-инчен страничен дисплеј ви овозможува контрола на функциите на камионот, како што се осумте камери и апликациите.

Благодарение на гласовна контрола во кабината на Volvo FH, имате огромна помош.

Внатрешните површини и материјалите нудат високо ниво на квалитет, без оглед на нивото на декорација. Изберете помеѓу три нивоа на декорација и широк спектар на бои. Ќе го најдете вашиот стил.

Додатоци за вашиот камион

Направете го според вас

Слики од внатрешноста на Volvo FH

САКАТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ВНАТРЕШНОСТА?

Разговарајте со вашиот дистрибутер.