Карактеристичниот Volvo FH, каков што го знаете – најдоброто искуство во возењето на долги растојанија. Јасно е дека ова е следниот чекор во еволуцијата на камионите.
Обликот е позаоблен околу рабовите, а празнините помеѓу горниот и долниот преден дел се помали за подобра аеродинамика и ефикасност.
Но, она што јасно ја сигнализира еволуцијата е дизајнот на фаровите, кои му го даваат на Volvo FH својот препознатлив профил. Карактеристичните линии на фарот ја следат формата на кабината, продолжуваат околу предниот агол и се протегаат назад кон страните на кабината. Дури и кога е во мирување, очигледно е дека овој камион е направен со ефикасноста на прво место. Новите фарови се достапни во три верзии и не само што изгледаат добро – опремени се со подобри функции.
Ќе забележите и дека знакчето на предната страна е поголемо, а кога ќе се приближите да влезете, ќе забележите дека влезните скалила имаат алуминиумски навлаки. Детали што прават разлика.
Изберете помеѓу четири нивоа на надворешна декорација и стотици бои.
Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.
Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.
Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.
Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Доколку не може да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.