Камиони

Македонија

×
Извлечете го максимумот од вашето гориво со Volvo FH.

Максимална добивка

ЕФИКАСНА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВОТО СО VOLVO FH

Кога станува збор за ефикасното искористување на горивото се работи за задржување на контролата на трошоците за гориво и на трагата што ја оставате во животната средина. Најмногу станува збор за тоа да бидете сигурни дека ќе го извлечете максимумот од секоја капка. Не правете компромис за продуктивноста. Со Volvo FH, можете да изберете од широк спектар на понуди за прилагодување на вашето идеално решение. Нашите погони се дизајнирани да заштедат гориво – притоа да даваат високи резултати. Покрај тоа, има уште повеќе решенија достапни за вашиот Volvo FH кои се дизајнирани да ги намалат вашите сметки за гориво уште повеќе. 

Мотори што не разочаруваат

Сите наши дизел мотори и мотори на гасен погон се прецизно издизајнирани за да штедат гориво – без притоа да ги загрозат перформансите. Нудат одлична управливост и ви овозможуваат да останете во највисок степен на пренос дури и на нагорнини, за да ја задржите брзината и да штедите гориво.

Прилагодете го Volvo FH на вашите потреби и ќе ја докаже ефикасната потрошувачка на гориво.

I-See – гледајте како се намалуваат сметките за гориво

I-See е контрола на возењето, која ги разбира вашите рути за заштеда на гориво. Користи информации за топографијата за да управува со брзината и промената на степените на пренос на начин што обезбедува најефикасно искористување на горивото. 

Повеќе за I-See 

Преносен однос за вашите задачи

Задната оска е последната алка во ефикасниот синџир. Со опремување со задната оска со вистинскиот сооднос за возење на долги растојанија, таа работи во совршена хармонија со моторот и преносот. Резултатот? Пониски вртежи. Покомфорно возење. И подобрена ефикасност во искористувањето на горивото.

Рамномерна брзина со I-Cruise

Интелигентен темпомат. I-Cruise ја приспособува вашата брзината за да се задржи потрошувачката на гориво на пониско ниво. Ова не само што помага за вашата продуктивност со одржување висока просечна брзина, туку, исто така, придонесува за побезбедно, покомфорно возење.

Лесно се тркала

Користењето на вистинските пневматици со правилен притисок поставени на правилно нагодени тркала и оски, може значително да ја намали вашата потрошувачка на гориво. Нашите студии низ Европа покажуваат дека два од три камиони имаат неправилно нагодени оски и тркала. Значи, може многу да се добие со многу мал напор.

Dynafleet – следете ја вашата ефикасност на искористување на горивото

Запознајте го нашиот систем за управување со возниот парк. Следете ја работата на вашите камиони и возачи во реално време и гледајте ги автоматски генерираните рангирања за ефикасно искористување на горивото. Потоа, направете споредби, забележете ги трендовите и спроведете профитабилни промени за штедење гориво.

Истражете го Dynafleet

Обука за возачи – мали промени, големи заштеди

Нашиот курс за ефикасно возење ви помага да го извлечете максимумот од секоја капка гориво. Дел од програмата на Volvo Trucks за развој на возачите, докажаниот систематски приод создава шеми на возење со ефикасно искористување на горивото и одржливи, долгорочни заштеди – и е најефикасен во комбинација со извештаите на Dynafleet.

Обука за возачи на Volvo 

ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО МАКСИМУМОТ ОД ВАШЕТО ГОРИВО

Вашиот продавач може да ви помогне да ја искористите најдобро секоја капка.