Камиони

По ваша мерка и вашите потреби

Шасија на Volvo FЕ

Volvo FE нуди флексибилна шасија која може да се прилагоди за широк опсег на задачи. Резултатот е лесна, но доволно цврста шасија и за најтешките товари. Неверојатно издржлива. Затоа, без оглед кој е вашиот бизнис, има Volvo FE што ќе одговара.

Робусна, но флексибилна

Шасијата на Volvo FE може да се конфигурира речиси за секаква надградба. Цврстиот и крут, квадратен, рамен дизајн овозможува лесно составување каросерија и решение што ги задоволува дури и најсложените операции - без разлика дали избирате електричен, гасен или дизел погон.

По мерка, подготвена или стандардна

Шасијата на Volvo FE може да се нарача со стандарден распоред. Но, ако навистина сакате да му олесните на составувачот на каросерија, можете да ја нарачате со комплетот за подготовка, или дури и целосно приспособена на вашите специфични потреби.

Помалку време кај составувачите на каросеријата

Нарачајте го вашиот Volvo FE и составувачот на каросерија може веднаш да се најави на Инструкциите од Volvo за составувачите на каросерија. Користејќи ги точните спецификации и 3D цртежите на системот, работата може да започне дури и пред камионот да ја напушти фабриката. Така, испораката е побрза, но и поекономична.

Инструкции од Volvo за составувачите на каросерија

За специјални примени

Шасијата може да се приспособи за специфични примени, како на пример, за транспортери на отпад, за цистерни и дигалки. Компонентите, како резервоарите за гориво и за AdBlue, се преместени со цел оптимизација на шасијата.

Задни оски

На располагање се четири различни задни оски во разни комбинации. Капацитетот на носивост се движи од 13 до 23 тони.

Висина на рамката

Во зависност од моделот, на располагање се две секции на рамка со висини од 266 mm и 300 mm со дебелина од 7 или 8 mm.

Алатници

Опремете го вашиот Volvo FE со два посебни алатници во коишто ќе чувате ремени за прицврстување на товарот и друга опрема. Големи се 55 и 125 литри.

Trailing оски

Бирајте меѓу два типа на trailing – фиксна tag оска со единично или двојно тркало, или хидраулички управувана tag оска со единични тркала. Двата дизајна ја имаат опцијата за функција за подигнување кога не се превезува товар.

Внатрешна облога на рамката

На возилата со три оски има внатрешна облога за зајакнување на местото околу инсталацијата на задната оска.

Предни оски

Достапни се четири предни оски, за кои не е потребно одржување, со максимален капацитет за товарање од 7,1, 7,5, 8,0 или 9,0 тони.

Доволно енергија

Електричен, гас или дизел? Без разлика, имате неколку опции за складирање на енергија. Електрични камиони со 3 или 4 батерии кои содржат 200–265 kWh, 6 или 8 резервоари за гас, помеѓу 160 и 630 литри дизел.

Имате прашање?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го има одговорот. Наминете, јавете се или побарајте да ве посетат.