Компактен, самоуверен и непогрешлив Volvo. Volvo FE совршено се вклопува на улица. Препознатливите светла во облик на V, големите прозорци и ниската кабина покажуваат дека ова е камион Volvo направен за урбана средина.
Можете јасно да видите дека Volvo FE е изграден за урбана употреба. Димензиите на надворешната кабина се компактни и без оглед на моделот на кабината, позицијата на возење е блиску до улицата. На возачкото седиште ја имате најдобрата можност за визуелен контакт со другите учесници во сообраќајот. И ако сакате да бидете уште поблиски до земјата, тука е кабината со низок влез.
Изберете помеѓу четири различни модели на кабини. Секој со своја специјалност во зависност од тоа дали сакате навистина компактен формат на кабина, ви треба повеќе внатрешен простор или барате навистина низок влез.