Камиони

спецификации на кабината за volvo fe

Димензии на кабината

Кабина Day

Кабина Day со комфорно и ергономско место за возачот. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 1.600 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Кратка кабина за спиење

Ниската кабина за спиење нуди дополнителен простор кој може да се опреми со кревет за едно лице или може да се користи како канцелариски простор со дополнителни прегради за складирање. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 2.000 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Кабина Sleeper

Кабина Sleeper со кревет за едно лице. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 2.200 милиметри, ширина 2.300 милиметри.

Кабина со низок влез

Кабина со низок влез, со низок праг и простор за еден или најмногу три патници со сигурносни појаси. Внатрешна висина 1.605 милиметри, должина 2.200 милиметри, ширина 2.300 милиметри. Понудено со врата на совозачот на преклопување.

Одлики на кабината

Суспензија на кабината
Механичка суспензија напред и назад: пружина и амортизер. Пневматско потпирање напред и назад: воздушни перници.

Седиште за возачот
Три различни нивоа на комфор: Comfort, Standard и Economy. Сите три имаат потпирач за грбот, нагодување по должина, висина и на навалувањето нанапред како и интегрирани потпирачи за главата.

Седиште за сопатникот
Достапни се три различни нивоа на комфор: Standard, Economy или Basic.

Бои на кабината
Достапна во 300 фиксни варијанти. Освен нив, можат да се нарачаат дополнителни бои адаптирани од корисникот.

Волан
Воланот има дијаметар од 460 милиметри или 500 милиметри, во зависност од конфигурацијата на камионот, и може пневматски да се нагодува во саканата положба.


Систем на климатизација
Системот за греење на кабината е достапен во две варијанти: само грејач со рачна контрола, или грејач и климатизер со рачна контрола. Исто така, на располагање е систем за греење на паркинг од 2 kW којшто може да се специфицира како опција.


Отвор на кровот
Кабината може да се опреми со отвор на покривот што може да се отвора до 50 милиметри. Достапен е како стаклен или челичен. Со отворот може да се ракува рачно или електрично.


Тапацир на седишта
Комфорно платно.


Тапацир на ѕидови
Комфорно платно.

Загревање на кабината
Системот за греење на кабината е достапен во две варијанти: само грејач со рачна контрола, или грејач и климатизер со рачна контрола. Исто така, на располагање е систем за греење на паркинг од 2 kW којшто може да се специфицира како опција.

Внатрешен простор за складирање
Внатрешноста на кабината има мноштво практични, лесно достапни прегради за складирање на документи и лични предмети. Има две единици за складирање над прозорецот, како и четири DIN-прегради. Како опции можат да се специфицираат и неколку разни кутии за складирање, кутии во форма на тунел (tunnel boxes), подлога за пишување и закачалка за облека.

Свирки
Постои избор од два дополнителни вида на свирки, електрични или пневматски – две пневматски свирки монтирани на покривот или една електрична под хауба.

Кревет
Креветот се нуди во еден или во два дела и широк е 580 милиметри или 780 милиметри. Како опција има заштитна летва на креветот.

Кабина со низок влез
Кабината со низок влез на FE има лесен пристап со врата што се отвара 90 степени. Доаѓа во две верзии, со рамен под или тунел за моторот, прегледноста за возачот е одлична и, се разбира, поради тоа што е Volvo, безбедноста е на врвно ниво.

Чувствувајте се како дома

Раскомотете се. Пробајте го седиштето. Креветот. Погледнете во сите ормарчиња. Нема да поверувате колку простор има.