Камиони

Прилагодено на вашата продуктивност

Шасија на Volvo FH

Без оглед на вашите потреби за транспорт, сакате камион со шасија која е направена да ви помогне да се справите со сите задачи што ги имате. Ние ја прилагодуваме вашата шасија за да ве поддржиме да бидете успешни во работата – користејќи компоненти и системи кои гарантирано ќе работат без проблеми во иднината. Ова е работната опрема на која можете да и верувате.

Вашиот Volvo FH е прецизна алатка на патот. Може да добиете камион целосен со воздушна суспензија, за возење на долги растојанија и за градежништво. А, со Volvo динамичкото управување, тешко дека ќе пронајдете подобро ракување и чувство.

Можеме да ви направиме Volvo FH кој е подготвен да влече екстремни товари во тешки услови или лесен влекач за употреба на патот. И двата започнуваат од истиот концепт за шасија. Volvo FH честопати е синоним за транспорт со возење на долги растојанија со големо темпо – но, може уште повеќе да се прилагоди за уште потешки услови.

Повеќе за лесните камиони 

Истражете ги спецификациите на шасијата 

Кревање на тандем-оската

Користете ги кревањето на оската само кога е потребно. Кревањетo на тандем-оската дозволува најоддалечената погонска оска да се исклучи и подигне кога ќе се растоварите. Исто како и со tag-оска, значително е подобрен радиусот на вртење, намалено е абењето на гумите и намалена е потрошувачката на гориво.

Повеќе за кревање на тандем-оската

Камиони со пет оски

Превезувате тешки товари? Можете да добиете камион со пет оски, испорачан директно од фабриката. Ќе го забрзате вашиот камион и ќе ги намалите трошоците за прилагодување. Ќе добиете камион со целосно одобрение на типот на возило. Исто така, ќе добиете придобивки од целосна Volvo гаранција и од нашата постпродажна поддршка – што може да ги смали долгорочните оперативни трошоци.

Опции за брзо составување

Бројните опции за спецификација го прават вашиот Volvo FH брз и лесен за подготовка за секој тип надградби. Лесно е да го користите новиот модул за составувачите на каросерија, додека пак упатствата за составувачите на каросерија на Volvo овозможуваат онлајн пристап до сите потребни технички цртежи и шеми на ожичување. Сè за да ја прилагодите вашата операција.

Повеќе за упатствата од Volvo за составувачите на каросерија

ОТКРИЈТЕ ГО ЦЕЛОСНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ

Вашиот продавач ќе ви помогне да ја прилагодите вашата шасија за Volvo FH.